Мустафа ІV (османлиски јазик: مصطفى رابع Muṣṭafā-yi rābi) (8 септември 1779 во Цариград - 15 ноември 1808 во Цариград) бил дваесетидеветиот султан на Отоманското Царство во периодот од 1807–1808 година.

Osmanli-nisani.svg    Мустафа IV
Отомански султан
Калиф
Tughra of Mustafa IV.JPG
Владеење1807–08
ПериодЗастој на Отоманското Царство
Полно имеМустафа IV
Роден8 септември 1779
Починал15 ноември 1808(1808-11-15) (возр. 29)
ПретходникСелим III
НаследникМахмуд II
СемејствоОтоманска династија
ДинастијаОтоманска династија

Овој султан ги наследил и уништил реформите на Селим III во 1807 година. Мустафа IV наредил да биде убиен Селим III, но сам бил убиен по заповед на Махмуд II.

ЖивотописУреди

Роден во Цариград, Мустафа IV бил дете на султанот Абдул Хамид I (1774-1789) и Ајше Сенијепервер султан. Заедно со својот брат Махмуд II биле последните машки членови од Отоманската династија. По симнување од престолот на Селим, Мустафа како поголем брат го наследил[1]. И покрај тоа што на Селим Мустафа му бил омилен принц и престолонаследник, сепак тој ги симнал од власт под притисок на јаничарите.

Краткото владеење на Мустафа било турбулентно бидејќи јаничарите правеле немири во престолнината проследени со убиства и грабежи за секој кој ќе го подржал Селим и неговите реформи. Про-реформскиот командант Мустафа Паша започнал марш од Дунав кон престолнината против новиот султан чија цел била Селим да се врати на власт, а кога разбрал за ова Мустафа наредил да бидат убиени Селим и Махмуд. Но палатата била опколена од бунтовниците и Мустафа абдицирал од престолот надевајќи се дека МАхмуд е мртов заедно со Селим. Сепак Махмуд успеал добро да се сокрие и кога бил поставен за султан наредил Мустафа да биде убиен.

НаводиУреди

  1. Lord Kinross, The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire, Perennial, 1977, p. 437. ISBN 0-688-03093-9.