Лук Роу
Лук Роу (англиски: Luke Rowe; р. 10 март 1990 во Кардиф) — велшки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[1]
Роу на Схелдепрејс 2015 | |
Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Лук Роу |
Роден | 10 март 1990 Кардиф, Велс, Обединето Кралство |
Висина | 1,85 м |
Маса | 72 кг |
Податоци за клубот | |
Мом. клуб | Инеос Гренадиерс |
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам |
Улога | возач |
Вид на возач | специјалист за класици |
Аматерски клубови | |
2006 2007 2008–2011 | Менди Флајерс Кардиф Ајакс Гленден/Бајк Тракс Recycling.co.uk Рафа Кондор-Recycling.co.uk |
Професионални клубови | |
2012– | Тим Скај |
Последна промена 16 јуни 2019 |
Животопис
уредиРоу започнал со возење велосипед на мала возраст, првично со неговите родители на велосипед тандем. Започнал да ужива во велосипедизмот и станал член на Менди Флајерс. Како младинец бил член на олимписката развојна програма на британската федерација. Неговиот брат Мет е исто така велосипедист, а неговиот татко Кортни Роу го подучува параолимпиецот Сајмон Ричардсон.
Велодромска кариера
уредиРоу го направил неговото европско деби како член на екипата за екипна потера, која го освоила златниот медал на Европското велодромско првенство 2007. Завршил втор на Европското друмско првенство 2008 и го освоил медисон, заедно со Марк Кристијан и среброто на екипната потера на Европското велодромско првенство 2008.[2]
Тим Скај (2012–)
уредиРоу се приклучил на екипата Тим Скај за сезоната 2012 како нов професионалец, потпишувајќи на две години.[3][4] Ја освоил својата прва професионална победа во септември 2012 година со победа на воведната етапа на Трката околу Британија. Негов прв настап на некоја голема трка го имал на Вуелта а Еспања 2013.[5]
Роу го претставувал Велс на Комонвелтските Игри во Глазгов 2014 година[6] и завршил шести на друмската трка, која ја освоил колегата Герајнт Томас. Роу возел на Вуелта а Еспања 2014 и му помогнал на Крис Фрум да заврши втор во генералниот пласман.
Роу имал силен почеток во сезоната 2015 со четврто место на Големата океанска друмска трка Кедел Еванс и седми на Трката околу Катар.[7] Потоа, Роу имал пробив на класиците, завршувајќи деветти на Омлоп Хет Ниусблад (на кој победил колегата Ијан Станард, тринаесетти на Е3 Харелбеке (каде победил колегата Герајнт Томас) и импресивното осмо место на Париз-Рубе, пред Бредли Вигинс (18.), кој ја возел последната трка за Скај.[8] Бил избран во составот на Скај за Тур де Франс 2015,[9][10] станувајќи третиот велшки возач кој настапил на Тур по Колин Луис и Герајнт Томас.[11]
Во август 2017 година, Роу ја скршил десната нога при скокање во плитка вода на забава во Прага.[12] Како последица не можел да настапи скоро една година.[13] Се вратил на трките порано од очекуваното со настап на крајот на февруари на Трката Абу Даби.[14]
Во февруари 2020 година, Роу потпишал нов договор со Тим Инеос, продолжувајќи го договорот со екипата до крајот на сезоната 2023.[15]
Достигнувања
уредиВелодромски
уреди- 2007
- 1. Европско јуниорско велодромско првенство - екипна потера
- 1. Национално велодромско првенство - медисон (со Адам Блајт)
- 1. Бодовен пласман Трка околу Велс јуниори
- 2008
- Европски јуниорски велодромски првенства
- 1. Медисон (со Марк Кристијан)
- 2. Екипна потера
- 1. Национално велодромско првенство - дерни
- 2. Европско јуниорско друмско првенство
- 2009
- 1. ЗЛМ Тур
- 2. Национално велодромско првенство - медисон (со Герајнт Томас)
- 6. Копа Коли Бријантеи Интернационале
- 2010
- 1. Национално велодромско првенство - медисон (со Марк Кристијан)
- 1. ГП Спортиви ди Поџана
- 3. ГП Индустри дел Мармо
- 4. ГП Палио дел Речото
- 5. Трка околу Фландрија за млади
- 6. Краен пласман Трка околу Берлин
- 8. Трофео Франко Балестра Меморијал Метели
- 9. Комонвелтски Игри - друмска трка
- 9. Комонвелтски игри - друмска трка
- 2011
- 1. Национално велодромско првенство - медисон (со Питер Кенох)
- 1. ЗЛМ Тур
- 1. Етапа 7 Трка околу Тирингија под 23 години
- 5. Краен пласман Тур де Норманди
- 8. Ла Кот Пикард
- 9. Краен пласман Трка Олимпија
- 2012
- 1. Етапа 1 Трка околу Британија
- Серија Револушн Трето коло
- 1. Скреч
- 1. Австралиска потера
- 2. Дуо Норманд (со Алекс Даусет)
- 2013
- Национални друмски првенства
- 5. Друмска трка
- 5. Хронометар
- 9. Краен пласман Трка околу Катар
- 2014
- Национални друмски првенства
