Пјер Лик Перишон

велосипедист

Пјер Лик Перишон (француски: Pierre-Luc Périchon; р. 4 јануари 1987) — француски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Фортунео-Самсик.[1]

Пјер Лик Перишон
Перишон на Брабантсе Пејл 2015
Лични податоци
Цело имеПјер Лик Перишон
Роден4 јануари 1987 (1987-01-04) (34 г.)
Бург ан Брес,  Франција
Висина1,82 м
Маса69 кг
Податоци за клубот
Мом. клубФортунео-Самсик
Дисциплинадрумски и велодромски
Улогавозач
Аматерски клубови
2008
2009–2011
Сен Вилбас ЦЦ
СКО Дижон
Професионални клубови
2012
2013–
Ла Пом Марсеј
Бретањ-Сеше анвиронман
Последна промена
26 септември 2018

КариераУреди

Перишон настапува како професионалец од почетокот на сезоната 2012,[2] потпишувајќи договор со екипата Ла Пом Марсеј во август 2011 година.[3]

Перишон бил член и на аматерските екипи Сен Вилбас ЦЦ[4] и СКО Дижон. Завршувајќи високо во пласманот на неколку домашни трки во текот на неговата кариера, Перишон ја освоил својата прва трка од Европската турнеја на UCI во април 2012 година, со победа на трката Париз-Камемберт.[5] Напаѓајќи на 45 километри пред целта во Камемберт, Перишон го освоил спринтот на тројца велосипедисти на целта пред возачот на Сор-Сожасен Сирил Беси и возачот на Бретањ-Шулер Жан Марк Бидо.[6] Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2015[7] и за Тур де Франс 2016.[8]

ДостигнувањаУреди

2003
1.   Национално јуниорско велодромско првенство во медисон
2004
1.   Национално јуниорско велодромско првенство во медисон
2005
2. Национално јуниорско велодромско првенство во бодовна трка
2006
2. Национално велодромско првенство во бодовна трка под 23 години
2007
3. Национално велодромско првенство во медисон
3. Национално велодромско првенство во бодовна трка под 23 години
2008
2. Тур ди Шароле
2. Национално велодромско првенство во медисон
2009
1. ГП Бланжи
3. Тур ди От Бери
7. Краен пласман Тур Алзас
8. Париз-Тур за младинци
2010
1. Боври ла Форе
1. Етапа 3 Тур де Франше Комте
5. Краен пласман Рона Алпи Изер
2011
1. Краен пласман Ле Букл де л’Артоа
1. ГП Бланжи
1. Етапа 5 Тур Ниверне Морван
2. Краен пласман Тур ди Лоар ет Шер
1. Етапа 2
2. Национално велодромско првенство во бодовна трка
2012
1. Париз-Камемберт
9. Краен пласман Етоал де Бесеж
2013
7. Краен пласман Тур де Бретањ
1. Етапа 7
7. Тро-Бро Леон
2014
4. Тро-Бро Леон
2015
5. Тро-Бро Леон
Тур де Франс
  Награда за борбеност на етапа 14
2016
1. Етапа 3 Тур де Савоја Монблан
9. Краен пласман Џиро ди Тоскана
2017
1. Дуо Норманд (со Антони Делаплас)
Тур де Савоја Монблан
1.   Планински пласман
1. Етапа 5
4. Национално друмско првенство
5. Краен пласман Три дена Де Пане
2018
1. Полинорманд
8. Европско друмско првенство
9. Тур ди Дуа

НаводиУреди

  1. „Бреат-Сеше Енвиронман (BSE) – ФРА“. UCI Continental Circuits. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 28 април 2013.
  2. Моран, Никола (19 јануари 2012). „La Pomme Marseille“. Velochrono.fr. Velochrono. Посетено на 10 април 2012.
  3. Гаше, Фредерик (5 август 2011). „Pierre-Luc Perichon neo-pro at La Pomme Marseille“. DirectVelo (француски). Association Le Peloton. Посетено на 10 април 2012.
  4. Гилсон, Михаел (1 септември 2008). „Pierre-Luc Perichon chooses SCO Dijon“. DirectVelo (француски). Association Le Peloton. Посетено на 10 април 2012.
  5. Вокер, Ли (10 април 2012). „Perichon shocks field in Camembert“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 10 април 2012.
  6. „Périchon gets the big cheese in Paris-Camembert“. Cycling News. Future Publishing Limited. 10 април 2012. Посетено на 10 април 2012.
  7. „Почетна список на Тур де Франс 2015“. Velo News. Посетено на 2 јули 2015.
  8. „2016 > 103rd Tour de France > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 30 јуни 2016.

Надворешни врскиУреди