Ваут ван Ерт

белгиски велосипедист

Ваут ван Ерт (холандски: Wout van Aert; р. 15 септември 1994 во Херенталс) — белгиски професионален велокрос и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[3]

Ваут ван Ерт
Ван Ерт на Париз-Рубе 2022
Лични податоци
Цело имеВаут ван Ерт
Роден15 септември 1994(1994-09-15)(30 г.)
Херенталс,  Белгија
Висина1,90 м[1]
Маса78 кг[2]
Податоци за клубот
Мом. клубЏамбо-Висма
Дисциплинавелокрос
друмски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возач
  • велокрос
  • универзален возач (друмски)
Аматерски клубови
2018–2019 Сибел-Себон Офроуд Тим
Професионални клубови
2013
2014–2016

2017-2018
2019-
Теленет-Фидеа
Вастгудсервис-Голден Палас
Верандас Вилемс-Крелан
Џамбо-Висма
Значајни победи
Велокрос

Серии

Светски велокрос куп UCI (2015–16, 2016–17, 2022-21)
БПост Банк Трофеј / ДВВ Трофеј (2014–15, 2015–16, 2016–17)
Велокрос Суперпрестиж (2015–16)

Еднодневни трки

Светски првенства (2016, 2017, 2018)
Национални првенства (2016, 2017, 2018, 2021, 2022)
Друмски

Големи трки

Тур де Франс
Бодовен пласман (2022)
9 поединечни етапи (2019, 2020, 2021, 2022)
1 ТТТ етапа (2019)
Награда за борбеност (2022)

Етапни трки

Трка околу Британија (2021)
Трка околу Данска (2018)

Еднодневни трки и класици

Национално хронометарско првенство (2019, 2020)
Национално друмско првенство (2021)
Милано-Санремо (2020)
Страде Бјанке (2020)
Гент-Вевелгем (2021)
Амстел Голд Рејс (2021)
Омлоп Хет Ниусблад (2022)
Е3 Саксо Банк Класик (2022, 2023)
Класик Бретања (2022)
Последна промена
11 ноември 2022

Ја освоил елитната трка на Светските првенства во велокрос во 2016 година,[4] 2017 година и 2018 година. Се приклучил на Џамбо-Висма[5] во март 2019 година со тригодишен договор[6] откако го раскинал неговиот договор со Верандас Вилемс-Крелан во 2018 година.

Кариера

уреди

Ван Ерт е роден во Херенталс, Фландрија, во семејство што не било вклучено во велосипедизам. Еден од братучедите на неговиот татко е поранешниот холандски професионален велосипедист Јос ван Ерт.[7] Ја започнал неговата кариера во велокрос каде станал светски првак (2016, 2017, 2018) и белгиски првак (2016, 2017, 2018, 2021, 2022).

Ван Ерт возел на Страде Бјанке 2018 одржана на патишта од чакал при пороен дожд. Се одвоил со Ромен Барде (АГ2Р-Ла Мондијал) и двоецот ја предводел трката во поголемиот дел од завршните 40 километри пред Тиш Бенот (Лото-Судал) да нападне од групата за да ги достине и да се одвои од нив во завршниот сектор на калливите патишта. Бенот сам стигнал на целта со 39 секунди пред Барде,[8] кој се одвоил од Ван Ерт во завршниот километар; Ван Ерт на крајот го заокружил подиумот со уште 19 секунди зад Барде, и покрај тоа што морал повторно да седне на неговиот велосипед по падот на последното искачување во Сиена.[8]

Контроверза со трансферот

уреди

Ван Ерт возел со екипата Верандас Вилемс-Крелан на друмските трки во 2018 година. Во текот на годината го изразил своето незадоволство што екипата ќе се спои со Ромпот-Недерландсе Лотереј за сезоната 2019. Откако потпишал договор да вози за Џамбо-Висма од 2020 година, го раскинал својот договор со Верандас Вилемс-Крелан во септември 2018 година. Ако се приклучел на друга екипа за 2019 година, Снајпер Сајклинг – сопственици на екипата Верандас Вилемс-Крелан – изјавиле дека ќе бараат пола милиони евра надомест. Лото НЛ-Џамбо објавиле дека се заинтересирани да потпишат со Ван Ерт една година порано од планираното,[9] и го потврдиле трансферот во декември 2018 година, а Ван Ерт се приклучил на екипата од 1 март 2019 година.[6]

