Фернандо Гавирија

колумбиски велосипедист

Фернандо Гавирија Рендон (шпански: Fernando Gaviria Rendon; р. 19 август 1994) — колумбиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кое добро познат како спринтер, а вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.[2]

Фернандо Гавирија
Гавирија на Минстерланд Џиро 2018
Лични податоци
Цело имеФернандо Гавирија Рендон
Роден19 август 1994(1994-08-19)(30 г.)
Ла Сеја,  Колумбија
Висина1,80 м[1]
Маса71 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубОАЕ Тим Емирати
Дисциплинадрумски и велодромски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Аматерски клубови
2013–2015 Колдепортес-Кларо
Професионални клубови
→ 2015
2016-2018
2019-
Етикс-Квик Степ (стажант)
Етикс-Квик Степ
ОАЕ Тим Емирати
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Бодовен пласман (2017)
5 поединечни етапи (2017, 2019)
Тур де Франс
2 поединечни етапи (2018)

Еднодневни трки и класици

ГП Импанис-Ван Петегем (2016)
Париз-Тур (2016)
Последна промена
26 септември 2020

Тој е познат како спринтер. Возејќи за колумбиската екипа, Гавирија го привлекол меѓународното внимание на Тур де Сан Луис 2015, каде го поразил поранешниот светски првак Марк Кевендиш во две спринтерски завршници. Негови први победи на некоја голема трка се случиле на Џиро д’Италија 2017. Тој е брат на велодромскиот велосипедист Хулијана Гавирија.[3]

Кариера

уреди

Рана кариера

уреди
 
Гавирија освојува спринтерска победа на Тур де Сан Луис 2015

Пред друмската кариера, Гавирија ги освоил трките во омниум и медисон на Светското велодромско јуниорско првенство 2012.[4][5] Во 2014 година ја освоил друмската трка на Панамериканското првенство под 23 години.[6][7] Исто така, настапил на Тур де л’Авенир 2014. Иако не освоил етапа, победил во масовниот спринт зад бегството на првата етапа[8] и ја завршил трката втор во бодовниот пласман.[9][10] Подоцна, истата година, победил на трка омниум во Лондон, како дел од Светскиот велодромски куп.[11]

Прв поголем успех во друмскиот велосипедизам за Гавирија бил двете победи на Тур де Сан Луис 2015, една од поголемите трки на почетокот на сезоната. Освоил изненадувачка победа на првата етапа на трката, поведувајќи го својот спринт рано и поразувајќи го светскиот првак Марк Кевендиш од екипата Етикс-Квик Степ. Кевендиш по трката изјавил дека не слушнал за Гавирија пред трката.[12] Потоа, Гавирија ја освоил и третата етапа на трката, повторно победувајќи го Кевендиш.[13] На крајот, Кевендиш ја освоил завршната етапа, додека Гавирија завршил втор.[14]

По овие победи, имало извештаи дека неколку екипи го побарале Гавирија, вклучувајќи го Аг2р-Ла Мондијал, иако изјавил дека во сезоната 2015 ќе вози за колумбиската национална екипа.[15] ПОдоцна, извештаите навеле дека негова екипа за 2016 година најверојатно ќе биде истата екипа како на Кевендиш, Етикс-Квик Степ.[10] Исто така, било откриено дека Гавирија бил препорачен во 2014 година на Патрик Лефевр, менаџерот на Етикс-Квик Степ, но екипата одбила да потпише со него. По успехот на Гавирија на Тур де Сан Луис, Лефевр ова го нарекол „грешка“.[16] Во февруари 2015 година, Лефевр објавил дека Гавирија ќе помине тестови со Етикс-Квик Степ по Светското велодромско првенство, понатамошен чекор за договор во 2016. Лефевр исто така изјавил дека договорот не го спречува Гавирија да настапи на Летните олимписки игри 2016.[17] По овие тестови, Гавирија потпишал договор за 2016 со Етикс-Квик Степ, заедно со сонародникот Родриго Контрерас. Плановите на Гавирија да вози на Олимписките игри 2016 биле потврдени од Лефевр; исто така навел дека Гавирија можел да вози како стажант за екипата во текот на 2015 година.[18]

Во февруари 2015 година, Гавирија настапил за Колумбија на Светското велодромско првенство во омниум. Иако не освоил ниедна од шесте трки, сепак бил постојан. Во завршната бодовна трка, успеал да избие напред во првиот круг; подоцна успеал да го држи најблискиот соперник, Елија Вивијани, и да ја обезбеди крајната победа за освојување на виножито-маичката.[19][20]

Етикс-Квик Степ (2015-2018)

уреди
 
Гавирија по победата на четвртата етапа на Трката околу Британија 2017

Гавирија го имал своето деби за Етикс-КвикСтеп како стажант во август 2015 година на РајдЛондон-Класик Сари 2015.[21] Завршил осми, највисок пласман во екипата.[22] Негова следна трка за екипата била Трката околу Чешка, каде Етикс-Квик Степ ја освоиле првата етапа, екипен хронометар.[23] Следниот ден, Гавирија ја освоил својата прва поединечна етапна победа за екипата, победувајќи во помал масовен спринт.[24] По оваа трка, следела Трката околу Британија, каде Гавирија успеал да освои една етапна победа пред неколку спринтери како Андре Грајпел и Елија Вивијани.

