Бен Свифт

англиски велосипедист

Бенџамин „Бен“ Ијан Свифт (англиски: Benjamin "Ben" Ian Swift; р. 5 ноември 1987) — англиски професионален велодромски и друмски велосипедист,[1] кој вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[2]

Бен Свифт
Бен Свифт на Трката околу Британија 2016
Лични податоци
Цело имеБенџамин Ијан Свифт
ПрекарСвифти
Роден5 ноември 1987(1987-11-05)(36 г.)
Ротерхем, Англија,  Обединето Кралство
Висина1,79 м
Маса65 кг
Податоци за клубот
Мом. клубИнеос Гренадиерс
Дисциплинавелодромски и друмски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Аматерски клубови
1999–2000



2007–2008
есен 2007
2007
Ешфилд РК
Мосли КРТ
Сканторп Поли КК
Кинезис
Recycling.co.uk
100% Ми
Барловорлд (стажант)
Професионални клубови
2009
2010–2016
2017-2018
2019-
Катјуша
Тим Скај
ОАЕ Абу Даби
Тим Скај
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Национален друмски првак (2019, 2021)
Последна промена
15 декември 2022

Свифт ја освоил дисциплината скреч на Светското велодромско првенство и друмските трки на Националното друмско првенство во 2019 и во 2021 година.[3][4] Неговиот братучед, Конор Свифт, е исто така англиски професионален друмски велосипедист и национален првак од 2018 година.

Животопис

уреди

Свифт е роден во Ротерхем, Јужен Јоркшир, тој започнал со велосипедизам со Мосли КРТ, на возраст од 12. Во 2003, стигнал втор на трката скреч на државното првенство зад олимпиецот Стивен Бурк. Како јуниорски возач, Свифт се натпреварувал на Комонвелтските јуниорски игри, земајќи ја бронзата за бодовната трка, како и две национални титули, бодовната трка на јуниорското првенство во 2004 и јуниорската скреч трка во 2005. Исто така се натпреварувал на сениорската скреч трка во 2005, покажувајќи ја неговото способност да заврши трет, освојувајќи ја бронзата. Свифт започнал да се натпреварува на меѓународно ниво, освојувајќи неколку трки за медисон. Во 2012, ја освоил трката скреч на светското првенство, станувајќи прв Британец, кој станал светски првак во скреч.

Кариера

уреди

Го направил неговото професионално друмско деби во август 2007 придружувајќи му се на Барловорлд како тренинг-партнер, со кои го освоил планинскиот пласман на Трката околу Британија.

Во текот на 2008 се натпреварувал за развојната екипа на Бритиш Сајклинг и ја освоил неговата прва рангирана трка од UCI. Ја претставувал Велика Британија на друмската трка на Олимписките игри 2008 и на Светското друмско првенство UCI, каде завршил четврти на друмската трка под 23 години.

Катјуша

уреди

По првенствата потпишал двегодишен договор со новата руска екипа Катјуша.[5]

Во 2009 бил избран да вози на Џиро д’Италиа. Свифт завршил трет на етапата 2 на Џиро д’Италиа. Исто така освоил етапа на Трката околу Британија. Свифт изјавил за CyclingNews во 2009, опишувајќи се себеси како „универзален возач, кој добро може да вози на класиците и да освојува етапи. 'Моја слабост е хронометарот. Не сакам да возам на хронометри и воопшто не сум добар на нив.'"[6]

Тим Скај

уреди
 
Свифт спринта за победа на етапата 5 на Тур де Романди 2011

Свифт му приклучил на новооснованиот британски тим Тим Скај во јануари 2010. Во текот на неговата прва сезона со Скај, најголемиот резултат за Свифт бил на Тур де Пикард, каде освоил една етапа, генералниот, бодовниот и пласманот за млад возач.