Џамбо-Висма (2019-денес)

уреди
 
Ван Ерт ја носел белата маичка на Тур де Франс 2019

Во јуни 2019 година, Ван Ерт освоил две етапи и зелената маичка на Критериум ди Дофине, станувајќи национален хронометарски првак и го освоил бронзениот медал во друмската трка на државното првенство. Во јули 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[10] На 15 јули, Ван Ерт ја освоил десеттата етапа по исклучителниот спринт, завршувајќи пред Елија Вивијани и Кејлеб Јуан.[11] На 19 јули имал пад при поединечниот хронометар во По и бил принуден да ја напушти трката поради здобиените повреди. Потоа следел период на опоравување и му било укажано дека не е сигурно дека ќе биде подготвен за новата велокрос сезона или пак за сезоната на класици во друмскиот велосипедизам.[12]

Ван Ерт подоцна изјавил за весникот Het Laatste Nieuws дека падот бил толку тежок што можело да ја заврши неговата кариера, влошен поради грешка при неговата операција, кога докторите направиле грешка на една од неговите тетиви.[13][14] Во ноември 2019 година, Ван Ерт ја освоил наградата „Фландриец на годината“.[15]

На 1 август 2020 година, Ван Ерт ја освоил првата презакажана трка во Светската турнеја по пандемијата на КОВИД-19, Страде Бјанке откако нападнал сам на околу 13 километри до целта.[16] Следната седмица, Ван Ерт ја освоил повторно закажаната Милано-Санремо 2020 откако го претекнал францускиот возач Жилијан Алафилип, бранителот на титулата, од Декојнинк-Квик Степ, во меѓусебниот спринт, откако двоецот се одвоил од главната група на спустот од Поџо.[17] На 2 септември 2020 година ја освоил петтата етапа на Тур де Франс во лесен спринт на нагорнина. Исто така го освоил спринтот на седмата етапа. На Светското првенство 2020 во Имола, Ван Ерт го освоил сребрениот медал во обете дисциплини, поединечниот хронометар и друмската трка.

Ван Ерт ја започнал друмската сезона 2021 на 6 март на Страде Бјанке и завршил на четвртото место. Потоа возел на Тирено-Адријатико со желба за генерален пласман, освојувајќи ја воведната етапа во масовен спринт пред другите спринтери како Кејлеб Јуан и Елија Вивијани. По постојани и силни резултати на остатокот од трката, вклучувајќи ја победата на последната етапа, поединечен хронометар во должина од 10,1 километар, успеал да го освоил бодовниот пласман и да заврши втор во генералниот пласман зад освојувачот на Тур, Тадеј Погачар. По Тирено-Адријатико, Ван Ерт завршил трет на Милано-Санремо зад Јаспер Стејвен и Кејлеб Јуан. На 28 март, Ван Ерт спринтал за победа на Гент-Вевелгем. На 18 април, Ван Ерт ја освоил Амстел Голд Рејс по возбудливиот спринт кој бил одлучен од фото-завршница пред Том Пидкок.

