Маркус Бургхарт

германски велосипедист

Маркус Бургхарт (германски: Marcus Burghardt; р. 30 јуни 1983 во Чопау, Саксонија) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.

Маркус Бургхарт
Бургхарт на Тур де Романди 2013
Лични податоци
Цело имеМаркус Бургхарт
Роден30 јуни 1983 (1983-06-30) (36 г.)
Чопау,  Источна Германија
Висина1,89 м
Маса78 кг
Податоци за клубот
Мом. клубБора-Хансгрое
ДисциплинаДрумски велосипедист
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за класици
Професионални клубови
2005–2009
2010–2016
2017-
Т-Мобајл Тим
БМЦ Рејсинг Тим
Бора-Хансгрое
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 индивидуална етапа (2008)

Еднодневни трки и класици

MaillotAllemania.svg Национален друмски првак (2017)
Гент-Вевелгем (2007)
Последна промена
16 јануари 2019

КариераУреди

Бургхарт станал професионалец во 2005 година, пред тоа натпреварувајќи се како аматер во екипата Визенхоф, со која веќе постигнал успех на одредени трки во Бундеслигата Герлинген во 2004 година. Бургхарт ја освоил UCI ProTour трката Гент-Вевелгем во 2007, пред неговиот колега Роџер Хамонд. Тој исто така имал добри резултати на Дварс дор Вландерен и на некои етапи од Вуелта а Еспања.

Бургхарт постигнал мала популарност на деветтата етапа на Тур де Франс 2007, кога удрил во куче на патеката. Тој исто така бил успешен со освојување на етапата 18 на Тур де Франс 2008 во Сент Етјен, победувајќи го Карлос Баредо, другиот член во бегството.

Бургхарт потпишал со БМЦ Рејсинг Тим за сезоната 2010.[1]

По седум години во екипата, во август 2016 година Бора-Хансгрое објавиле дека ќе им се приклучи за 2017 година.[2]

ДостигнувањаУреди

2005
4. Дварс дор Вландерен
2007
1. Гент-Вевелгем
1. Етапа 3 Трка на три земји
1. Етапа 5 Трка на три земји
3. Е3 Харелбеке
2008
1. Етапа 18 Тур де Франс
Најборбен возач   на етапата 18
2009
4. Краен пласман, Трка околу Саксонија
5. Омлоп Хет Ниувсблад
7. Трка околу Фландрија
7. Гент-Вевелгем
10. Е3 Харелбеке
2010
1.   Бодовен пласман Тур де Свис
1. Етапа 5
1. Етапа 7
5. Краен пласман Трка околу Катар
2011
9. Краен пласман Трка околу Катар
2013
1.   Планински пласман Тур де Романди
2017
1.   Национално друмско првенство
2018
10. Омлоп Хет Ниусблад

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Голема трка 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
  Џиро 70
  Тур 127 120 161 164 58 98 154 89 131 92
  Вуелта 76 СО 149

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. VeloNews.com (01.09.2009). "Хинкапи потпиша со БМЦ заедно со Балан, Крон, Бургхарт". VeloNews. Посетено на 02.09.2009. Check date values in: |accessdate=, |date= (help)
  2. "Marcus Burghardt signs for Bora-Hansgrohe". cyclingnews.com. 19 август 2016. Посетено на 15 октомври 2016.

Надворешни врскиУреди