Павле (српски патријарх)
Патријарх Павле, роден како Гојко Стојчевиќ — патријарх на Српската православна црква во периодот од 1990 до 2009 година.
Патријарх Павле | |
---|---|
Црква | Српска Православна црква |
Седиште | Белград |
Ракоположен | 1 декември 1990 |
Службата завршила | 15 ноември 2009 |
Претходник | Патријарх Герман |
Наследник | Патријарх Иринеј |
Лични податоци | |
Световно име | Гојко Стојчевиќ |
Роден | 11 септември 1914 Кучанци, Австроунгарија |
Починал | 15 ноември 2009 Белград, Србија | (возр. 95)
Почивалиште | Манастир Раковица |
Животопис
уредиПатријархот Павле е роден на 11 септември 1914 година во селото Кучанци кај Долни Михољац во Славонија. Богословски факултет завршил во Белград. Две години студирал медицина во Белград. Во 1957 година станал архимандрит, а од 1955 година две години бил на постдипломски студии во Атина. Во 1957 година бил устоличен во Призрен од епископот Герман и захумско-херцеговскиот Владислав. На Косово поминал 33 години[1].
На вонредното заседание на Светиот архијерејски сабор на 1 декември 1990 година, со кој претседавал загрепско-љубљанскиот митрополит Јован Павловиќ, заменик на тогаш болниот патријарх Герман, се избирал нов патријарх меѓу тројцата кандидати со тајно гласање. Бидејќи ниту еден од кандидатите не добил доволен број гласови, изборот бил направен со ждрепка на т.н. „апостолски начин“, односно архимандритот троношки Антоние го извлекол името на идниот патријарх. Така Павле станал 44-поглавар на СПЦ[2]. Тој бил устоличен на 2 декември 1990 година.
Наводи
уреди- ↑ http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=206C05689BA80B41B765909EE03117F9 Архивирано на 20 ноември 2009 г. Утрински весник: Почина српскиот патријарх Павле
- ↑ http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116302 А1 Телевизија: Почина српскиот Патријарх Павле