Светска турнеја на UCI 2021


Светска турнеја на UCI 2021 — низа трки предвидени во сезоната 2021, кои вклучувале дваесет и девет друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2021.[1] Турнејата започнала со воведната етапа на Трка ОАЕ на 21 февруари,[1] а завршила со Џиро ди Ломбардија на 9 октомври.

Светска турнеја на UCI 2021
Тринаесетто издание на Светска турнеја на UCI
Лого на Светската турнеја {!}alt=Logo
Лого на Светската турнеја
Поединости
Датуми21 февруари – 9 октомври
МестаКанада, Кина, Европа и Среден Исток
Трки29
2020
2022

Настани

уреди

Календарот за 2021 година бил објавен во есента 2020 година.[1]

Трки во Светската турнеја на UCI 2021[1]
Трка Датум Победник Втор Трет
  Трка ОАЕ 21–27 февруари   Тадеј Погачар (СЛО)   Адам Јејтс (ВБР)   Жоао Алмеида (ПОР)
  Омлоп Хет Ниусблад 27 февруари   Давиде Балерини (ИТА)   Џејк Стјуарт (ВБР)   Сеп Ванмарке (БЕЛ)
  Страде Бјанке 6 март   Матје ван дер Пул (ХОЛ)   Жилијан Алафилип (ФРА)   Еган Бернал (КОЛ)
  Париз-Ница 7–14 март   Максимилијан Шахман (ГЕР)   Александар Власов (РУС)   Јон Исагире (ШПА)
  Тирено-Адријатико 10–16 март   Тадеј Погачар (СЛО)   Ваут ван Ерт (БЕЛ)   Микел Ланда (ШПА)
  Милано-Санремо 20 март   Јаспер Стејвен (БЕЛ)   Кејлеб Јуан (АВС)   Ваут ван Ерт (БЕЛ)
  Волта а Каталуња 22–28 март   Адам Јејтс (ВБР)   Ричи Порт (АВС)   Герајнт Томас (ВБР)
  Класик Брухе-Де Пане 24 март   Сем Бенет (ИРС)   Јаспер Филипсен (БЕЛ)   Паскал Акерман (ГЕР)
  Е3 Саксо Банк Класик 26 март   Каспер Асгрен (ДАН)   Флоријан Сенешал (ФРА)   Матје ван дер Пул (ХОЛ)
  Гент-Вевелгем 28 март   Ваут ван Ерт (БЕЛ)   Џакомо Ницоло (ИТА)   Матео Трентин (ИТА)
  Дварс дор Вландерен 31 март   Дилан ван Барле (ХОЛ)   Кристоф Лапорт (ФРА)   Тим Мерлир (БЕЛ)
  Трка околу Фландрија 4 април   Каспер Асгрен (ДАН)   Матје ван дер Пул (ХОЛ)   Грег ван Авермат (БЕЛ)
  Трка околу Баскија 5–10 април   Примож Роглич (СЛО)   Јонас Вингегор (ДАН)   Тадеј Погачар (СЛО)
  Амстел Голд Рејс 18 април   Ваут ван Ерт (БЕЛ)   Том Пидкок (ВБР)   Максимилијан Шахман (ГЕР)
  Флеш Валон 21 април   Жилијан Алафилип (ФРА)   Примож Роглич (СЛО)   Алехандро Валверде (ШПА)
  Лиеж-Бастоњ-Лиеж 25 април   Тадеј Погачар (СЛО)   Жилијан Алафилип (ФРА)   Давид Годи (ФРА)
  Тур де Романди 27 април – 2 мај   Герајнт Томас (ВБР)   Ричи Порт (АВС)   Фаусто Маснада (ИТА)
  Џиро д’Италија 8–30 мај   Еган Бернал (КОЛ)   Дамијано Карузо (ИТА)   Сајмон Јејтс (ВБР)
  Критериум ди Дофине 30 мај – 6 јуни   Ричи Порт (АВС)   Алексеј Луценко (КАЗ)   Герајнт Томас (ВБР)
  Тур де Свис 6–13 јуни   Ричард Карапас (ЕКВ)   Ригоберто Уран (КОЛ)   Јакоб Фуглсанг (ДАН)
  Тур де Франс 26 јуни – 18 јули   Тадеј Погачар (СЛО)   Јонас Вингегор (ДАН)   Ричард Карапас (ЕКВ)
  Класика де Сан Себастијан 31 јули   Нилсон Паулес (САД)   Матеј Мохорич (СЛО)   Микел Фрелих Хоноре (ДАН)
  Трка околу Полска 9–15 август   Жоао Алмеида (ПОР)   Матеј Мохорич (СЛО)   Михал Квјатковски (ПОЛ)
  Вуелта а Еспања 14 август – 5 септември   Примож Роглич (СЛО)   Енрик Мас (ШПА)   Џек Хејг (АВС)
  Класик Бретања 22 август   Беноа Конфруа (ФРА)   Жилијан Алафилип (ФРА)   Микел Фрелих Хоноре (ДАН)
 /  БинкБенк Тур 30 август – 5 септември   Сони Колбрели (ИТА)   Матеј Мохорич (СЛО)   Виктор Кампенертс (БЕЛ)
  Ешборн-Франкфурт 19 септември[б 1]   Јаспер Филипсен (БЕЛ)   Џон Дегенколб (ГЕР)   Александер Кристоф (НОР)
  Париз-Рубе 3 октомври[б 2]   Сони Колбрели (ИТА)   Флоријан Вермерш (БЕЛ)   Матје ван дер Пул (ХОЛ)
  Џиро ди Ломбардија 9 октомври   Тадеј Погачар (СЛО)   Фаусто Маснада (ИТА)   Адам Јејтс (ВБР)

