Оливер Насен

белгиски велосипедист

Оливер Насен (холандски: Oliver Naesen; р. 16 септември 1990) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.[2]

Оливер Насен
Насен во 2020 година
Лични податоци
Цело имеОливер Насен
Роден16 септември 1990(1990-09-16)(34 г.)
Остенд,  Белгија
Висина1,84 м[1]
Маса71 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубАГ2Р Ситроен Тим
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици
Професионални клубови
2014
2014
2015
2016
2017-
Сибел
Лото-Белисол (стажант)
Топспорт Вландерен-Балоас
ИАМ Сајклинг
Аг2р-Ла Мондијал
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Национален друмски првак (2017)
ГП Западна Франција (2016, 2018)
Последна промена
23 ноември 2022

Сметан како специјалист за еднодневните класици го освоил националното друмско првенство во 2017 година,[3] како и Класик Бретања во 2016 и во 2018 година.[4] Тој е брат на велосипедистот Лауренс Насен.[5]

Кариера

уреди

2014–2016

уреди

Насен станал професионалец во август 2014 година како стажант на екипата Лото-Белисол, пред да се приклучи на Топспорт Вландерен-Балоас во 2015 година и на швајцарската екипа ИАМ Сајклинг во 2016 година.[6]

Настапил на својата прва голема трка на Тур де Франс 2016,[7] на која ја освоил наградата за борбеност на четвртата етапа.[8] Имал страшен пад на последната кривина на планинскиот хронометар на етапата 18, но го завршил Тур на 83. место.[9]

Неколку недели по Тур де Франс, победил на Класик Бретања; негова прва победа на трка од Светската турнеја.[10] Во септември завршил втор во генералниот пласман на Енеко Тур 2016 по силниот настап на завршната етапа до Герардсберген.[11] Неговите резултати му донеле избор во составот на Белгија за Светското друмско првенство, на кое завршил на 23. место.[12]

2017-денес

уреди

Кога велосипедската екипа ИАМ објавила дека ќе се распадне на крајот на сезоната 2016, Насен потпишал двегодишен договор со Аг2р-Ла Мондијал.[13] Пролетта 2017 година го потврдил неговиот статус како талент за класици со завршници меѓу првите десет на Омлоп Хет Ниусблад, Курне-Брисел-Курне, Е3 Харелбеке и Гент-Вевелгем. На Трката околу Фландрија бил во група од тројца зад предводникот Филип Жилбер, кога Петер Саган, кој ја водел групата, паднал на Ауде Кваремонт и ги повлекол Насен и Ван Авермат. Насен и Саган ги скршиле своите рамки на велосипедите, со што Насен ги изгубил шансите за подиум и завршил на 23. место.[14] Го освоил националното друмско првенство во 2017 година.[3]

Во 2018 година, Насен ги имал најдобрите резултати на Трката околу Фландрија и Париз-Рубе, завршувајќи на 11. место и на 12. место, соодветно. Во август, победил на Класик Бретања по вторпат во три години.[4]

Достигнувања

уреди
 
Несен ја носел маичката за национален првак на Тур де Франс 2017
2013
10. ГП ван ден Стад Гел
2014
3. Меморијал Ван Конингсло
4. Трка околу Лимбург
6. Бинше-Шиме-Бинше
6. Омлоп хет Ниусблад под 23 години
8. Гоиксе Пејл
9. Класик Хандзаме
10. Дрејвенкурс Оверејсе
10. Меѓународен велосипедски трофеј Јонг Мар Мудиг
10. Флеш Арденес
2015
1. Полинорманд
1. Гоиксе Пејл
2. Схал Селс-Мерксем
3. Гроте Прејс Стад Зотегем
3. Омлоп ван хет Васланд
5. Дрејвенкурс Оверејсе
6. Краен пласман Трка околу Луксембург
1.   Пласман за млад возач
7. Краен пласман Трка околу Белгија
10. Ле Самин
10. Тур де Вандеја
2016
1. ГП Западна Франција
1. ГП Лисјен ван Импе
2. Краен пласман Енеко Тур
2. Еурометропол
10. Бинше-Шиме-Бинше
  Награда за борбеност на етапа 4 на Тур де Франс
2017
1.   Национално друмско првенство
3. Е3 Харелбеке
3. Краен пласман Четири дена Динкерк
5. Краен пласман БинкБенк Тур
6. Париз-Тур
6. Дварс дор Вландерен
6. Тур л’Еурометропол
7. Омлоп Хет Ниусблад
8. Краен пласман Трка околу Белгија
8. Курне-Брисел-Курне
10. Класик Лондон-Сари
10. Бинше-Шиме-Бинше
2018
1. Класик Бретања
3. Трка околу Франкфурт
3. Бинше-Шиме-Бинше
3. Тур де л’Еурометропол
4. Е3 Харелбеке
4. ГП Монтреал
4. Париз-Тур
6. Гент-Вевелгем
9. Гран при д’Изберг
2019
2. Краен пласман БинкБенк Тур
1. Етапа 7
2. Милано-Санремо
2. Бинше-Шиме-Бинше
3. Гент-Вевелгем
3. Париз-Тур
7. Трка околу Фландрија
8. Е3 Бинкбенк Класик
8. Класик Лондон-Сари
10. Омлоп Хет Ниусблад
10. Јуроајс Класик
2020
7. Трка околу Фландрија
7. Омлоп Хет Ниусблад
10. Краен пласман Тур де Валони
2021
4. Е3 Саксо Банк Класик
7. Тро-Бро Леон
2022
2. Краен пласман Четири дена Денкерк
4. Омлоп Хет Ниусблад
7. Класик Бретања
8. Класик Примус

