Евроспорт
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Eurosport (мак. „Евроспорт“) е паневропска телевизија управувана од француска телевизиска мрежа ТФ1. Мрежата на каналите е достапна во 59 земји, на 20 различни јазици, обезбедувајќи гледачи кои следат преноси ос европски и интернационални спортски настани. Eurosport за првпат почна да емитува сигнал на европските сателити на 5 февруари 1989 година.
Спортски настани
уредиEurosport обезбедува гледачи кои следат преноси од европски и интернационални спортски настани. Тука се вклучени и УЕФА Лига на Шампиони, УЕФА Куп, Релито Париз - Дакар, Релито Монте Карло, Олимпијадата, велосипедски трки како што се Ле Тур Де Франс и трките на Британскиот Премиерен Календат, тениски настани како што се Френч Опен, Сони Ериксон ВТА-турнир, Светско првенство во Снукер, Светско првенство во крикет, Светскиот куп во крикет, Светското првенство во крикет, Австралиска Рагби Лига, зимски спортови и нови спортови како што се скејтинг и сурфање. Мрежата претходно ги покриваше и натпреварите од Европскиот Куп на Победниците на Куповите.
Мотоспорт
уредиEurosport е партнер со организаторот на Светското автомобилистичко првенство (ФИА) и Eurosport врши директен пренос на секоја трка. Пред 2006 година и организаторот на трките и самото првенство се претставувани од страна на Eurosport. Но, Eurosport го замоли организаторот на ФИА да го скратат времетраењето на трките од 3 часа на 2 часа. Тие го одбија барањето и оттогаш Eurosport нема откупено права за емитување на ова натпреварување. Во 2007 година, организаторот ги скрати автомобилските трки во првенството на 2 часа. Овој канал исто така пренесува настани и од Меѓународното рели-првенство, соперничко натпреварување со Светското рели-првенство. Од 2008 година, врши пренос и од годишните трки во 24 часа Ле Ман.
Историја
уредиEurosport почна со работа во 1989 година како резултат на заедничкото вложување на Европската Телевизиска Унија (European Broadcasting Union) и Скај Телевизија. Кога Скај ТВ е соедини со Британската Сателитска Телевизиска Мрежа (British Satellite Broadcasting), тие одлучија дека треба да се фокусираат на спортски програм на Скај 1 и Спортски канал, пуштена во употреба од Британската Сателитска Телевизиска Мрежа која го смени името во Скај Спортс. Eurosport се затвори во 1991 година по одбиената жалба на конкурентската телевизија Скринспорт (Screensport channel) до Европската Комисија поради корпоративната структура. Телевизијата беше спасена кога ТФ1 Групата одлучи БСкајБ Телевизија (BSkyB) да има заеднички сопственици. Новиот Eurosport канал можеше да емитува сигнал истиот месец. На 1 март 1993 година кабловскиот и сателитскиот канал Скринспорт се соедини со Eurosport. Eurosport на крајот доби нови сопственици, францускиот конзорциум, кој се состои од ТФ1 Групата, Канал Плус Групата и Хавас Имиџес (Havas Images). Од јануари 2001 година, мрежата целосно потпадна под сопственост на ТФ1. Eurosport моментално се емитува на дваесет јазици: англиски, француски, германски, италијански, шпански, португалски, холански, шведски, норвешки, дански, фински, руски, полски, чешки, унгарски, романски, бугарски, српски, грчки, турски, кантонски. Во мај 2007 година, Јаху (Yahoo), Европа и Eurosport формираа заеднички портал којшто Eurosport го користи како нејзин портал, вклучувајќи ТВ водич за Велика Британија, Шпанија, Италија и Германија. Во 2008 година, Eurosport пушти во употреба сервис за претплата преку интернет (наречен „Eurosport-изведувач“) кој им овозможува на интернет корисниците да ги гледаат Eurosport 1 и Eurosport 2 во живо, плус дополнителен пренос кој не е во можност да се следи на телевизија. Во текот на 2009 година, на тениските натпревари на Австралија Опен, интернет пристапот понуди покривање на директен пренос од пет тениски терени.
Ребрендирање во 2011 година
уредиНа 5. април 2011 година Eurosport го ребрендираше овој канал. Ребрендирањето воведе шест нови интернет станици, заедно со ново лого и презентирачки стил како пренос во живо, така и снимки. Новиот изглед на директни преноси беше дизајниран во Париз од компанијата Ле Телекреатурс (Les Telecreateurs). Сите локални канали на Eurosport го прифатија новиот начин на работа.
