Хенрик Шенкевич
Хенрик Адам Александар Пиус Шенкевич (полски: Henryk Adam Aleksander Pius Sienkiewicz, 5 мај 1846 – 15 ноември 1916) — полски новинар и романописец, добитник на Нобеловата награда за литература во 1905 година. Бил еден од најпопуларните полски писатели на преминот од XIX кон XX век. Негово најпознато дело е романот „Кво вадис“ (Quo Vadis) од 1895 година, во кој се опишува ширењето на христијанството во Рим, како и палењето на Рим од страна на Нерон, за што ги обвинил христијаните.
Хенрик Шенкевич Henryk Adam Aleksander Pius Sienkiewicz | |
---|---|
![]() | |
Занимање | романописец |
Националност | Полјак |
Период | XIX - XX век |
Значајни награди | Нобелова награда за литература во 1905 |

ТворештвоУреди
Првите повести и раскази на Шенкевич ги одразувале идеите на позитивизмот опишуваат со песимизам горчина на неправедноста на светот и бедата, и тоа најмногу во „Хуморески“ (1872), „Скици со јаглен“ (1880), „Јанко музичарот“ (1880), „За леб“ (1880). Големиот белетристички талент Шенкевич го покажал во неговите историски романи. Во трилогијата „Со оган и меч“ (1884) - „Потоп“ (1886) - „Пан Володјовски“ (1887-88) ја воскреснал историјата на Полска од XVII век и победоносните битки против Козаците, Швеѓаните и Турците. Романот „Крстоносци“ (1900) ја третира борбата на полскиот народ против германските завојуваачи и победата на Словените над Тевтонскиот ред кај Кринвалд и Таненберг (1410). Исполнети со патриот, историските романи му се најдобро постигнување во полската книжевност. Вештината на раскажувач, што создава драматчни дејства, блескави сцени, богато опишување на ликовите и совршенството на јазикот и стилот, му донеле светска популарност.[1]
НаводиУреди
- ↑ Превод на книжевни дела на автори добитници на Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2009