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
  Џиро не настапил во текот на својата кариера
  Тур 83 63 66 69 61 70 СО
  Вуелта не настапил во текот на својата кариера

Распоред на резултатите на класиците

уреди
Распоред на резултатите на монументите
Монумент 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Милано-Санремо 62 2 14 21
Трка околу Фландрија 35 22 23 11 7 7 33 41
Париз-Рубе 57 13 31 12 13 НСО 52 54
Лиеж-Бастоњ-Лиеж не настапил во текот на кариерата
Џиро ди Ломбардија
Распоред на резултатите на класиците
Класик 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Омлоп Хет Ниусблад 31 13 7 27 10 7 19 4
Курне-Брисел-Курне 25 77 8 11 43 23 16 20
Е3 Харелбеке 3 4 8 НСО 4 21
Гент-Вевелгем 32 СО 22 6 3 14 16 59
Дварс дор Вландерен 40 СО 6 СО 19 НСО 19 СО
Амстел Голд Рејс 92 35 13 93 28
Трка околу Франкфурт СО 3 16
Класик Бретања 1 СО 1 17 7
Гран при Квебек 68 17 14 20 НСО
Гран при Монтреал 15 16 4 36
Париз-Тур 32 27 25 6 4 3

Распоред на резултатите на првенствата

уреди
Настан 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021
  Светски првенства 23 73 33 СО
  Национални првенства 10 30 1 43 22 48 9

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Oliver Naesen - Equipe cycliste AG2R La Mondiale“. Архивирано од изворникот на 2020-09-27. Посетено на 10 јули 2019.
  2. „AG2R Citroën Team“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
  3. 3,0 3,1 „Belgian Road Championships 2017: Road Race - Men Results - Cyclingnews.com“. Посетено на 14 August 2017.
  4. 4,0 4,1 „Bretagne Classic 2018: le doublé historique d'Oliver Naesen (AG2R)“. Le Dauphiné libéré (француски). Посетено на 15 март 2019.
  5. „Two-year deal at Lotto Soudal for Lawrence Naesen“. cyclingnews.com. 26 септември 2017. Посетено на 26 септември 2017.
  6. „Leigh Howard, Vegard Stake Laengen and Oliver Naesen confirmed for IAM Cycling“. Cyclingnews.com. 28 септември 2015. Посетено на 14 ноември 2015.
  7. „2016 > 103rd Tour de France > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 30 јуни 2016.
  8. Бери, Рајан. „Tour de France: Kittel wins stage 4 in Limoges“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 15 март 2019.
  9. Бенсон, Даниел. „Tour de France: Froome seals third overall victory in Paris“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 15 март 2019.
  10. „Naesen takes surprise win at Bretagne Classic“. VeloNews. Pocket Outdoor Media. Посетено на 15 март 2019.
  11. Фаранд, Стивен. „Terpstra wins Eneco Tour as Dennis crashes out“. cyclingnews.com. Посетено на 15 март 2019.
  12. Вин, Најџел (16 октомври 2016). „Peter Sagan wins World Championships road race for second consecutive year“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 16 октомври 2016.
  13. „Oliver Naesen“. Посетено на 18 јули 2017.
  14. „Philippe Gilbert wins Tour of Flanders after epic solo break“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 2 април 2017. Посетено на 2 април 2017.

Надворешни врски

уреди