На 7 јули, Ван Ерт ја освоил етапата 11 на Тур де Франс 2021 откако нападнал на последното искачување на Мон Венту на 32 километри до целта. Потоа, Ван Ерт изјавил дека оваа победа на таква важна планинска етапа била најголемата победа во неговата кариера. На 17 јули 2021 година, Ваут ван Ерт ја освоил етапата 20, која била поединечен хронометар во должина од 30,8 километри, со време од 35’ 53" (50,3 км/ч]. На 18 јули 2021 година, Ваут ван Ерт ја освоил завршната етапа на Тур де Франс 2021, со што ја освоил третата етапна победа на Тур, поминувајќи ја целта на Шанзелизе победувајќи ги Јаспер Филипсен кој завршил втор и Марк Кевендиш кој завршил трет. По трката, Ван Ерт изјавил дека „Претпоставувам си зададов себеси проблем бидејќи морам да бидам на лет вечерва (до Олимпијадата) и сите овие интервјуа ќе потраат... (но) да се одвојат овие три етапи е непроценливо“. Тој бил прв возач кој освоил планинска етапа, хронометар и масовен спринт на истиот Тур по Бернар Ино во 1979 година.[18]

На олимписката друмска трка завршил 1' 07" зад победникот Ричард Карапас, но го освоил спринтот во групата зад него, освојувајќи го сребрениот медал.[19]

Во септември 2021 година, Ван Ерт ја освоил Трката околу Британија.[20]

На Светското првенство го освоил сребрениот медал во поединечниот хронометар.[21]

Ван Ерт ја започнал друмската сезона 2022 со победа на Омлоп Хет Ниусблад откако направил соло-напад на 13 километри до целта.[22] Потоа го освоил хронометарот на Париз-Ница, како и бодовниот пласман.[23] На првиот монумент од годината, Милано-Санремо, Ван Ерт завршил осми. Подоцна го освоил Е3 Саксо Банк Класик во меѓусебен спринт со колегата Кристоф Лапорт со кого нападнале заедно на Патерберг на 40 километри до Харелбеке и ја завршиле трката со над минута и пол предност пред следната група.[24] Неколку дена пред Трката околу Фландрија, Ван Ерт добил позитивен тест за КОВИД-19 и бил принуден да го откаже учеството на Трката околу Фландрија и на Амстел Голд Рејс. По две недели без трки, Ван Ерт се вратил со второ место на Париз-Рубе.[25] Една недела подоцна завршил трет на неговиот прв настап на арденскиот монумент Лиеж-Бастоњ-Лиеж.[26]

Ван Ерт започнал на Тур де Франс 2022 со три втори места, вклучувајќи го воведниот хронометар, како и спринтовите на втората и на третата етапа. Неговите резултати биле доволно добри за да ги преземе жолтата и зелената маичка по втората етапа. Четвртата етапа се очекувало да биде уште еден масовен спринт, но на 10 километри до целта екипата Џамбо-Висма организирала напад на последното искачување на етапата. На врвот на искачувањето, Ван Ерт се одвоил и возел сам до завршницата, мавтајќи со рацете како да лета кога ја поминал целта.[27] Адам Блајт на Јуроспорт коментирал дека никогаш не видел напад како тој претходно, а Фил Лигет, аналитичар за американската телевизија NBC, изјавил дека нападот го потсетил на Еди Меркс.[28][29] Дотогаш, неговото водство во бодовниот пласман било значително. Петтата етапа на калдрмата била катастрофална за екипата, но благодарение на силниот настап на Ван Ерт кон крајот на етапата, загубите за екипата биле ограничени. Ја загубил маичката на шестата етапа откако се пуштил во успешно бегство, но на крајот бил достигнат и претекнат. Ја извозел етапата во најголем дел на чело на тричленото бегство и на крајот го добил црвениот број на седмата етапа за неговите напори. Осмата етапа делувала дека ќе биде освоена од бегство, но екипата Џамбо-Висма го држела темпото и го достигнала бегството на почетокот на последното искачување. Етапата завршила со масовен спринт на нагорнина кој го предводеле Мајкл Метјус и носителот на жолтата маичка, Тадеј Погачар. Ваут ван Ерт отпрвин делувал дека е блокиран, но кога наишол на отворен простор нападнал и никој не можел да ја следи неговата брзина. Ова било негова втора победа на овој Тур и негова осма поединечна етапна победа.[30] До крајот на втората седмица неговото водство во бодовниот пласман било речиси недостижно, кога Ван Ерт имал повеќе од двојно повеќе бодови од второпласираниот Погачар. На етапата 18, која завршувала со планинска завршница на Отакам, Ван Ерт нападнал на првиот километар. Бил достигнат но повторно нападнал на следните бегства и останал надвор од главната група цел ден. На последното искачување се одвоил од последните двајца бегалци, Тибо Пино и Даниел Мартинес.[31] Единствените двајца возачи кои биле пред него биле Погачар и Вингегор, кои ја зачувале жолтата маичка,[32] што значело дека доколку Ван Ерт и Вингегор стигнат во Париз, Џамбо-Висма ќе биде првата екипа која ќе ги освои жолтата и зелената маичка по 1997 година. Го освоил завршниот поединечен хронометар на етапата 20 и бил именуван како најборбен возач на целата трка.[33] На последниот ден во Париз ја поминал целта околу една минута по спринтерите, заедно со неговите преостанати колеги.