Свифт во 2011 ја освоил својата прва етапа на трка од Светската турнеја, победувајќи етапа на Тур Даун Андер во Аделаида. Четири дена подоцна исто така ја освоил и етапата шест. Свифт ја овоил етапата 2 на Трката околу Калифорнија и го зел водството на трката, откако првата етапа била откажана поради лошото време.[7] Свифт бил избран во екипата за Тур де Франс пред Грег Хендерсон,[8] и завршил шести на етапата 15.[9]

Во 2012, Свифт се фокусирал на велодромскиот велосипедизам и претставувањето на Велика Британија на Летните олимписки игри 2012. На 4 април, Свифт ја освоил трката скреч на Светското велодромско првенство и ја зел маичката виножито. Завршил втор на бодовната трка и ги здружил силите со Герајнт Томас за земање на среброто во медисон.

Свифт бил избран да вози на Џиро д’Италиа, но бил приморан да се откаже откако го скршил рамото во пад на еден тренинг една недела претходно.[10] Иако не успеал да биде избран од долгиот список за олимпискиот тим на Велика Британија, тој бил избран од екипата Скај да вози на Трката околу Полска, победувајќи на втората и петтата етапа, воедно освојувајќи го бодовниот пласман.[11] Свифт бил избран за спринтер на Скај за Вуелта а Еспања 2012, каде завршил втор на етапата 18.

Во март 2014, Свифт го остварил еден од најголемите резултати во неговата кариера, завршувајќи трет на Милано-Санремо.[12] Во април 2015 година, Свифт паднал на новосоздадената Тур де Јоркшир, повредувајќи го рамото.[13]

На 19 март 2016 година, Свифт завршил втор на Милано-Санремо, во тесен спринт со Арно Демар (ФДЖ).[14]

ОАЕ Тим Емирати

уреди

По седум сезони со Скај, во септември 2016 година, Свифт објавил дека ќе се приклучи на ОАЕ Тим Емирати со двегодишен договор од 2017 година со цел за нови можности за себе.[15]

Враќање во Тим Скај

уреди

Во октомври 2018 година потпишал да се врати во Тим Скај за сезоната 2019.[16] Во јуни 2019 година, Свифт го освоил националното друмско првенство, победувајќи го предводникот на екипата Ијан Станард.[17][18] Во септември 2019 година, Свифт потпишал нов договор за да остане со Тим Инеос до крајот на сезоната 2021. Свифт изјавил дека нашол обновен ентузијазам и мотивација за спортот.[19]

Достигнувања

уреди
2004
1.   Национално јуниорско велодромско првенство - бодовна трка
2005
1.   Национално јуниорско велодромско првенство - скреч
1. 2-дневен јуниорски медисон Ротердам
1. Ноќ 1
1. Ноќ 2
1. 3-дневен медисон под 23 години Дортмунд
2006
2.   Национално велодромско првенство - екипна потера
2007
1.   Европско велодромско првенство под 23 години - екипна потера
Џиро деле Реџиони
1.   Планински пласман
1. Етапа 4
1.   Планински пласман Трка околу Британија
3. Милано-Бусето
4. Гран Премио дела Либерационе
5. Европско друмско првенство под 23 години
7. Ла Кот Пикард
2008
1. Копа деле Паче
1. ГП Копа Ромита
1. Етапа 5 Џиро Сиклистико Вале д’Аоста
4. Светско друмско првенство под 23 години
4. Европско друмско првенство под 23 години
6. Гран Премио Индустри дел Мармо
10. Гран Премио дела Либерационе
2009
1. Етапа 7 Трка околу Британија
2. Нокере Курсе
8. Гран Премио ди Лугано
10. Гран Премио дел’Инсубрија-Лугано
2010
1.   Краен пласман Тур де Пикард
1.   Бодовен пласман
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 2
2.   Светско велодромско првенство - екипна потера
2011
1. Етапа 5 Вуелта а Кастиља и Леон
1. Етапа 5 Тур де Романди
1. Етапа 2 Трка околу Калифорнија
3. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 2
1. Етапа 6
2012
Светски велодромски првенства UCI
1.   Скреч
2.   Бодовна трка
2.   Медисон (со Герајнт Томас)
Трка околу Полска
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 5
4. Национално друмско првенство
2013
3. Национално хронометарско првенство
3. Трофео Палма де Мајорка
5. Трофео Сера де Трамунтана
10. Трофео Кампос-Сантањи-Сес Салинес
10. Класик РајдЛондон-Сари
2014
Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1а
1. Етапа 1б (ТТТ)
1. Етапа 5 Трка околу Баскија
2. Национално друмско првенство
2. Класик РајдЛондон-Сари
2. Трофео Сес Салинес
3. Трофео Муро-Порт д’Алкудија
3. Милано-Санремо
8. Нокере Курсе
2015
2. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2
3. Трофео Плаја де Палма
3. Класик РајдЛондон-Сари
7. Трофео Сантањи-СесСалинес-Кампос
9. Меѓународен друмски велосипедски предизвик
9. Јапонски куп
2016
1.   Бодовен пласман Вуелта а Андалусија
2. Милано-Санремо
7. Краен пласман Тур ди Поату Шарант
7. Џиро дел Пиемонте
8. Краен пласман Трка околу Британија
8. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
2017
5. Светско друмско првенство
5. Национално друмско првенство
10. Трка околу Франкфурт
2019
1.   Национално друмско првенство
2020
8. Курне-Брисел-Курне
10. Милано-Торино
2021
1.   Национално друмско првенство
3. Гран при де Денен
2022
8. Милано-Торино

