Кирил Илиев Пенушлиски (15 ноември 1912 - 23 мај 2004) — истакнат македонски фолклорист, основоположник на оваа наука во Македонија.

Кирил Пенушлиски
Роден 15 ноември 1912
Солун, Егејска Македонија
Починал 23 мај 2004
Скопје, Македонија

Роден е во Солун на 15 ноември 1912 година. Татко му Илија бил трговец а мајката Катерина домаќинка. Завршил основно образование во родниот град, потоа гимназија во Скопје во 1931 година. Во 1938 година завршил Филозофски факултет, група Југословенска книжевност и докторирал на тема: "Стефан Верковиќ - собирач на македонски народни умотворби" (1956 г.). За време на окупацијата активно бил вклучен во НОБ, (бил претседател на илегалниот НОО одбор на Скопје), а по војната работел на повеќе важни функции, во Министерството за трговија, генерален секретар на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", професор на Филозофскиот (подоцна Филолошкиот) факултет, Декан на овој факултет, Ректор на Скопскиот универзитет, член на Советот на републиката и др. Доктор по филолошки науки и основоположник на македонската фолклористика. Почесен член на ДПМ.

Пенушлиски е татко на ликовниот уметник Илија Пенушлиски.

Творештво

уреди
  • Пословици со Харалампие Поленаковиќ (1954),
  • Марко К. Цепенков, Македонски народни приказни, три книги, (1958-9),
  • Стефан И. Верковиќ, Македонски народни песни (1961),
  • Миладиновци, Зборник, заедно со Димитар Митрев и Александар Спасов (1962),
  • Книга за Миладиновци, заедно со Димитар Митрев и Александар Спасов(1962),
  • Народна поезија (1964),
  • Народни приказни (1964),
  • Црвен се бајрак развева (1965),
  • Македонско народно творештво, во десет книги, (1968-1973),
  • Волшебни приказни (1968),
  • Јуначки песни (1968),
  • Обредни и митолошки песни (1968),
  • Ајдутски и револуционерни песни , соработник Јован Бошковски, (1969),
  • Пословици и гатанки (1969),
  • Преданија и легенди (1969),
  • уредник на Љубовни народни песни, избор и редакција Душко Наневски (1971),
  • Приказни за животни (1973),
  • Битови приказни и анегдоти (1973),
  • Трудови, семејни и хумористични песни (1973),
  • Марко К. Цепенков, Македонски народни умотворби во десет книги (1972), главен уредник, Блаже Ристовски, одговорен уредник и Томе Саздов, член на редакцијата,
  • Малешевски фолклор (1980),
  • Македонски еротски приказни (1981),
  • Македонски фолклор(1981),
  • Светот на приказните на Марко К. Цепенков (1982),
  • Гоце Делчев во фолклорот, заедно со Танас Вражиновски (1983),
  • Марко Крале, легенда и стварност (1983),
  • Македонски народни балади (1983),
  • Стефан И. Верковиќ, Македонски народни умотворби во пет книги (1985),
  • Болен Дојчин (1986),
  • Богови и попови, заедно со Танас Вражиновски (1987),

Одбрани фолклористички трудови, четири книги, (1988),

  • Васил Икономов, Старонародни песни и обичаи од Западна Македонија, со Блаже Ристовски и Блаже Петровски, (1988),
  • Марко К. Цепенков, Македонски народни приказни во пет книги (1989),
  • Народната култура на Егејска Македонија (1992),
  • Фолклорни поетски мотиви (1992),
  • Зборникот на Панајот Гиновски од Галичник (1995),
  • Митот и фолклорот (1996),
  • Ѓорѓи Милошев, Галички свадбарски народни песни (1996),
  • Приказни за лисицата (1997),
  • Македонски фолклор, историски преглед, (1999)

Книги за деца:

Јуначки мегдан (1964)

Итри, будалести и секакви (1964).

Надворешни врски

уреди

Извори

уреди
  • Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје 2009, стр. 1132