Таки Хрисик
Таки Хрисик (Крушево, 27 септември 1920 - Скопје, 15 ноември 1983) македонски композитор и музички педагог.
Таки Хрисик | ||
Роден | 27 септември 1920 Крушево, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 15 ноември 1983 Скопје, Македонија |
Животопис
уредиМузика учел кај австрискиот композитор и диригент А. Храше, а музичкото образование го дооформил по Ослободувањето во Скопје. Потоа заминал во Битола, каде што работел како наставник по музика во Учителската школа и во Гимназијата. Во меѓувреме работел и како диригент на хорот „Стив Наумов“[1].
Творештво
уредиВо СФРЈ постоеле неколку обиди за промена на химната Еј, Словени. Последен посериозен обид бил во 1973/74 година. Тогаш како најприфатлива била мелодијата од македонскиот композитор Таки Хрисик, која всушност била и одбрана како најдобра на анонимен конкусрс[2].
Хрисик бил автор на голем број на хорски дела, камерна музика, соло песни, оркестарски дела и околу 1500 мелографски записи на македонски и влашки песни[3].
Неговата свечената песна за браќата Св. Кирил и Методиј е химна на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Работел како диригент на хорот „Стив Наумов“ во Битола.
Наводи
уреди- ↑ „Таки Хрисик“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2020-10-17. Посетено на 2020-08-10.
- ↑ „СЕЌАВАЊЕ НА ОНА ШТО ЌЕ СЛЕДИ“. Архивирано од изворникот на 2021-01-16. Посетено на 2020-08-10.
- ↑ Taki Hrisik – Svečana Pesma[мртва врска]