Личен живот

уреди

Ваут ван Ерт се оженил со Сара де Би во 2018 година и двојката го добила нивниот син, Џорџ во 2021 година.

Достигнувања

уреди

Велокрос

уреди
2011–2012
2.   Светско јуниорско првенство
2. Национално јуниорско првенство
2. Краен пласман Јуниорски Суперпрестиж
1. Велокрос Рудерворде
2012–2013
1. Краен пласман Суперпрестиж под 23 години
1. Велокрос Зонховен
1. Велокрос Гавере
1. Суперпрестиж Гитен
БПост Банк трофеј под 23 години
1. Слејтингспрејс Остмале
2. Краен пласман Светски куп под 23 години
3.   Светско првенство под 23 години
3. Државно првенство под 23 години
2013–2014
1.   Светско првенство под 23 години
1. Краен пласман БПост Банк трофеј под 23 години
1. Гран при ван Хаселт
1. Гран при Раумур
1. Азенкрос
1. Гран при Свен Нис
1. Краватенкрос
1. Национале велокрос Отегем
2. Краен пласман Светски куп под 23 години
1. Велокрос Намур
1. Гран при Номај
2. Краен пласман Суперпрестиж под 23 години
1. Велокрос Гавере
1. Вламсе Ардбејенкрос
1. Нордзекрос
2014–2015
1.   Европско првенство под 23 години
1. Краен пласман БПост Банк трофеј
1. Велокрос Копенберг
1. Болекескрос
1. Гран при Раумур
1. Азенкрос
1. Гран при Свен Нис
2. Гран при ван Хаселт
2. Краватенкрос
Светски куп
1. Коксејде
2. Хогерхајде
1. Верслујс Велокрос Бредене
1. Кастелкрос
1. ГП Стад Екло
1. Мол
1. Слејтингспрејс Остмале
2.   Светско првенство
Класици Судал
2. Јармаркткрос Нил
2. Мехелен
3. Државно првенство
3. Краен пласман Светски куп под 23 години
1. Намур
2. Фалкенбург
2. Хојсден-Золдер
Суперпрестиж
3. Вламсе Ардбејенкрос
3. Нордзекрос
Суперпрестиж под 23 години
1. Гитен
1. Зонховен
1. Гавере
1. Гран при де ла Регион Валон
2015–2016
1.   Светско првенство
1.   Државно првенство
1.   Краен пласман Супер куп
1. КросВегас
2. Кауберг Велокрос
2. Дејненкрос Коксејде
2. Велокрос Намур
2. Лињиер ан Бери
2. Гран при Адри ван дер Пул
1. Краен пласман Суперпрестиж
1. Суперпрестиж Гитен
1. Велокрос Зонховен
1. Велокрос Гавере
1. Гран при де ла Регион Валон
2. Велокрос Рудерворде
2. Вламсе Ардбејенкрос
3. Нордзекрос
1. Краен пласман БПост Банк Трофеј
1. ГП Марио де Клерк
1. Велокрос Копенберг
1. Болекескрос
1. Гран при Раумур
1. Схелдекрос Антверпен
1. Гран при Свен Нис
2. Васландкрос
3. Азенкрос
Класици Судал
1. Нерпелт
2. Мехелен
1. ГП Стад Екло
1. Стенбергкрос
1. Полдеркрос
1. Зилвермеркрос
2.   Европско првенство
2. Велокрос Нилс Алберт
2. Слејтингспрејс Остмале
2016–2017
1.   Светско првенство
1.   Државно првенство
