Отвори го главното мени

Фабио Фелине

италијански велосипедист

Фабио Фелине (италијански: Fabio Felline; р. 29 март 1990 во Торино) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Трек-Сегафредо.[1]

Фабио Фелине
Фелине на Брабантсе Пејл 2015
Лични податоци
Цело имеФабио Фелине
Роден29 март 1990 (1990-03-29) (29 г.)
Торино,  Италија
Висина1,75 м
Маса65 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТрек-Сегафредо
ДисциплинаДрумски велосипедист
УлогаВозач
Вид на возачУниверзален возач
Аматерски клубови
2009 Де Нарди Даиго Бергамаска
Професионални клубови
2010–2011
2012–2013

2014–
Футон-Сервето-Фуџи
Андрони Џокатоли-Венецуела
Трек Фактори Рејсинг
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
Бодовен пласман (2016)

Еднодневни трки и класици

Трофео Лаигвелја (2017)
Гран при де Фурмје (2015)
Последна промена
15 декември 2018

КариераУреди

Во 2010, Фелине настапил прв пат на некоја голема трка на Тур де Франс за екипата Футон-Сервето-Фуџи. Тој бил најмладиот натпреварувач на трката во таа година.[2] Во 2012, Фелине го освоил полукласик во Италија, Џиро дел’Апенино. Бил најдобар во спринтот во група од 20 возачи.[3]

По две сезони со Андрони Џокатоли-Венецуела[4], Фелине ја напуштил екипата на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Трек Фактори Рејсинг.[1] На крајот на март 2015 година, Фелине ја освоил својата прва трка со новата екипа, краток индивидуален хронометар на Критериум Интернасионал.[5] Во април ја освоил втората етапа на Трката околу Баскија во масовен спринт пред Мајкл Метјус по претходната ридеста етапа.[6]

ДостигнувањаУреди

2010
1.   Краен пласман Сиркут де Лорен
1.   Бодовен пласман
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 2
1. Етапа 3
2011
1. Етапа 2a Трка Бриксија
2012
1. Џиро дел’Апенино
1. Меморијал Марко Пантани
2. Гран Премио Бруно Бегели
4. ГП Индустрија & Комерчо ди Прато
2013
1. Етапа 1a Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 2 Трка околу Словенија
6. Гран Премио Нобили Рубинетери
6. Сиркуито де Гечо
7. Меморијал Марко Пантани
2014
6. Гран Премио Чита ди Камаиоре
6. Гран Премио Нобили Рубинетери
10. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
2015
1. Етапа 2 Трка околу Баскија
1. Гран при де Фурмје
2. Класик Ла Дром
3. Краен пласман Критериум Интернасионал
1. Етапа 2 (ITT)
3. Класик Суд-Ардеш
4. Вуелта а Мурсија
5. Краен пласман Енеко Тур
5. Тре Вали Варезине
5. Трофео Лаигвелја
7. Класика Корзика
7. Брабантсе Пејл
8. Страде Бјанке
2016
1.   Бодовен пласман Вуелта а Еспања
2. Краен пласман Трка околу Полска
4. Трофео Лаигвелја
2017
1. Трофео Лаигвелја
2. Национално хронометарско првенство
4. Омлоп Хет Ниусблад
4. Краен пласман Тур де Романди
1. Пролог
2018
3. Национално хронометарско првенство
5. Краен пласман Трка околу Турција

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
  Џиро 50 43 96 32
  Тур СО СО
  Вуелта 105 25 61

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Salta il Gran Piemonte. Mercato: Felline alla Trek con Guercilena“, „La Gazzetta dello Sport“, RCS MediaGroup, 9 август 2013 (посет. 10 август 2013 г). (на италијански)
  2. Жан-Франсоа Кене. „Baby Felline to have a taste of the Tour de France“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 2 јули 2010 (посет. 7 јануари 2013 г).
  3. Felline wins the Giro dell'Appennino“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 15 април 2012 (посет. 6 јануари 2013 г).
  4. Фелине потпишал двегодишен договор со Андрони Џокатоли“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 17 ноември 2011 (посет. 14 јануари 2012 г).
  5. Етапа 2 на Критериум Интернасионал: Фелине го освоил индивидуалниот хронометар“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 28 март 2015 (посет. 28 март 2015 г).
  6. Спенсер Паулисон. „Felline is fabulous in Pais Vasco stage 2 sprint“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 7 април 2015 (посет. 8 април 2015 г).

Надворешни врскиУреди