Гејс ван Хуке
Гејс ван Хуке (холандски: Gijs van Hoecke; р. 12 ноември 1991 во Гент) — белгиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.[1][2]
Ван Хуке на Европското велодромско првенство 2015 | ||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Гејс ван Хуке | |||||||||||||||||
Роден | 12 ноември 1991 Гент, Белгија | |||||||||||||||||
Висина | 1,86 м | |||||||||||||||||
Маса | 75 кг | |||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||
Мом. клуб | АГ2Р Ситроен Тим | |||||||||||||||||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | |||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||
2012–2016 2017-2018 2019-2020 2021- | Топспорт Вландерен-Меркатор Лото НЛ-Џамбо Ванти-Гобер АГ2Р Ситроен Тим | |||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
Последна промена 15 ноември 2022 |
Кариера
уредиВо 2011 година, кога имал 19 години, бил избран да учествува на Светското велодромско првенство, каде го освоил бронзениот медал во дисциплината омниум. Една година подоцна, на Светското велодромско првенство во Мелбурн, завршил деветти во истата дисциплина и станал светски првак во медисон.
На Летните олимписки игри 2012, настапил во екипната потера за белгиската репрезентација.[3] Ван Хуке бил испратен дома од овие Олимписки игри, бидејќи се опијанил по завршувањето на натпреварувањето.[4]
Гејс го освоил бронзениот медал во медисон на Европското велодромско првенство 2013. Во текот на истата година ја освоил својата прва шестдневна трка во Амстердам.
Во 2014 година, Гејс ван Хуке ја освоил друмската трка Меѓународен велосипедистички трофеј Јонг Мар Мудиг. Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018.[5]
Во август 2018 година било објавено дека ќе се приклучи на Ванти-Гобер за 2019 година, возејќи како помошник за неговиот тренинг-партнер, Грег ван Авермат.[6] Ван Хуке останал со екипата во сезоната 2020; истиот август било објавено дека Ван Хуке се приклучил на АГ2Р Ситроен Тим со двегодишен договор со почеток од сезоната 2021.[2]
Достигнувања
уредиВелодромски велосипедизам
уреди- 2008
- 2. Светско јуниорско првенство - медисон
- Национални јуниорски првенства
- 2. Омниум
- 2. Екипна потера
- 2. Кило
- 2. Поединечна потера
- 2009
- 1. Национално јуниорско првенство - омниум
- 2. Светско јуниорско првенство - медисон
- 2010
- 2. Европско првенство под 23 години - омниум
- 2. Светски куп Кали - скреч
- 2011
- 1. Светски куп Астана - скреч
- 3. Светско првенство - омниум
- 2012
- 1. Светско првенство - медисон (со Кени де Кетеле)
- Европски првенства под 23 години
- 2. Шест дена Гент (со Кени де Кетеле)
- 3. Светски куп Глазгов - екипна потера
- 2013
- 1. Шест дена Амстердам (со Кени де Кетеле)
- 3. Европско првенство - медисон (со Кени де Кетеле)
- 3. Шест дена Гент (со Кени де Кетеле)
- 2015
- 2. Шест дена Гент (со Кени де Кетеле)
- 3. Шест дена Лондон (со Илјо Кејсе)
Друмски велосипедизам
уреди- 2009
- 1. Краен пласман Џиро дела Тоскана (јуниори)
- 5. Краен пласман Трка Минстерланд
- 2011
- 1. Краен пласман Трка околу покраината Антверпен
- 2. Париз-Тур (младинци)
- 2012
- 3. Трка околу Зеланд
- 2013
- 2. ГП Клод Крикелион
- 2014
- 1. Меѓународен велосипедистички трофеј Јонг Мар Мудиг
- 2015
- 1. Борбен пласман Енеко Тур
- 8. Меѓународен велосипедистички трофеј Јонг Мар Мудиг
- 10. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
- 10. Трка околу Лимбург
- 2016
- 6. Краен пласман Трка околу Данска
- 8. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
- 2019
- 6. Краен пласман Околу Словачка
- 2021
- 9. ГП Кантон Аргау
Наводи
уреди- ↑ „AG2R Citroën Team“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
- ↑ 2,0 2,1 „Stan Dewulf and Gijs Van Hoecke sign for two years“. АГ2Р-Ла Мондијал. EUSRL France Cyclisme. 5 August 2020. Архивирано од изворникот на 2020-10-12. Посетено на 5 August 2020.
- ↑ „Гејс ван Хуке“. BBC Sport. Посетено на 13 септември 2012.
- ↑ „Enjoying London life a bit too much? Belgian cyclist sent home after drunken night out“. Daily Mail. Associated Newspaper ltd. 9 август 2012. Посетено на 30 ноември 2012.
- ↑ „2018: 101st Giro d'Italia: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 3 мај 2018.
- ↑ „Navarro signs with Katusha-Alpecin“. cyclingnews.com. 28 август 2018. Посетено на 1 септември 2018.
Надворешни врски
уреди„Гејс ван Хуке“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Гејс ван Хуке“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Гејс ван Хуке“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Гејс ван Хуке“. ProCycling.