Виктор Кампенертс

белгиски велосипедист

Виктор Кампенертс (холандски: Victor Campenaerts; р. 28 октомври 1991) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Дстни.[1]

Виктор Кампенертс
Кампенертс на Париз-Ница 2020
Лични податоци
Цело имеВиктор Кампенертс
Роден28 октомври 1991(1991-10-28)(32 г.)
Вилрејк,  Белгија
Висина1,73 м
Маса72 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЛото-Дстни
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри
Професионални клубови
2014–2015
2016–2017
2018-2019
2020-2021
2022-
Топспорт Вландерен-Балоас
Лото НЛ-Џамбо
Лото-Судал
НТТ Про Сајклинг
Лото-Судал
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2021)

Еднодневни трки и класици

Европски хронометарски првак (2017, 2018)
Национален хронометарски првак (2016, 2018)

Други

Часовен рекорд 55,089 км (16 април 2019)

Кариера

уреди

Возел на Светското друмско првенство. Во септември 2015 година било објавено дека ќе се приклучи во екипата Лото НЛ-Џамбо од 2016 година.[2] Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016[3] и за Џиро д’Италија 2017.[4]

На 16 април 2019 година, на велодромот во Акваскалиентес, Мексико, Кампенертс го срушил часовниот рекорд, возејќи 55,089 километри, надминувајќи го рекордот на Бредли Вигинс од 54,526 километри, поставен на 7 јуни 2015 година, рекорд кој Вигинс го држел 3 години, 10 месеци и 9 дена.[5] Со ова станал четврти белгиски велосипедист кој го држел часовниот рекорд, по Оскар ван ден Ајнде (1897–98), Фердинанд Браке (1967–68) и Еди Меркс (1972–2000).[6]

Кампенертс повторно се приклучил Лото-Судал со тригодишен договор во 2022 година откако поминал две години во Тим Кубека НекстХаш.[7]

Достигнувања

уреди
2013
1.   Европско хронометарско првенство под 23 години
1.   Национално хронометарско првенство под 23 години
4. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид под 23 години
8. Светско хронометарско првенство под 23 години
8. Антверпсе Хавенпејл
2015
1. Дуо Норман (со Јеле Валајс)
2. Краен пласман Тур де Валони
1.   Пласман за млад возач
4. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
5. Национално хронометарско првенство
10. Краен пласман Букл де ла Мајен
2016
1.   Национално хронометарско првенство
2.   Европско хронометарско првенство
2017
1.   Европско хронометарско првенство
1. Етапа 3 (ITT) Вуелта а Андалусија
2. Национално хронометарско првенство
4. Краен пласман Трка околу Британија
5. Хроно де Насионс
9. Брабантсе Пејл
10. Трка околу Келн
2018
1.   Европско хронометарско првенство
1.   Национално хронометарско првенство
3.   Светско хронометарско првенство
2019
Часовен рекорд: 55,089 км
1. Етапа 7 (ITT) Тирено-Адријатико
2. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 4
4. Национално хронометарско првенство
2020
2. Национално хронометарско првенство
3.   Европско хронометарско првенство
8. Светско хронометарско првенство
2021
1. Етапа 15 Џиро д’Италија
3. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Трка Бенелукс
10. Европско друмско првенство
2022
1. ГП Џеф Схеренс
1.   Планински пласман Тур де Валони
3. Национално хронометарско првенство
3. Сиркуит Франко-Белж
4. Дварс дор Вландерен
5. Краен пласман Трка околу Белгија
5. Омлоп Хет Ниусблад
6. Ле Самин

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2016 2017 2018 2019 2020 2021
  Џиро СО СО 111 95 СО
  Тур СО
  Вуелта 143 102

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. „Lotto–Soudal“. UCI. Архивирано од изворникот на 27 January 2022. Посетено на 5 February 2022.
  2. „Transfer news: Guardini set for another year with Astana“. cyclingnews.com. 25 септември 2015. Посетено на 29 септември 2015.
  3. „71st Vuelta a España“. ProCyclingStats. Посетено на 20 август 2016.
  4. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 2 мај 2017.
  5. Виндзор, Ричард (16 април 2019). „Victor Campenaerts sets new UCI Hour Record“. Cycling Weekly. Посетено на 17 април 2019.
  6. Zidda, Giovanni (3 November 2021). „Campenaerts, Merckx, Bracke, Van den Eynde : ces Belges qui ont détenu le record de l'heure“ [Campenaerts, Merckx, Bracke, Van den Eynde: these Belgians who held the hour record]. RTBF (француски). Radio Télévision Belge de la Communauté Française. Посетено на 21 May 2022.
  7. „Victor Campenaerts is returning to Lotto Soudal“. CyclingTips (англиски). 19 October 2021. Посетено на 5 February 2022.

Надворешни врски

уреди
Претходник
Бредли Вигинс
Часовен рекорд UCI (55,089 км)
16 април 2019 – 19 август 2022
Наследник
Даниел Бигам