1.   Краен пласман Супер куп
1. КросВегас
1. Џингл Крос
1. Гран при Ерик де Влеминк
1. Меморијал Романо Скоти
2. Кауберг Велокрос
2. Велокрос Зевен
2. Велокрос Намур
1. Краен пласман ДВВ Трофеј
1. ГП Марио де Клерк
1. Велокрос Копенберг
1. Гран при Раумур
1. Азенкрос
2. Болекескрос
2. Схелдекрос Антверпен
2. Гран при Свен Нис
2. Краватенкрос
2. Краен пласман Суперпрестиж
1. Гран при де ла Регион Валон
2. Суперпрестиж Гитен
2. Велокрос Зонховен
2. Велокрос Рудерворде
2. Велокрос Гавере
2. Суперпрестиж Дигем
2. Вламсе Ардбејенкрос
2. Нордзекрос
Брико Крос Трофеј
1. Герардсберген
1. Силвестеркрос
2. Полдерскрос
3. Вестингкрос
1. Ватерло
1. Кермискрос
1. Нилс Алберт
1. Слејтингспрејс Остмале
2. Зилвермеркрос
2. Вламсе Дрејвенвелддрит Оверејсе
3.   Европско првенство
2017-2018
1.   Светско првенство
1.   Државно првенство
2. Краен пласман Светски куп
1. Полдеркрос Зевен
1. Велокрос Намур
2. КросДенмарк
2. ГП Номај
2. ГП Адри ван дер Пул
3. Дејненкрос Коксејде
3. ГП Ерик де Влеминк
2. Краен пласман Суперпрестиж
1. Велокрос Бом
1. Велокрос Гавере
2. Суперпрестиж Гитен
2. Велокрос Зонховен
2. Велокрос Рудерворде
2. Суперпрестиж Дигем
3. Краен пласман Трофеј ДВВ
2. Фландриенкрос
2. Схелдекрос Антверпен
2. Азенкрос
2. ГП Свен Нис
3. Хотондкрос
Брико Крос
1. Верслујс Велокрос
2. Крос Екло
2. Полдерскрос
3. Беренкрос
Класици Судал
1. Васландкрос
1. Кермискрос
2. Велокрос Отегем
2018–2019
2. Краен пласман Светски куп
1. Велокрос Поншато
2. Светски куп Ватерло
2. Џингл Крос
2. Велокрос Берн
2. Дејненкрос Коксејде
2. Велокрос Намур
2. ГП Ерик де Влеминк
3. ГП Адри ван дер Пул
Суперпрестиж
2. Суперпрестиж Гитен
2. Велокрос Рудерворде
2. Велокрос Зонховен
3. Велокрос Гавере
Трофеј ДВВ
2. Схелдекрос Антверпен
2. Азенкрос
3. Копенбергкрос
Брико Крос
1. Бреденекрос
2. Мур ван Герардсберген
2. Беренкрос
2. Хотондкрос
1. Велокрос Ла Мезје
1. Кермискрос
2.   Светско првенство
2.   Европско првенство
2. Државно првенство
3. Амбианскрос
2019–2020
ДВВ Трофеј
1. Краватенкрос
2. Кастелкрос Зонебеке
2020–2021
1.   Државно првенство
1.   Краен пласман Светски куп
1. Дендермонд
1. Оверејсе
2. Намур
2. Хулст
3. Табор
Трофеј X²O Бадкамерс
1. Херенталс
2. ГП Свен Нис
2. Фландриенкрос
3. Урбан Крос
1. Мол
Суперпрестиж
2. Хојсден-Золдер
2.   Светско првенство
2021–2022
1.   Државно првенство
Светски куп
1. Вал ди Сол
1. Дендермонд
Суперпрестиж
1. Бом
1. Хојсден-Золдер
Трофеј X²O Бадкамерс
1. Азенкрос
1. ГП Свен Нис
1. Херенталс
Етијас Крос
1. Есен