Сезоната 2016 ја започнал силно како и претходната сезона. Го освоил екипниот хронометар со екипата и уште една етапа на Тур де Сан Луис. Подоцна, паднал на трката со што бил спречен од уште една победа. Во февруари, освоил етапа и бодовен пласман на новата трка Тур Ла Прованс. Во почетокот на март станал првиот возач кој освоил два златни медали во омниум на Светското велодромско првенство со одбрана на титулата од претходната година.[25] Ја освоил третата етапа на Тирено-Адријатико, негова прва победа во Светската турнеја.[26]

 
Гавирија по победата на четвртата етапа на Трката околу Британија 2017

Во 2017 година, бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017 и ја освоил третата етапа од Тортоли до Каљари во спринтерска завршница, освојувајќи ја розовата маичка.[27] Подоцна ги освоил етапите 5, 12 и 13 во масовен спринт, што го направило прв Колумбиец со четири етапи на едно издание на Џиро д’Италија.[28] Во јули 2018 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[29] Гавирија ја освоил првата етапа на Тур де Франс, започнувајќи го вториот ден во жолта маичка. Гавирија и другите спринтери како Андре Грајпел и Дилан Груневеген не успеале да ја завршат етапата 11, која била трета алпска етапа, во рамки на временската граница и биле елиминирани.[30] Гавирија ја скршил клучната коска на Трката околу Турција и морал да ја напушти трката, завршувајќи ја сезоната 2018. Кратко потоа било објавено дека Гавирија ќе се приклучи на екипата ОАЕ Тим Емирати на тригодишен договор од сезоната 2019.[31] Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019.[32]

Достигнувања

уреди

Велодромски

уреди
2012
1.   Светско велодромско јуниорско првенство - омниум
1.   Светско велодромско јуниорско првенство - медисон
2013
1.   Панамериканско велодромско првенство - омниум
2.   Панамериканско велодромско првенство - екипна потера
2014
1.   Средноамерикански и карипски игри - омниум
1.   Јужноамерикански игри - омниум
1. Коло 2 Светски велодромски куп - Лондон - омниум
2015
1.   Светско велодромско првенство - омниум
1.   Панамерикански игри - омниум
1.   Панамерикански игри - екипна потера
2016
1.   Светско велодромско првенство - омниум

Друмски

уреди
2013
1.   Боливарски игри - друмска трка
2014
1.   Панамериканско друмско првенство - друмска трка под 23 години
2.   Средноамерикански и карипски игри - поединечен хронометар
4. Средноамерикански и карипски игри - друмска трка
2015
1. Етапа 4 Трка околу Британија
Тур де Сан Луис
1. Етапа 1
1. Етапа 3
Трка околу Чешка
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 2
8. РајдЛондон-Класик Сари
8. Панамерикански игри - поединечен хронометар
9. Панамерикански игри - друмска трка
2016
Тур де Сан Луис
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 2
Тур Ла Прованс
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 3
Трка околу Полска
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 3 Тирено-Адријатико
1. ГП Импанис-Ван Петегем
1. Париз-Тур
2. Гран Пиемонте
2. Фландриско првенство
6. Гент-Вевелгем
7. Хале-Ингоигем
10. Дварс дор Вландерен
2017
1. Фландриско првенство
Џиро д’Италија
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Етапа 12
1. Етапа 13
Трка околу Гуангси
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 6
Вуелта а Сан Хуан
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 6 Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 Волта ао Алгарве
1. Етапа 4 Трка околу Британија
4. ГП Импанис-Ван Петегем
5. Милано-Санремо
8. Светско друмско првенство
9. Гент-Вевелгем
2018
Тур де Франс
1. Етапа 1
1. Етапа 4
Трка околу Калифорнија
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 5
1. Етапа 7
Колумбија Оро и Пас
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 1 Вуелта а Сан Хуан
2019
1. Етапа 3 Џиро д’Италија
Трка околу Гуангси
1. Етапа 1
1. Етапа 5
Вуелта а Сан Хуан
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 2 Трка ОАЕ
2. Три дена Брухе-Де Пане
4. Минстерланд Џиро
2020
1. Џиро дела Тоскана
Вуелта а Сан Хуан
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 7
1. Етапа 2 Вуелта а Бургос
1. Етапа 2 Тур ди Лимузен
7. Милано-Торино