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
  Џиро 127 113 18 66
  Тур 135 83
  Вуелта СО 121

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. „Биографија на British Cycling“. British cycling. Архивирано од изворникот на 2007-07-17. Посетено на 2012-07-18.
  2. „Ineos Grenadiers“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2 January 2021. Посетено на 2 January 2021.
  3. „HSBC UK │National Road Race Championships 2019“. British Cycling. Посетено на 22 October 2020.
  4. „Ben Swift and Pfeiffer Georgi win national road race titles“. BBC Sport. Посетено на 17 October 2021.
  5. Стивен Фаранд (2008-09-26). „Свифт импресионираше на неговата последна аматерска трка на Светските првенства“. Cycling Weekly. Архивирано од изворникот на 2008-12-05. Посетено на 2012-07-18.
  6. Сузан Вестемајер (2009-04-21). „Свифт ја започна неговата кариера“. CyclingNews.
  7. „Свифт победи на продолжениот почеток на Трката околу Калифорнија“. Reuters. 2011-05-17. Архивирано од изворникот на 2011-05-20. Посетено на 2012-07-18.
  8. Најџел Вин (2011-06-23). „Објавена екипата на Скај за Тур де Франс: Свифт избран“. Cycling Weekly. Посетено на 2012-07-11.
  9. Сајмон Мекмајкл на 17 јули 2011 (2011-07-17). „Tour de France Stage 15 reaction: Cav says green jersey not won yet, Swift feeling better as race goes on | road.cc | Road cycling news, Bike reviews, Commuting, Leisure riding, Sportives and more“. road.cc. Посетено на 2012-07-11.
  10. Cycling. „Giro d'Italia 2012: Ben Swift's training injury disrupts Team Sky's preparations but their focus remains“. Telegraph. Посетено на 2012-07-11.
  11. Cycling Weekly. „Бен Свифт победи на втората етапа на Трката околу Полска“. Посетено на 2012-07-11.
  12. „Резултати на Милано-Санремо“. Cycling News. Архивирано од изворникот на 2013-03-20. Посетено на 2016-01-28.
  13. Питер Косинс (1 мај 2015). „Tour de Yorkshire favourite Swift crashes out“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 1 мај 2015.
  14. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/ben-swift-on-milan-san-remo-second-is-the-worst-place-217478
  15. „Swift leaves Team Sky for two-year deal with Project TJ Sport“. cyclingnews.com. 26 септември 2016. Посетено на 28 септември 2016.
  16. Windsor, Richard (22 October 2018). „Ben Swift returns to Team Sky for 2019 season“. Посетено на 7 September 2019.
  17. „National Road Championships 2019: Ben Swift and Alice Barnes win maiden British titles“. bbc.co.uk. 30 June 2019. Посетено на 7 September 2019.
  18. Cary, Tom (30 June 2019). „Ben Swift bounces back from ruptured spleen to win National Road Championships, while Alice Barnes takes women's title“. The Telegraph. Посетено на 7 September 2019.
  19. „Ben Swift signs contract to stay with Team Ineos to end of 2021“. bbc.co.uk. 6 September 2019. Посетено на 7 September 2019.

Надворешни врски

уреди