Берт-Јан Линдеман

холандски велосипедист

Берт-Јан Линдеман (холандски: Bert-Jan Lindeman; р. 16 јуни 1989) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма. Неговиот постар брат Адри е исто така велосипедист,[1] кој вози за континенталната екипа Метек во Холандија.

Берт-Јан Линдеман
Линдеман на Тур де л’Ен 2014
Лични податоци
Цело имеБерт-Јан Линдеман
Роден16 јуни 1989(1989-06-16)(35 г.)
Емен,  Холандија
Висина1,80 м
Маса69 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЏамбо-Висма
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици
Аматерски клубови
2008
2008
2011
ВРВ Кролстоне-Педеларс
Асито Сајлингтим
Вакансолел-ДКМ (стажант)
Професионални клубови
2009
2010–2011
2012–2013
2014
2015-
Кролстоне Континентал Тим
Сајклинг Тим Јо Пилс
Вакансолел-ДКМ
Рабобанк Дивилопмент Тим
Лото НЛ-Џамбо
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2015)
Последна промена
24 јануари 2018

Кариера

уреди

Линдеман се натпреварувал како професионалец од 2009 и возел за КролСтонЕ и Сајклинг Тим Јо Пилс, пред да му се приклучи на Вакансолел-ДКМ во втората половина на 2011 како стажант.[2] Линдеман останал со Вакансолел-ДКМ по завршувањето на пробниот период и потпишал двегодишен договор од 2012.[3][4] Во март 2012, Линдеман ја постигнал неговата прва победа со екипата, освојувајќи ја Ронде ван Дренте, откако започнал бегство со Гијом Боавен (СпајдерТек-Ц10),[5] Линдеман го поминал Боавен за победа.[6]

Линдеман се приклучил на Рабобанк Дивилопмент Тим за сезоната 2014, откако неговата претходна екипа, Вакансолел-ДКМ, се распаднала на крајот на сезоната 2013.[7] Потоа се преселил во поголемата екипа Лото НЛ-Џамбо за сезоната 2015.[8] Линдеман ја освоил својата прва победа за екипата на Вуелта а Еспања 2015, освојувајќи ја седмата етапа од бегство.[9]

Достигнувања

уреди
2008
1. Ронд ван Гронинген
1. При де Фландрес Франсес
2. ПВЦ Зуденвелд Тур
8. Скандинавијан Опен Роуд Рејс
2009
2. Ронде ван Миден-Брабант
2. Ронде ван Лимбург
4. Дорпеномлоп дор Дренте
6. Тур де Сеул
2010
1. Стер ван Зволе
1. Етапа 3 Тур де Жиронда
2. Краен пласман Фестнингсритет
3. Ронде ван Харлемерлиде ен Спарнвуде
4. Трка околу Франкфурт под 23 години
10. Ронде ван Норд Холанд
2011
1. Хел ван Вурендал
4. Стер ван Зволе
4. Лиеж-Бастон-Лиеж под 23 години
10. Краен пласман Тур де Жиронда
2012
1. Ронде ван Дренте
1.   Планински пласман Етоал де Бесеже
3. Национално друмско првенство
2014
1.   Краен пласман Тур де Бретања
1.   Спринтерски пласман
1. Стер ван Зволе
2. Дварс дор Дренте
3. Ронде ван Дренте
6. Тро-Бро Леон
2015
1. Етапа 7 Вуелта а Еспања
2. Ронде ван Дренте
2017
1.   Пласман на активен возач Трка околу Полска
5. Брабантсе Пејл

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017
  Џиро 95
  Тур 94
  Вуелта 143 99 110

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. „Theo Bos wins Dwars door Drenthe“. Берт-Јан Линдемам (холандски). Vette Media. 9 март 2012. Посетено на 14 март 2012.
  2. „Lindeman trainee with Vacansoleil“. Algemeen Dagblad (холандски). De Persgroep. 9 јуни 2011. Посетено на 14 март 2012.
  3. Аткинс, Бен (3 јануари 2012). „Вакансолел-ДКМ претстави дванаесет нови возачи за 2012“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 14 март 2012.
  4. „Vacansoleil DCM sign Barry Markus and Bert-Jan Lindeman down: Two trainees sign two-year contracts“. Вакансолел-ДКМ (холандски). Vacansoleil Eindhoven. 14 септември 2011. Архивирано од изворникот на 2014-01-08. Посетено на 14 март 2012.
  5. „Линдеман победи на 50. Ронде ван Дренте“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. 10 март 2012. Посетено на 14 март 2012.
  6. „Lindeman outsprints Boivin to win Ronde van Drenthe“. Cycling News. Future Publishing Limited. 10 март 2012. Посетено на 14 март 2012.
  7. „Lindeman at Rabobank Team“. Nederlandse Omroep Stichting (холандски). Nederlandse Publieke Omroep. 27 ноември 2013. Посетено на 25 декември 2013.
  8. http://www.wielerupdate.nl/wielernieuws/28759/lindeman-gaat-rijden-voor-opvolger-van-belkin/[мртва врска]
  9. „Вуелта а Еспања: Линдеман ја освои етапа 7“. Cyclingnews.com. 28 август 2015. Посетено на 28 август 2015.

Надворешни врски

уреди