Друмски велосипедизам

уреди
2012
4. Краен пласман Синт-Мартинуспрејс Контих
2014
8. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
2015
4. Омлоп Хет Ниусблад под 23 години
4. ГП Џеф Схеренс
2016
1. Схал Селс
2. Дварс дор хет Хагеланд
4. ГП Пино Черами
8. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Пролог
2017
1. Ронде ван Лимбург
1. Велосипедски класик Брухе
1. ГП Пино Черами
2. Схалс Селс
2. Рад ам Ринг
3. Дварс дор хет Хагеланд
10. Краен пласман Трка околу Белгија
2018
1.   Краен пласман Трка околу Данска
1. Етапа 2
3.   Европско друмско првенство
3. Страде Бјанке
8. Антверпен Порт Епик
9. Трка околу Фландрија
10. Гент-Вевелгем
2019
Национални првенства
1.   Хронометар
3. Друмска трка
Критериум ди Дофине
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 4 (ITT)
1. Етапа 5
Тур де Франс
1. Етапа 2 (ТТТ)
1. Етапа 10
2. Е3 Бинкбенк Класик
3. Страде Бјанке
6. Милано-Санремо
2020
1.   Национално хронометарско првенство
1. Милано-Санремо
1. Страде Бјанке
Тур де Франс
1. Етапа 5
1. Етапа 7
Критериум ди Дофине
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
Светски првенства
2.   Друмска трка
2.   Хронометар
2. Трка околу Фландрија
3. Милано-Торино
8. Гент-Вевелгем
2021
1.   Национално друмско првенство
1.   Краен пласман Трка околу Британија
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 6
1. Етапа 8
1. Гент-Вевелгем
1. Амстел Голд Рејс
Тур де Франс
1. Етапа 11
1. Етапа 20 (ITT)
1. Етапа 21
  Награда за борбеност на етапа 15
2. Краен пласман Тирено-Адријатико
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 7 (ITT)
Олимписки игри
2.   Друмска трка
6. Хронометар
2.   Светско хронометарско првенство
2. Брабантсе Пејл
3. Милано-Санремо
4. Страде Бјанке
6. Трка околу Фландрија
7. Париз-Рубе
2022
1. Омлоп Хет Ниусблад
1. Е3 Саксо Банк Класик
1. Класик Бретања
Тур де Франс
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 4
1. Етапа 8
1. Етапа 20 (ITT)
  Награда за борбеност на етапите 6, 18 и на цела трка
Критериум ди Дофине
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 5
Париз-ница
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 4 (ITT)
2. Париз-Рубе
2. Класик БЕМЕР
2. Гран при Монтреал
3. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
4. Светско друмско првенство
4. Гран при Квебек
8. Милано-Санремо

Распоред на резултатите во генералниот пласман

уреди
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2019 2020 2021 2022
  Џиро
  Тур СО 20 19 22
  Вуелта
Распоред на резултатите на поважните етапни трки
Етапна трка 2019 2020 2021 2022
  Париз-Ница 32
  Тирено-Адријатико 2
  Волта а Каталуња НСО
  Трка околу Баскија
  Тур де Романди
  Критериум ди Дофине 47 32 49
  Тур де Свис НСО

