Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“

австралиска велосипедска трка

Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ (позната и како Голема океанска друмска трка или Друмска трка Кедел) — годишна професионална велосипедска еднодневна трка за мажи и жени, која почнувала и завршувала во Гилонг, Викторија, Австралија, движејќи се долж сликовитиот Голем океански пат.

Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
За трката
Датумјануари-февруари
РегионАвстралија
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја UCI (2017-)
Видеднодневна трка
Историја
Прво издание2015 (2015)
Изданија6 (2020)
Прв победник Џани Мерсман (БЕЛ)
Најмногу побединема повеќекратни победници
Неодамнешен победник Дрис Девенинс (БЕЛ)

Првата трка била одржана во 2015 година како трка за збогување за Кедел Еванс, единствениот победник на Тур де Франс и на Светското друмско првенство од Австралија.[1] Изданието во 2017 година било додадено на Светската турнеја по првпат.[2][3]

ТекУреди

Трката за мажи е долга 174 километри, додека женската трка е долга 113 километри. Трката започнува во градот Гилонг во сојузната држава Викторија минувајќи низ родниот град на Еванс Барвон Хедс на полуостровот Беларин, поминувајќи до познатата сурферска плажа Белс Бич и долж Големиот океански пат. Потоа, трката се упатува кон ридовите до Гилонг за три круга пред завршницата.[1]

ПобеднициУреди

Машка тркаУреди

ГодинаПобедникВторопласиранТретопласиран
2015    Џани Мерсман    Сајмон Кларк    Нејтан Хас  
2016    Питер Кенох    Ли Хауард    Николо Бонифацио  
2017    Никијас Арнт[4]    Сајмон Геранс    Камерон Мајер  
2018    Џеј Мекарти    Елија Вивијани    Дарил Импи  
2019    Елија Вивијани[5]    Кејлеб Јуан    Дарил Импи  
2020    Дрис Девенинс    Павел Сиваков    Дарил Импи  
2021  откажана

Женска тркаУреди

Возач Тим
2015   Нилан, РејчелРејчел Нилан (АВС)   Билдинг Чемпионс Сквад
2016   Спрат, АмандаАманда Спрат (АВС)   Орика-АИС
2017   ван Влетен, АнемикАнемик ван Влетен (ХОЛ)   Орика-Скот
2018   Хоскинг, КлоиКлои Хоскинг (АВС)   Але-Чиполини
2019   Сиера, АрленисАрленис Сиера (КУБ)   АСА
2020   Липерт, ЛијанеЛијане Липерт (ГЕР)   Тим Санвеб

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Cadel Evans Great Ocean Road Race 2015“. Cyclingnews.com.
  2. „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. Посетено на 2 октомври 2016.
  3. „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. Посетено на 2 октомври 2016.
  4. (en) Nikias Arndt narrowly wins 2017 Cadel Evans Great Ocean Road Race, cyclingnews.com, 29 јануари 2017.
  5. (en) Viviani beats Ewan to Cadel Evans Great Ocean Road Race, cyclingnews.com, 27 јануари 2019.

Надворешни врскиУреди