Откажани настани

уреди

Поради логистички проблеми поврзани со пандемијата на КОВИД-19 покренати од страна на екипите во однос на патувањето во Австралија (вклучувајќи ги строгите обврски за карантин), трката Тур Даун Андер (19–24 јануари) и трката Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ (31 јануари) биле откажани. Организаторите на Тур Даун Андер одржале домашен велосипедски фестивал со повеќе трки во разни дисциплини.[4][5] Во јуни, Гран при Квебек (10 септември) и Гран при Монтреал (12 септември) биле откажани поради пандемијата на КОВИД-19 во Канада.[6] Во август, Хамбуршкиот класик (15 август) и Трката околу Гуангси (14–19 октомври) биле откажани по барање на нивните соодветни организатори, поради пандемијата на КОВИД-19.[7]

Дополнително, од други причини, организаторите на Трката околу Калифорнија во САД, како и оние на Класикот Лондон-Сари во Велика Британија, не побарале регистрација на нивните трки во календарот 2021.[8]

Белешки

уреди
  1. Трката Ешборн-Франкфурт била закажана за 1 мај, но била одложена поради пандемијата на коронавирусот во Германија.[2]
  2. Трката Париз-Рубе била закажана за 11 април, но била одложена поради пандемијата на коронавирусот во Франција.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „The UCI reveals the 2021 calendars for the UCI WorldTour and UCI Women's WorldTour“. UCI. Посетено на 25 October 2020.
  2. „UCI. Ecco i calendari rivisitati del Worldtour maschile e femminile“ (италијански). 18 March 2021. Посетено на 3 April 2021.
  3. Farrand, Stephen (1 April 2021). „Paris-Roubaix postponed to October due to COVID-19 pandemic in France“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 1 April 2021.
  4. „From the ashes: Festival of Cycling rises from TDU and bushfires“. SBS Cycling Central. 23 December 2020. Посетено на 24 January 2021.
  5. „2021 Tour Down Under cancelled due to COVID-19 pandemic“. Cyclingnews.com. Future plc. 1 November 2020. Посетено на 1 November 2020.
  6. „GP Québec and Montréal cancelled due to COVID-19 pandemic“. CyclingNews. 10 June 2021. Посетено на 10 June 2021.
  7. „2021 Tour of Guangxi, Tour of Chongming Island and Hamburg Cyclassics cancelled due to COVID-19 pandemic“. Cyclingnews.com. Future plc. 4 August 2021. Посетено на 4 August 2021.
  8. „UCI Calendar 2021“. www.uci.org. 28 July 2020. Посетено на 1 January 2021.

Надворешни врски

уреди