Сем Бенет (велосипедист)

ирски велосипедист

Сем Бенет (англиски: Sam Bennett; р. 16 октомври 1990) — ирски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Декојнинк-Квик Степ.[2]

Сем Бенет
Бенет на Трка околу Келн 2018
Лични податоци
Цело имеСем Бенет
Роден16 октомври 1990 (1990-10-16) (29 г.)
Вервик,  Белгија
Висина1,78 м[1]
Маса69 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубДекојнинк-Квик Степ
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Аматерски клубови
2007–2010
2010
Вело-Клуб Ла Пом Марсеј
Франсес де же (стажант)
Професионални клубови
2011–2013
2014–2019
2020-
Ан Пост-Шон Кели
Тим НетАп-Ендура
Декојнинк-Квик Степ
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
3 поединечни етапи (2018)
Вуелта а Еспања
2 поединечни етапи (2019)

Еднодневни трки и класици

MaillotIrlanda.PNG Национален друмски првак (2019)
Минстерланд Џиро (2017)
Класика де Алмерија (2014)
Трка околу Келн (2014, 2018)
Париз-Бурж (2015, 2016)
Последна промена
23 јануари 2020

Станал професионален возач во 2011 година и има освоено пет етапи на големите трки: три етапи за Бора-Хансгрое на Џиро д’Италија 2018 и две етапи за Бора-Хансгрое на Вуелта а Еспања 2019.

КариераУреди

Рана кариераУреди

Бенет е роден во Вервик, Белгија, каде неговиот татко Мајкл играл фудбал за локалниот клуб Ендрехт Вервик. Се преселил со своите родители во родната Ирска на четири години, каде раните години ги поминал во Карик на Шур, родниот град на велосипедистот Шон Кели.[3][4][5]

Бенет бил примен во Вело Клуб ла Пом на 17 години и се приклучил на нив откако ја завршил третата година образование на Институтот за технологија Вотерфорд. Во 2009 година, Бенет возел по првпат на Рас Таилтеан. Во сезоната 2010, Бенет го освоил националното друмско првенство под 23 години на 19 години.

Ан Пост-Шон Кели (2011–2013)Уреди

Во 2011 година, Бенет го напуштил клуб и се приклучил на екипата Ан Пост-Шон Кели, под водство на менаџерот Курт Богертс. Повторно го освоил националното друмско првенство под 23 години и еднодневната трка ГП Стад Гел.

Следната година завршил десетти на Светското друмско првенство под 23 години и седми на Европското друмско првенство под 23 години.

Во 2013 година, Ан Пост-Чејн Реакшн станала професионална континентална екипа. Бил избран да ја претставува Ирска на Светското друмско првенство, заедно со Даниел Мартин, Николас Роуш и Метју Брамајер. Пред Светското првенство, настапувал на Трката околу Британија со екипата Ан Пост-Чејн Реакшн. Завршил втор зад Гералд Чолек од МТН Кубека на втората етапа, напаѓајќи на искачување од 15% на околу 400 метри пред целта, пред да биде претекнат од Чолек на последната рамнина. Подоцна, Бенет ја освоил петтата етапа, освојувајќи ја спринтерската завршница. Ја завршил трката со второ место на осмата етапа, губејќи од Марк Кевендиш.

НетАп-Ендура (2014–19)Уреди

2014 и 2015Уреди

Се приклучил на Тим НетАп-Ендура во 2014 година, Бенет ја остварил својата прва професионална победа на Класика де Алмерија и победил два пати во Германија: Трката околу Келн и петтата етапа на Трката околу Баварија.

Сезоната 2015 започнала за Бенет на Трката околу Катар, каде ја освоил завршната етапа. Бенет ја освоил првата и третата етапа на Трката околу Баварија, со што го освоил бодовниот пласман. Бенет бил вклучен во масовен пад на крајот на изданието 2015 на Схелдепрејс.[6] Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2015.[7] Завршил 16 етапи на трката пред да се откаже. Се вратил на трките на Арктичката трка на Норвешка и ја освоил втората етапа во Сетермун; завршил втор во бодовниот пласман зад Александер Кристоф. Бенет ја остварил својата последна победа во сезоната на Париз-Бурж во спринтерска завршница.

