Хајнрих Хауслер

германско-австралиски велосипедист

Хајнрих Хауслер (германски: Heinrich Haussler; р. 25 февруари 1984 во Инверел, Нов Јужен Велс, Австралија) — австралиски професионален друмски велосипедист со германско потекло, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Бахреин Викториус.[1]

Хајнрих Хауслер
Хауслер на Гран при д’Изберг 2014
Лични податоци
Цело имеХајнрих Хауслер
ПрекарБинс, Барби, Хајно
Роден25 февруари 1984(1984-02-25)(40 г.)
Инверел, Нов Јужен Велс, Австралија Австралија
Висина1,79 м
Маса71 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим Бахреин Викториус
Дисциплинадрумски и велокрос велосипедизам
Вид на возачспринтер
специјалист за класици
Професионални клубови
2005–2008
2009–2010
2011–2012
2013-2016
2017-
Геролштајнер
Сервело ТестТим
Гармин-Сервело
ИАМ Сајклинг
Бахреин-Мерида
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2009)
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2005)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2015)
Последна промена
31 октомври 2022

Освоил две етапи на големите трки во кариерата, една од Вуелта а Еспања 2005 и уште една на Тур де Франс 2009. Исто така е добар специјалист за класици, забележувајќи врвни резултати на познатите класици, но без победи. Во 2015 година станал национален друмски првак. Го освоил првенството Ал Салам на ОАЕ во 2022 година.

Кариера

уреди

Ран живот

уреди

Хауслер е роден од германски татко и австралиска мајка и пораснат во градот Инверел, Нов Јужен Велс, Австралија, пред да замине за Германија во 1998 на возраст од 14 години да го оствари сонот и да стане професионален велосипедист.[2][3]

Професионална кариера

уреди

Хауслер станал професионалец во 2005 и стекнал одредена слава со етапната победа на Вуелта а Еспања 2005. Хауслер остварил пет победи во 2006 и имал одлична кампања на класиците оттогаш. Сè повеќе станувал познат како возач за класици, во 2009 стигнал втор на обете трки, Трка околу Фландрија и Милано-Санремо, каде бил победен од Марк Кевендиш во фото-финиш. Исто така завршил на одличното 7. место на изданието 2009 на Париз-Рубе. Најголема победа досега на Хауслер е победата на етапата 13 во 2009 на Тур де Франс.[4] Хауслер живеел во Котбус од 1998, а од 2009 во Фрајбург.[2]

 
Хауслер вози во австралискиот национален дрес на Џиро д’Италија 2015

Тој бил државјанин на Австралија и Германија, но на трките настапувал под германска лиценца. Меѓутоа, во интервју од 2008 за CyclingNews.com, најавил дека повеќе нема да се трка за Германија и дека ќе настапи за Австралија на Светското првенство 2010 во Мелбурн. Кога го прашале дали би избрал да настапи за Германија на Светското првенство 2008 или на Олимпијадата 2008 тој изјавил, „Не би настапил. Доколку настапиш за една држава, во период од три години не смееш да настапиш за друга“.[5] Меѓутоа, UCI инсистирале, дека доколку Хауслер сака да настапи за Австралија, тој мора да се откаже од неговото германско државјанство, за кое велосипедистот во интервју во ноември 2009, кажал „не е отворено за дебата во овој момент“.[6]

Во јули 2010, Сервело Тест Тим објавиле дека дека Хауслер ќе се откаже од неговото германско државјанство и дека ќе вози за Австралија во иднина.[7] Меѓутоа, повредата на коленото го приморала Хауслер да се откаже од неговото меѓународно велосипедско деби за неговата држава на раѓање на Светското првенство 2010.[8]

На 26 август 2010, екипата на Хауслер, Сервело Тест Тим, ги потврдиле гласините дека екипата нема повеќе да постои по крајот на сезоната.[9] На 1 септември 2010 било објавено дека ќе се приклучи на Гармин-Сервело за сезоната 2011.[10][11]

На Трката околу Калифорнија 2012, Хауслер бил спречен да победи на првите четири етапи на трката од Петер Саган од екипата Ликвигас-Канондејл, кој го поразувал на целта секој пат. Завршил на второто место на секоја од тие етапи.[12]

Хауслер го напуштил Гармин-Шарп на крајот на сезоната 2012 и се приклучил кон новата екипа ИАМ Сајклинг во сезоната 2013.[13] Во 2015 година го освоил австралиското национално друмско првенство по првпат во неговата кариера.[14]

Исто така започнал да настапува во велокрос во 2019 година, а во 2021 година настапил на светското првенство во велокрос.[15][16]