Распоред на резултатите на класиците

уреди
Монумент 2018 2019 2020 2021 2022
Милано-Санремо 6 1 3 8
Трка околу Фландрија 9 14 2 6
Париз-Рубе 13 22 НСО 7 2
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 3
Џиро ди Ломбардија
Класик 2018 2019 2020 2021 2022
Омлоп Хет Ниусблад 32 13 11 1
Страде Бјанке 3 3 1 4
Е3 Саксо Банк Класик 2 НСО 11 1
Гент-Вевелгем 10 29 8 1 12
Дварс дор Вландерен 83 НСО
Брабантсе Пејл 2
Амстел Голд Рејс 58 НСО 1
Хамбуршки класик НСО 2
Класик Бретања 1
Гран при Квебек НСО 4
Гран при Монтреал 2

СО = се откажал; — = не учествувал; ДСК = дисквалификуван; НСО = не се одржала

Награди

уреди

Наводи

уреди
  1. „Team Jumbo-Visma - Wout van Aert“. Посетено на 12 November 2021.
  2. „Wout van Aert“. ProCyclingStats. Посетено на 15 јули 2019.
  3. „Jumbo-Visma“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2 January 2021. Посетено на 2 January 2021.
  4. „Van Aert takes emotional World Championship victory“. cyclingnews.com. 31 January 2016. Посетено на 31 January 2016.
  5. „Cheery Christmas for ambitious Team Jumbo-Visma“. Џамбо-Висма. Team Oranje Road BV. 21 December 2018. Архивирано од изворникот на 2019-04-13. Посетено на 4 January 2019.
  6. 6,0 6,1 „Van Aert joins Team Jumbo-Visma from March 2019“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 18 December 2018. Посетено на 4 January 2019.
  7. Nilsson-Julien, Olivier (5 January 2021). „Wout van Aert: Comeback Kid“. Rouleur. Посетено на 11 July 2021.
  8. 8,0 8,1 Виндзор, Ричард (3 март 2018). „Tiesj Benoot puts in super show of strength to win 2018 Strade Bianche“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 3 март 2018.
  9. „Wout van Aert's lawyer expects UCI to allow rider to race in 2019“. cyclingnews.com. 13 ноември 2018. Посетено на 13 ноември 2018.
  10. „2019: 106th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 1 јули 2019.
  11. http://www.cyclingnews.com/news/tour-de-france-van-aert-raises-his-own-bar-with-exceptional-sprint-win/
  12. „Tour de France: Van Aert crashes out of time trial“. cyclingnews.com. 19 јули 2019. Посетено на 5 септември 2019.
  13. Аудоре, Барт (4 септември 2019). „Wout van Aert mist zijn fiets: "Een klein toertje zou al deugd doen". Het Laatste Nieuws (холандски). Посетено на 5 септември 2019.
  14. Лонг, Џони (5 септември 2019). „Wout van Aert says Tour de France crash 'could have been the end of my career'. Cycling Weekly. Посетено на 5 септември 2019.
  15. „Van Aert wins Flandrien of the Year award“. cyclingnews.com. 5 November 2019. Посетено на 8 November 2019.
  16. O'Shea, Sadhbh; Ostanek, Daniel; Frattini, Kirsten (1 August 2020). „Wout van Aert storms to victory at Strade Bianche“. CyclingNews. Посетено на 1 August 2020.
  17. Ostanek, Daniel (8 August 2020). „Wout van Aert wins thrilling Milan-San Remo“. CyclingNews. Посетено на 8 August 2020.
  18. Parker, Ian (18 July 2021). „Tour de France 2021: Tadej Pogacar wins as Mark Cavendish just misses out on stage record“. independent.co.uk. Архивирано од изворникот 2022-05-07. Посетено на 19 July 2021.
  19. Benson, Daniel. „Olympics: Richard Carapaz claims men's road race title“. Cycling News. Future. Посетено на 24 July 2021.
  20. Bull, Nick. „Olympics: Wout van Aert crowned Tour of Britain champion“. Tour of Britain. Архивирано од изворникот на 2022-11-14. Посетено на 14 September 2021.