2016 и 2017Уреди

Во март 2016 година, Бенет ја освоил првата етапа на Критериум Интернасионал во Корзика. Резултатот на Тур де Франс 2016 бил спречен од пад при кој се здобил со скршени прсти на неговата десна рака, но сепак продолжил и ја завршил трката последен, на 174. место во генералниот пласман со 5 часа, 17 минути и 14 секунди зад победникот. На последната трка завршил меѓу најдобрите 10 во Париз. After recovering from his Tour injuries, Bennett went on to take a stage win at the Giro di Toscana, and won the points classification. The following month, he won his second consecutive Paris–Bourges.

На 7 март, Бенет ја освоил третата етапа на Париз-Ница 2017, пред Александер Кристоф, Џон Дегенколб, Марсел Кител, Мајкл Метјус, Арно Демар и Андре Грајпел во спринтерска завршница.[8][9][10] Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[11] Бенет освоил две етапи на Трката околу Словенија и бодовниот пласман. На Трката околу Чешка, повторно освоил две етапи и бодовниот пласман. Во септември ја освоил Минстерланд Џиро во фото-завршница. Во октомври, Бенет освоил четири од шест етапи на Трката околу Турција 2017.[12]

2018 и 2019Уреди

 
Бенет на Париз-Ница 2019, каде победил две етапи.

Сезоната 2018 ја започнал со настап на Тур Даун Андер 2018[13] и покрај својата болест.[14] Бенет завршил последен на првата етапа.[15] Бенет исто така започнал на Париз-Ница, но морал да ја напушти на третата етапа поради болест.[16]

На Волта а Каталуња, Бенет завршил втор на втората етапа. На 11 мај ја освоил својата прва етапа на некоја голема трка во спринт на седмата етапа на Џиро д’Италија.[17] На 17 мај ја освоил својата втора етапа на Џиро д’Италија станувајќи прв Ирец кој успеал во тоа во последните 30 години. Ја фатил главната група неподготвена и се одвоил на 400 метри пред целта на дванаесеттата етапа на патеката Имола.[18] Исто така, ја освоил и завршната етапа во Рим.[19]

Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019, прв настап на оваа голема трка.[20] На 26 август ја освоил третата етапа на Вуелта, негова прва победа на трката.[21] Исто така, ја освоил етапата 14, а завршил на второто место на четири други етапи; завршил трет на бодовниот пласман, зад другите фаворити Примож Роглич и Тадеј Погачар.

Декојнинк-Квик-СтепУреди

Во декември 2019 година, Бенет потпишал двегодишен договор со белгиската екипа Декојнинк-Квик Степ.[22]

ДостигнувањаУреди

2008
1. Европско јуниорско првенство - бодовна трка
1. Јуниорска трка Мартин Донели
2009
1. Алејнс ГП
1. Етапа 7 Ан Пост Рас
5. Национално друмско првенство под 23 години
2010
1.   Национално друмско првенство под 23 години
1. Етапа 4 Трка Рона-Изерски Алпи
7. Гран при де Вужи
8. Национално друмско првенство
8. Дижон-Оксон-Дижон
2011
1.   Национално друмско првенство под 23 години
1. ГП ван де стад Гел
5. Национално друмско првенство
2012
3. Трка околу Северна Холандија
8. ГП Стад Зотегем
9. Европско друмско првенство под 23 години
2013
1. Етапа 5 Трка околу Британија
Ан Пост Рас
1. Етапа 3
1. Етапа 8
1. Краен пласман Суир Вали 3 Ден
4. Схал Селс-Мерксем
4. Кернен Омлоп Ехт-Сустерен
6. Пејвелде Курсе
7. Дач Фуд Вали Класик
10. Омлоп ван хет Васланд
2014
1. Класика де Алмерија
1. Трка околу Келн
Трка околу Баварија
1.   Спринтерски пласман
1. Етапа 5
2. ПроРејс Берлин
5. Схелдепрејс
6. Класик Лондон-Сари
2015
1. Париз-Бурж
1. Етапа 6 Трка околу Катар
Трка околу Баварија
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 2 Арктичка трка на Норвешка
4. Трофео Плаја де Палма
10. Трофео Сантањи-СесСалинес-Кампос
2016
1. Париз-Бурж
1. Етапа 1 Критериум Интернационал
2. Трка околу Франкфурт
2. Трофео Феланит-Сес Салинес-Кампос-Поререс
4. Трофео Плаја де Палма
5. Краен пласман Џиро ди Тоскана
1. Етапа 2
7. Краен пласман Трка околу Катар
8. Гран при де Фурмје
2017
1. Минстерланд Џиро
Трка околу Турција
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5
Трка околу Словенија
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 4
Трка околу Чешка
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 3 Париз-Ница
2. Пиплс Чојс Класик
8. Класик Лондон-Сари
10. ГП Кантон Аргау
2018
1. Трка околу Келн
Џиро д’Италија
1. Етапа 7
1. Етапа 12
1. Етапа 21
Трка околу Турција
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 6
7. Трка околу Франкфурт
2019
1.   Национално друмско првенство
Трка БинкБенк
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
Трка околу Турција
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
Вуелта а Еспања
1. Етапа 3
1. Етапа 14
Париз-Ница
1. Етапа 3
1. Етапа 6
1. Етапа 3 Критериум ди Дофине
1. Етапа 7 Трка ОАЕ
1. Етапа 7 Вуелта а Сан Хуан
2. Класик Лондон-Сари
6. Европско друмско првенство
10. Трка околу Келн
2020
1. Тур Даун Андер