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Fernando Gaviria - UAE team Emirates“. Архивирано од изворникот на 2019-02-02. Посетено на 15 July 2019.
  2. „UAE Team Emirates complete 2020 roster with re-signing of former world champion Rui Costa“. Cyclingnews.com. Future plc. 8 October 2019. Посетено на 3 January 2020.
  3. „Fernando Gaviria Rendon“. Cycling Archive. Посетено на 7 февруари 2015.
  4. „Колумбија го освои машкиот медисон“. Track Cycling News. Архивирано од изворникот на 2014-04-01. Посетено на 7 февруари 2015.
  5. „Гавирија Рендон го освои машкиот омниум“. Track Cycling News. Архивирано од изворникот на 2014-04-01. Посетено на 7 февруари 2015.
  6. „Double Tour de San Luis stage winner Gaviria narrows choice to two WorldTour teams“. CyclingTips. Посетено на 7 февруари 2015.
  7. „Champ. Panaméricain en ligne / Panamerican Champ. RR - MU - Classic“. ProCyclingStats. Посетено на 7 февруари 2015.
  8. „Скјерпинг ја освои првата етапа во Бриуд“. Cyclingnews.com. Посетено на 7 февруари 2015.
  9. „Мигел Анхел Лопес победи на Тур де л'Авенир“. Cyclingnews.com. Посетено на 7 февруари 2015.
  10. 10,0 10,1 „Etixx-Quick-Step favourite to sign Fernando Gaviria“. Cyclingnews.com. Посетено на 7 февруари 2015.
  11. „UCI Cyling Track World Cup - Trott, star of the final day“. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 7 февруари 2015.
  12. Рајан, Бери. „Тур де Сан Луис: Гавирија ја освои првата етапа во Вила Мерседес“. Cyclingnews.com. Посетено на 7 февруари 2015.
  13. Браун, Грегор. „Марк Кевендиш вторпат губи спринт на Сан Луис од Фернандо Гавирија“. Cycling Weekly. Посетено на 7 февруари 2015.
  14. Рајан, Бери. „Дијаз победи на Тур де Сан Луис“. Cyclingnews.com. Посетено на 7 февруари 2015.
  15. „News shorts: Gaviria courted by WorldTour, Greipel and Valverde to Mallorca“. Cyclingnews.com. Посетено на 7 февруари 2015.
  16. „Lefevere admits mistake in not offering contract to Gaviria last year“. CyclingTips. Cyclingtips.com.au. Посетено на 7 февруари 2015.
  17. Бенсон, Даниел (20 февруари 2015). „Gaviria set for Etixx tests as Lefevere talks about Cavendish's future“. Cyclingnews.com. Посетено на 20 февруари 2015.
  18. Рајан, Бери (24 февруари 2015). „Гавирија потпиша двегодишен договор со Етикс-КвикСтеп“. Cyclingnews.com. Посетено на 24 февруари 2015.
  19. „Men's Omnium / Omnium hommes: Current Standing“ (PDF). Tissot. 20 февруари 2015. Посетено на 20 февруари 2015.
  20. „Colombia's Gaviria wins men's omnium world title“. TenPlay.com.au. 21 февруари 2015. Посетено на 21 февруари 2015.
  21. „Кратки вести: Gaviria to debut with Etixx-Quickstep alongside Cavendish in RideLondon“. Cyclingnews.com. 2 август 2015. Посетено на 2 август 2015.
  22. „Prudential RideLondon & Surrey Classic 2015 - Classic“. ProCyclingStats. Посетено на 13 август 2015.
  23. „Czech Cycling Tour 2015 - Stage 1 (TTT)“. ProCyclingStats. Посетено на 13 август 2015.
  24. Blais, Jérémy (14 август 2015). „Tour de République Tchèque: Fernando Gaviria brille avec le maillot Etixx“. cyclingpro.net (француски). Посетено на 14 август 2015.
  25. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-01-06. Посетено на 2016-03-28.
  26. http://www.cyclingnews.com/races/tirreno-adriatico-2016/stage-3/results/
  27. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 2 мај 2017.
  28. http://www.steephill.tv/giro-d-italia/#spoiler
  29. „2018: 105th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 5 јули 2017.
  30. http://www.cyclingnews.com/news/gaviria-greipel-groenewegen-out-of-tour-de-france/
  31. http://www.cyclingnews.com/news/gaviria-signs-with-uae-team-emirates-for-three-years/
  32. „2019: 74th La Vuelta ciclista a España“. ProCyclingStats. Посетено на 23 August 2019.

Надворешни врски

уреди