  21. „Final Results / Résultat final: Men Elite Individual Time Trial“. Tissot Timing. Tissot. 20 September 2021. Посетено на 19 September 2021.
  22. „Wout Van Aert takes solo victory at Omloop Het Nieuwsblad“. cyclingnews.com (англиски). 2022-02-26. Посетено на 2022-11-15. На |first= му недостасува |last= (help)
  23. „Van Aert moves into Paris-Nice lead with time trial victory“. cyclingnews.com (англиски). 2022-03-09. Посетено на 2022-11-15. На |first= му недостасува |last= (help)
  24. Ostanek, Daniel; Farr, Stephen (2022-03-25). „Van Aert, Laporte go 1-2 for Jumbo-Visma at E3 Saxo Bank Classic“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2022-11-15.
  25. Ryan, Barry; published, Daniel Ostanek (2022-04-17). „Dylan van Baarle wins thrilling Paris-Roubaix“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2022-11-15.
  26. Ryan, Barry (24 April 2022). „Remco Evenepoel wins Liège-Bastogne-Liège“. Cyclingnews.com. Посетено на 2 May 2022.
  27. Daniel Ostanek (2022-07-05). „Sprinters foiled by Wout van Aert on stage 4 of the Tour de France“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2022-07-05.
  28. Snowball, Ben (5 July 2022). „I'M IN SHOCK!' – WOUT VAN AERT LAUDED AFTER 'DEMOLISHING PELOTON' ON STAGE 4 AT TOUR DE FRANCE“. Eurosport. Посетено на 6 July 2022.
  29. „Wout van Aert wins Tour de France stage 4 in style, extends overall lead“. NBC. Associated Press. 5 July 2022. Архивирано од изворникот на 2022-07-05. Посетено на 6 July 2022.
  30. Weislo, Laura (9 July 2022). „Tour de France: Van Aert surges to stage 8 victory in Lausanne“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 9 July 2022.
  31. Ryan, Barry (21 July 2022). „Van Aert ends Pogacar's Tour de France hopes with decisive turn on Hautacam“. cyclingnews.com. Посетено на 22 July 2022.
  32. Poole, Harry (21 July 2022). „Tour de France - Vingegaard wins stage 18 - live text“. BBC Sport. Посетено на 22 July 2022.
  33. Cash, Dane (23 July 2022). „Wout van Aert named the Tour's most combative rider“. cyclingnews.com. Посетено на 23 July 2022.
  34. „Van Aert wins Flandrien of the Year award“. cyclingnews.com. 5 ноември 2019. Посетено на 8 ноември 2019.
  35. „Van Aert and Kopecky win 2020 Flandrien of the year“. Cyclingnews.com. 19 November 2020. Посетено на 4 December 2020.
  36. „Van Aert, Kopecky repeat as Flandrien of the year“. Cyclingnews.com. 26 October 2021. Посетено на 26 October 2021.
  37. „Wout van Aert verkozen tot Belgisch sportman van het jaar“. wielerflits (холандски). 18 December 2020. Посетено на 18 December 2020.
  38. „Wout van Aert and Nina Derwael are named Sportsperson of the Year“. nenroll-nenroll. 19 December 2021. Архивирано од изворникот на 2021-12-19. Посетено на 19 December 2021.
  39. „Wout van Aert wins National Trophy for Sports Merit“. alkhaleejtoday.co. 13 November 2020. Посетено на 4 December 2020.
  40. „Wout van Aert mag nu ook Vlaamse Reus in prijzenkast zetten“. Sporza website (холандски). 4 December 2020. Посетено на 4 December 2020.
  41. „Wout van Aert wint voor het eerst de Kristallen Fiets“. wielerflits (холандски). 17 December 2020. Посетено на 17 December 2020.
  42. "Verkouden" Wout van Aert en Lotte Kopecky winnen ook in 2021 de Kristallen Fiets“. wielerflits (холандски). 2 December 2021. Посетено на 2 December 2021.
  43. „Wout van Aert steekt ook Superstrijdlust op zak, de meest strijdvaardige renner van de Tour“. Sporza (холандски). 23 July 2022.

Надворешни врски

уреди