Достигнувања

уреди
2002
1.   Национално јуниорско хронометарско првенство
2005
1. Етапа 19 Вуелта а Еспања
3. Краен пласман Трка околу Саксонија
7. Краен пласман Трка околу Долна Саксонија
7. Цири-Мецгете
2006
Вуелта а Мурсија
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 5
Сиркут Франко-Белж
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 3 Трка околу Рајнската област-Пфалц
3. Трофео Мајорка
6. Класика де Алмерија
2007
1. Етапа 1 Критериум ду Дофине Либере
4. Краен пласман Трка околу Долна Саксонија
1. Етапа 5
10. Трка околу кулата Хенингер
2008
1. Етапа 1 Трка околу Баварија
9. Гент-Вевелгем
2009
1. ГП Триберг-Шварцвалд
Тур де Франс
1. Етапа 13
  Награда за борбеност на етапа 13
Волта ао Алгарве
1. Етапа 1
1. Етапа 5
1. Етапа 2 Париз-Ница
2. Краен пласман Трка околу Катар
1.   Спринтерски пласман
1.   Пласман за млад возач
2. Милано-Санремо
2. Трка околу Фландрија
2. Класици Нојзен
3. ГП Кантон Аргау
4. Дварс дор Вландерен
4. Шпаркасен Џиро Бохум
6. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
1. Етапа 5
7. Париз-Рубе
8. Омлоп Хет Ниувсблад
2010
1. Етапа 2 Тур де Свис
2. Омлоп Хет Ниувсблад
3. ГП Кантон Аргау
9. Краен пласман Трка околу Катар
1.   Спринтерски пласман
2011
1. Етапа 2 Трка околу Пекинг
1.   Бодовен пласман Париз-Ница
2. Краен пласман Трка околу Катар
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3
7. Е3 Прејс Вландерен
2012
3. ГП Западна Франција
4. Омлоп Хет Ниувсблад
7. Ватенфал Класик
2013
1. Етапа 5 Трка околу Баварија
4. Гент-Вевелгем
4. Париз-Бурж
6. Трка околу Фландрија
6. Париз-Тур
2014
1. Етапа 1 Трка околу Баварија
3. Гран при д’Исберг
5. Париз-Тур
2015
1.   Национално друмско првенство
5. Даун Андер Класик
7. Париз-Тур
8. Краен пласман Трка околу Катар
9. ГП Кантон Аргау
10. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
2016
6. Париз-Рубе
7. Милано-Санремо
2019
10. Дварс дор Вландерен
2020
5. Краен пласман Трка Саудија
2021
4. Омлоп Хет Ниусблад
10. Париз-Рубе
2022
10. Класик Брухе-Де Пане

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
  Џиро 107 99
  Тур 129 126 97 СО 125
  Вуелта 53 92 СО 103 132

Распоред на резултатите на класиците и монументите

уреди
Монумент 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Милано-Санремо 35 129 2 18 68 13 68 80 7 33 106 157
Трка околу Фландрија 89 СО 107 90 2 61 30 6 26 СО 25 33 20 СО
Париз-Рубе 25 73 СО 58 6 СО 32 11 91 80 6 20 14 НСО 10
Лиеж-Бастоњ-Лиеж не настапил во текот на својата кариера
Џиро ди Ломбардија СО
Класик 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Омлоп Хет Ниусблад СО 8 2 4 19 79 33 66 22 4 22
Курне-Брисел-Курне 12 СО НСО 12 80 77 39 32 41
Дварс дор Вландерен 4 43 102 23 10 НСО 18 108
Е3 Харелбеке СО СО 16 СО 7 93 11 81 84 16 19 59 31 25
Гент-Вевелгем 11 9 СО 4 СО СО СО 49 СО 29 50
Хамбуршки класик 56 СО 7 59 18 15 не се одржала
Класик Бретања СО СО 3 29 13 11 85
Париз-Тур 42 СО 56 6 5 7

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Наводи

уреди
  1. „Bahrain Victorious“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
  2. 2,0 2,1 Millerd, Dane (21 јули 2009). „Heinrich asks Haus that?“. Inverell Times. Архивирано од изворникот на 2012-05-30. Посетено на 23 јули 2009.
  3. „Haussler wants his Aussie roots back“. Australian Broadcasting Corporation. 18 јули 2009. Посетено на 23 јули 2009.
  4. „Haussler seals maiden stage win“. BBC Sport. 17 јули 2009. Посетено на 18 јули 2009.
  5. „Vegemite for breakfast, Bratwurst for dinner“. Cycling News. 29 март 2008. Посетено на 24 март 2009.
  6. http://www.cyclingnews.com/news/haussler-still-hopes-to-ride-for-australia-one-day
  7. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-08. Посетено на 2012-08-27.
  8. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-02-26. Посетено на 2012-08-27.
  9. http://www.cyclingnews.com/news/cervelo-confirms-it-will-end-cycling-team/
  10. http://www.cyclingnews.com/news/garmin-confirm-six-more-signings-from-cervelo-for-2011
  11. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-09-12. Посетено на 2012-08-27.
  12. „Sagan nabs record-breaking seventh career Amgen win in Clovis“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 16 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-06-19. Посетено на 28 јули 2012.
  13. „ИАМ Сајклинг го објави составот за 2013“. Cycling News. Future Publishing Limited. 20 септември 2012. Посетено на 24 септември 2012.
  14. Вудпауер, Зеб (12 јануари 2015). „Once German, Haussler now Australian champion“. Cyclingnews.com. Посетено на 14 октомври 2015.
  15. „Heinrich Haussler“. Cyclocross24.com. Посетено на 31 January 2021.
  16. „UCI Cyclo-cross World Championships“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 31 January 2021.

Надворешни врски

уреди