Горка Исагире

шпански велосипедист

Горка Исагире Инчаусти (шпански: Gorka Izagirre Intxausti; р. 7 октомври 1987) — шпански професионален велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Астана Казахстан Тим.[2] Тој е брат на велосипедистот Јон Исагире.[3]

Горка Исагире
Горка Исагире на Лиеж-Бастон-Лиеж
Лични податоци
Цело имеГорка Исагире Инчаусти
Роден7 октомври 1987(1987-10-07)(36 г.)
Ормаизтеги,  Шпанија
Висина1,76 м[1]
Маса66 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубАстана Казахстан Тим
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2009
2010–2013
2014–2017
2018
2019-
Контентполис-Ампо
Еускалтел-Еускади
Мовистар Тим
Бахреин-Мерида
Астана
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2017)
Вуелта а Еспања
2 ТТТ етапи (2014, 2019)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2018)
Последна промена
17 мај 2020

Кариера

уреди

Заедно со брат му, потпишал за Мовистар Тим за сезоната 2014.[4] Јон заминал во екипата Бахреин-Мерида на почетокот на сезоната 2017.[5]

Мовистар (2014-2017)

уреди

Горка ја освоил трката Пруеба Вилјафранка де Орисија по третпат во неговата кариера во 2014 година. Негов прв пласман меѓу првите десет на етапна трка од Светската турнеја бил во 2015 година, кога завршил деветти на Париз-Ница. Во 2017 година, Горка имал фантастичен настап на Париз-Ница уште еднаш и завршил четврти. Подоцна во 2017 година, Горка ја освоил осмата етапа на стотото издание на Џиро д’Италија.

Бахреин-Мерида (2018)

уреди
 
Исагире на Тур де Франс 2018

Горка потпишал со екипата Бахреин-Мерида за сезоната 2018. Ја започнал сезоната со седмото место на Тур Даун Андер. Потоа, го освоил третото место на Трката околу Оман. Бил предводник на екипата заедно со брат му Јон на Париз-Ница. Нападнал на спустот со Јон на последната етапа и браќата сакале да завршат прв и втор, но и обајцата паднале на кривина при спустот, поради што ја изгубиле предноста и Горка завршил трет на трката.

Кон крајот на јуни, Горка завршил втор на националното хронометарско првенство и неколку дена подоцна го освоил друмското првенство. Учествувал на Тур де Франс како помошник за предводникот на екипата Винченцо Нибали, меѓутоа Нибали се откажал од трката на етапата 13, поради што Горка имал шанса да лови етапни победи. Успеал да се впушти во бегство на етапата 16 и завршил втор на етапата, 15 секунди зад етапниот победник Жилијан Алафилип.

Астана (2019-денес)

уреди

Во август 2018 година било објавено дека браќата Исагире ќе се приклучат на Астана за сезоната 2019.[6]

Достигнувања

уреди
2010
1. Етапа 4 Трка околу Луксембург
1. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
7. Етапа 3 Енеко Тур
2011
2. Трофео Деја
7. Етапа 8 Париз-Ница
9. Трофео Инка
10. Краен пласман Тур ди Хаут Вар
2012
1. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
2013
7. Краен пласман Тур Даун Андер
2014
1. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
2. Класика Примавера
2015
1.   Екипен пласман Тур де Франс
8. Краен пласман Тур Даун Андер
9. Краен пласман Париз-Ница
2016
2. Класика Примавера
5. Краен пласман Трка Дубаи
2017
1. Етапа 8 Џиро д’Италија
1. Класика Примавера
4. Краен пласман Париз-Ница
8. ГП Мигел Индураин
2018
Национални друмски првенства
1.   Друмска трка
2. Хронометар
3. Краен пласман Париз-Ница
3. Краен пласман Трка околу Оман
7. Краен пласман Тур Даун Андер
  Награда за борбеност на етапа 13 Вуелта а Еспања
2019
1. Податотека:Jersey multicolor2.svg Краен пласман Тур де ла Прованс
1. Етапа 1 (TTT) Вуелта а Еспања
3. Национално хронометарско првенство
4. Класика де Сан Себастијан
9. Светско друмско првенство
2020
3. Државно првенство во велокрос

Распоред на резултатите на трките

уреди
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 83 28
  Тур 66 39 СО 32 СО 24 42
  Вуелта 37 29 53
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Париз-Ница 54 72 18 12 9 19 4 3 СО
  Тирено-Адријатико не настапил во кариерата
  Волта а Каталуња 87
  Трка околу Баскија СО СО 52 29 62 СО 55 41 28
  Тур де Романди 19 22
  Критериум ди Дофине 43 19 18
  Тур де Свис 18 22 12 32

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Astana – Pro Team“. Архивирано од изворникот на 2019-12-16. Посетено на 9 јули 2019.
  2. „Astana Pro Team“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 јануари 2020. Посетено на 1 јануари 2020.
  3. „Spanish sensations confirmed for Santos Tour Down Under“. Тур Даун Андер. Архивирано од изворникот на 2013-11-04. Посетено на 4 јули 2013.
  4. „Јон Исагире исто така ќе вози за Мувистар Тим“. Мовистар Тим. Abarca Sports, S.L. 4 октомври 2013. Посетено на 6 октомври 2013.
  5. „New signings for Bahrain-Merida“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 7 август 2017. Посетено на 1 јануари 2018.
  6. „Izagirre brothers sign for Astana“. cyclingnews.com. 27 август 2018. Посетено на 8 септември 2018.

Надворешни врски

уреди