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 158 112
  Тур СО 174
  Вуелта 134

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „BORA - hansgrohe“. Посетено на 15 јули 2019.
  2. Рајан, Бери (31 декември 2019). „2020 Team Preview: Deceuninck-QuickStep“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 2 јануари 2020.
  3. Трејси, Сајан (8 октомври 2014). „I almost gave up on my pro cycling dream - Bennett“. independent.ie. Посетено на 25 февруари 2015.
  4. Кели, Силијан (28 јануари 2015). „Bennett aims to start with a bang at Qatar and Oman“. cyclingnews.com. Посетено на 25 февруари 2015.
  5. Кели, Силијан (28 јануари 2015). „Bennett aims to start with a bang at Qatar and Oman“. cyclingnews.com. Посетено на 25 февруари 2015.
  6. http://www.cyclingnews.com/news/scheldeprijs-finale-marred-by-mass-crash
  7. „2015 Tour de France start list“. Velo News. Посетено на 2 јули 2015.
  8. „A first Irish stage win at Paris-Nice for 28 years as Sam Bennett delivers career-high performance“. The 42. 7 март 2017. Посетено на 8 март 2017.
  9. „Ireland's Sam Bennett secures biggest win of his career in France“. Irish Independent. 7 март 2017. Посетено на 8 март 2017.
  10. „Nicolas Roche: 'Sam Bennett's won lots of pro races but today was the best by far'. Irish Independent. 7 март 2017. Посетено на 8 март 2017.
  11. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 2 мај 2017.
  12. „2017 Tour of Turkey“. Cycling News. 15 октомври 2017. Посетено на 17 октомври 2017.
  13. „Tour down under startlist“. Cycling Weekly. 8 јануари 2018. Посетено на 8 јануари 2018.
  14. „Sam Bennett struck down with before Tour Down Under“. Cycling Weekly. 8 јануари 2018. Посетено на 8 јануари 2018.
  15. „Tour Down Under Stage 1 results“. Cyclingnews.com. 16 јануари 2018. Посетено на 16 јануари 2018.
  16. „Ireland's Sam Bennett abandons Paris-Nice on stage 3“. 2018-03-06.
  17. 'I just went for it' - Sam Bennett on becoming the first Irishman in 30 years to win two Grand Tour stages“. The 42. 11 мај 2018. Посетено на 10 мај 2018.
  18. „Ireland's Sam Bennett wins final stage of Giro d'Italia in thrilling sprint finish“. The 42. 27 мај 2018. Посетено на 31 мај 2018.
  19. „Ireland's Sam Bennett wins final stage of Giro d'Italia in thrilling sprint finish“. The 42. 27 мај 2018. Посетено на 31 мај 2018.
  20. „2019: 74th La Vuelta ciclista a España“. ProCyclingStats. Посетено на 23 август 2019.
  21. „Double Irish celebration at Vuelta as Sam Bennett wins Stage 3 while Nicolas Roche keeps leader's jersey“. Irish Independent. 26 август 2019. Посетено на 27 август 2019.
  22. „Bennett describes QuickStep move as a 'dream come true'. The 42. 3 декември 2019. Посетено на 4 декември 2019.

Надворешни врскиУреди