Преносот на Eurosport
уредиВо рамките на Европа, Eurosport е достапен на основен дигитален телевизиски сервис. Од 1999 година, Eurosport обезбедува различни сервиси кои пренесуваат релевантни спортски настани на одреден јазик, рекламирање и коментирање на натпревари. Eurosport нуди самостоен канал кој пренесува стандардизирана верзија на каналот Eurosport Панеуропеан (Eurosport Pan-European). Заедно со ова, тука се вклучени и каналите во Франција, Велика Британија, Италија, Германија, Полска, нордиските земји и делови од азискиот пацифик. Овие канали нудат поголеми спортски понуди на локално ниво, но и искористување на постоечкиот паневропски пренос.
Eurosport 2
уредиДополнителен канал кој овозможува повеќе спортски настани со директен пренос, емисии и најнови вести. Eurosport 2 беше пуштен во етерот на 10 јануари 2005 година и моментално е достапен во 35 земји, вршејќи перенос на 10 различни јазици: бугарски, англиски, француски, италијански, германски, грчки, унгарски, руски, полски, романски, српски и турски. Eurosport 2 самата себеси се опишува како “новата генерација на спортски канали” посветена на тимски спортови, алтернативни спортови, забава, вклучувајќи кошарка, крикет, Националната хокеарска лига на затворено, Американската рагби-лига на затворено, сурфање, Шампионска лига во одбојка, натпревари од Австралиската рагби-лига, Светско првенство во руски хокеј и др.
Eurosport HD
уредиНа 25 мај 2008 година беше пуштена верзијата на канолот Eurosport, но со висока резолуција.
Вести на Eurosport
уредиКанал за вести беше пуштен во етерот на 1 септември 2000 г, вклучувајќи резултати во живо, прикажување на најдобрите моменти, ударни вести и коментирање. Сервисот нуди видео, текст и графички подобрувања каде што екранот може да се подели на четири дела, видео дел, кој ги покажува најдобрите моменти и вестите, на дното код за ударни вести и делот за погодоците кој нуди длабински анализи на резултати и натпревари.
Британски Eurosport
уредиВо Велика Британија, British Eurosport беше пуштена во 1999 година, заменувајќи ја Eurosport International во многу полиња, со распоред и локален коментатор. Пуштањето и осмислувањето на програмската шема само за Велика Британија беше финансирана од Премиум ТВ, која не се мешаше во спортските канали, но добиваше дел од приходите. British Eurosport има студио за водење програма за големи спортски настани и турнири во живо.
Историја
уредиЏејмс Ричардсон претходно беше водител на фудбалската Серија А на каналот од 2002 година до 2005 година и 2004 година УЕФА Лига на Шампиони со гости во студиото вклучувајќи го Алан Карбишли, Диџеј Спуни, поранешните играчи на ФК Челси, Пол Елиот, Ед де Гај, Реј Вилкинс, Роберто ди Матео и поранешниот голман на Челси, Карло Кудичини, кој сега е член на Тотенхем Хотспур, поранешниот репрезентативец Лутер Блисет и европските спортски новинари Габриеле Маркоти и Кцавиер Ривоите. Вил Вандерс е познат по разиграните најави за кикбокс и ги поздравува гледачите на јапонски, корејски, кинески и тајландски за воведот на емисијата за боречки вештини во понеделниците навечер наречена Фајт Клуб. British Eurosport ги покрива натпреварите во снукер во текот на целата сезона, вклучувајќи и настани што не се покриени од страна на Би-Би-Си (BBC) Телевизија, како и Мастерсот во Шангај и Чајна Опен. British Eurosport има тројца коментатори за скејтинг: поранешните учесници на Зимските олимписки игри, Крис Хаувард и Ники Слејтер, ветеран - коментаторот Симон Рид, братот на глумецот Оливер Рид. Тур де Франс се коментира од страна на Дејвид Херман со велосипедистот - ветеран Шон Кели како технички експерт. На 10 февруари 2009 година, British Eurosport, почна со емитување на програма на 16:9 резолуција. По затворањето на Сетанта Спортс (Setanta Sports), правата за натпреварување во голф ги презеде British Eurosport.