- 4. Друмска трка
- 4. Хронометар
- 6. Комонвелтски игри - друмска трка
- 2015
- 1. Етапа 1 (TTT) Тур де Романди
- 4. Национално друмско првенство
- 4. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
- 7. Краен пласман Трка околу Катар
- 8. Париз-Рубе
- 9. Омлоп Хет Ниусблад
- 2016
- 4. Омлоп Хет Ниусблад
- 5. Трка околу Фландрија
- 2017
- 1. Етапа 2 Хералд Сан Тур
- 3. Курне-Брисел-Курне
- 5. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
- 6. Омлоп Хет Ниусблад
- 2018
- 1. Етапа 3 (ТТТ) Критериум ди Дофине
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
- 2019
- 6. Дварс дор Вландерен
- 6. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | не настапил во текот на неговата кариера | |||||||||
Тур | — | — | 136 | 151 | 167 | 128 | ДСК | 129 | СО | 106 |
Вуелта | СО | 141 | — | — | — | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал; ДСК = дисквалификуван
Распоред на резултатите на класиците
уредиМонумент | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | — | — | 130 | 91 | 98 | 146 | 103 | — | 118 | |
Трка околу Фландрија | — | 93 | 62 | 50 | 5 | 120 | ДСК | 27 | 50 | СО | |
Париз-Рубе | — | 109 | 31 | 8 | 14 | СО | СО | 32 | НСО | 66 | |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | СО | — | — | — | — | — | — | — | — | 134 | |
Џиро ди Ломбардија | не настапил во текот на неговата кариера | ||||||||||
Класик | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | |
Омлоп Хет Ниусблад | — | 53 | 11 | 9 | 4 | 6 | — | — | СО | — | |
Курне-Брисел-Курне | — | — | 120 | 51 | 84 | 3 | — | — | 63 | — | |
Е3 Харелбеке | — | 70 | СО | 13 | 23 | 15 | — | 54 | НСО | — | |
Гент-Вевелгем | — | 56 | СО | СО | 22 | СО | — | 18 | 12 | — | |
Дварс дор Вландерен | 64 | 36 | 66 | — | — | — | 22 | 6 | НСО | — |
СО = се откажал; — = не учествувал; ДСК = дисквалификуван; НСО = не се одржала
Наводи
уреди- ↑ „Ineos Grenadiers“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2 January 2021. Посетено на 2 January 2021.
- ↑ Енди Хауел (16 септември 2008). „Cycling: Young guns shine in Poland“. Wales Online. Посетено на 22 декември 2008.
- ↑ Owen, Gareth Rhys (5 September 2011). „Welshman Luke Rowe makes Team Sky switch“. BBC Sport Wales. BBC. Посетено на 6 January 2012.
- ↑ „Team Sky signs Rowe“. Cycling News. Future Publishing Limited. 5 September 2011. Архивирано од изворникот 27 December 2011. Посетено на 6 September 2011.
- ↑ „Vuelta a Espana: Luke Rowe sole Brit in Team Sky squad“. BBC. 20 August 2013. Посетено на 3 February 2017.
- ↑ „Commonwealth Games 2014: Olympic champion Geraint Thomas and world sprint star Becky James head up Welsh cycling team for Glasgow“. Wales Online. 9 July 2014. Архивирано од изворникот на 8 August 2014.
- ↑ Griffiths, Gareth (13 February 2015). „Cardiff cyclist Luke Rowe claims seventh place final finish on Tour of Qatar for Team Sky“. Посетено на 3 February 2017.
- ↑ „Luke Rowe: 8th in Roubaix a sign of things to come“. 12 April 2015. Архивирано од изворникот 5 March 2016. Посетено на 3 February 2017.
- ↑ Fotheringham, William (29 June 2015). „Tour de France: Luke Rowe among Froome's chaperones in Team Sky line-up“. The Guardian. Архивирано од изворникот 4 February 2017. Посетено на 3 February 2017.
- ↑ „2015 Tour de France start list“. Velo News. Архивирано од изворникот 29 June 2015. Посетено на 2 July 2015.
- ↑ „Tour de France 2015: Luke Rowe ecstatic at Tour selection“. BBC. 29 June 2015. Архивирано од изворникот 2 July 2015. Посетено на 10 September 2015.
- ↑ „Luke Rowe: Team Sky rider breaks leg on brother's stag party“. BBC Sport. 8 August 2017. Архивирано од изворникот 11 August 2017. Посетено на 11 August 2017.
- ↑ „Team Sky's Luke Rowe 'could miss a year' after rafting leg break“. BBC Sport. 9 August 2017. Архивирано од изворникот 11 August 2017. Посетено на 11 August 2017.
- ↑ „Rowe will return to racing with Team Sky at Abu Dhabi Tour“. Архивирано од изворникот 12 February 2018. Посетено на 11 February 2018.
- ↑ „Luke Rowe: Welsh cyclist signs Team Ineos contract extension“. BBC Sport. BBC. 20 February 2020. Посетено на 6 July 2020.
Надворешни врски
уреди„Лук Роу“ на Ризницата ? |
- Матична страница (англиски)
- Лук Роу на Твитер
- „Достигнувања на Лук Роу“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Лук Роу“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Лук Роу“. ProCycling.