Портрет
Портрет (француски слика на нечиј лик, од латинскиот збор protrahere што значи да се изнесе на виделина) означува во ликовната уметност приказ на некој одреден човек односно на неговиот лик или и фигура. Покрај чисто надворешната сличност треба да се истакнат и психолошките карактерстики на оној кој е портретизиран. Функцијата на портретот е да репрезентира одредена личност и да сочува спомен на неа. Многу учења и религии (на пример исламот) го одтфрлува портретот токму затоа што за него врзува некои окултни особини.[1]
Видови на портретУреди
Не сметајќи го видот на уметноста (цртеж, масло на платно, акварел), стилски правец (на пример барок) и видот на материјалот (на пример портрет во бронза) ги разликуваме следните видови на портрети:
- според положбата на главата ги делиме на профил, полупрофил, изгубен профил и анфас.
- во зависност од приказот на фигурата: слика на глава или рамениците, полуфигурални или целофигурален портрет, портрет до колена, фигура во лежечка положба, во седечка или стоечка положба, фигура на коњаник и акт.
- според бројот на портретизирани личности разликуваме поединечен, двоен и групен портрет.
- во зависност од причината имаме на пример венчален, погребен или ктиторски портрет.
- во зависност од тоа од кој потекнува имаме автопортрет.
- во зависност од формата на сликата (минијатурни портрети или портрети на медалјони)
- според положбата во општеството на претставениот односно претставените (портрет на владетели, уметници, научници, Слика на стрелачки дружини).[2]
Историски развој на портретотУреди
Во стариот Египет се развил пластичниот портрет со фини психолошки црти постепено од идеализирани форми на древни ориентални портрети на владетелите (амарнски стил). Во доцниот старогрчки период и хеленизмот се развил извесен натурализам во прикажувањето на физиономијата. Во Рим најпрвин бил застапен изразито реалистичен стил со многу поединечни карактеристики- што било условено со култот на предците и со етрурското влијание - додека потоа не се повеќе идеализирани под влијание на владетелските култови на царевите. Оваа на крај довело до потполно осиромашување на уметничкиот приказ. Под римското владеење во Египет се создале портрети на мумии што биле први самостојни портретски слики на дрво.[3]
Во ранохристијанската и средновековната уметност се изгубила античката традиција на портретирање затоа што овоземската човекова форма не била сметана за важна и за достоинствено прикажување. Кај средновековните портрети (на пример на надгробните плочи или во сликањето на минијатурите) биле доволни атрибути (инсигнии, грбови) за идентификација на оној кој е претставен. Инаку, ликот е прикажуван млад, сведен, схематизиран и идеализиран.
Првата промена на овој став се покажала во 14 век на пример на портретските бисти на работилницата Парлер во Прага или на фигурите на ктитори на олтарските композиции. Тогаш настанале и првите автопортрети во пластика. Првиот автономен двоен портрет во полна фигура го насликал Јан ван Ајк околу 1425 година (венчална слика на брачниот пар Арнолфини). Во сликарството и уметноста изработката на медали на италијанската Рана ренесанса преовладал најпрвин класичниот, строг портрет на профил (на пр. кај Пизанела).
На почетокот на 16 век стигнала нововековната уметност на портретот под влијание на новото хуманистичко гледање на човекот својот први процут и развила цела лепеза на форми. Значајни портретисти од времето на ренесансата се Леонардо да Винчи, Рафаел, Тицијан во Италија а северно од Алпите тоа се Албрехт Дирер, Лука Кранах Старији, Антонис Мор, Жан и Франсоа Клуе. Сликарството на портрети на мал формат кое се развило во Франција во 15 век стекнало интернационално значење благодарејќи на сликарите како што се Ханс Холбајн Млаѓи а во епохата на рококо ќе напредува до омилената форма на сликање портрети.[4]
Во барокот најпрвин водечка била уметноста на портрети кои доаѓале од Холандија а во XVIII век тоа била портретската уметност на Англија (Томас Гејнсборо, Џошуа Рејндолс, Хенри Рејберн). Сликарството на портрети се искачило на скалата на вредности до најзначајна уметничка задача-за што пример е ситуацијата во апсолутистичка Франција каде на дворовите на кралевите работеле специјалисти за портрети. При тоа поважно од психолошкиот израз била возвишената претставителност која се создавала со помош на патетичната поза и помпезното драпирање со раскошни ткаенини кои биле чести во рамки на некоја митолошка сцена.
Кон крајот на XIX век портретското сликарство го губи своето најистакнувано значење поради појавата на фотографијата и покрај тоа што повремено се користат нови техники (Франц фон Ленбах). Во XX век првенствено германските сликари на експресионизмот овозможиле делумно оживување на овој уметнички вид (Ловис Коринт, Оскар Кокошка, Макс Бекман). Повеќе не се барале реалистични или идеализирани прикази туку само психолошко претставување. Во делата на некои уметници како што е Пабло Пикасо овој пристап водел до апстракција.
ГалеријаУреди
Биста на кралицата Нефертити - Slika:Van Eyck - Arnolfini Portrait.jpg
Jan van Ајк, Портрет на Арнолфинијеви, 1434 Пјеро дела Франческа, Портрети на Батист Сфорз и Федерик да Монтефелтро од 1475 Албрехт Дирер: Портрет на една млада жена, околу 1506 Јоханес Вермер, Девојка со бисерна обетка, 1665. Иљја Репин: Модест Петрович Мусоргски
Најзначајни сликари на портретиУреди
Портретот како мотив во книжевностаУреди
- „Портрет на инфантата“ - песна на рускиот поет Павел Антокољски.[5]
- „Потрет“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[6]
- „Портрет по сеќавање“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[7]
НаводиУреди
- ↑ Томић О. Реч о портрету у средњем веку, НИШ И ВИЗАНТИЈА II СИМПОЗИУМ, НИШ 3-5. јун 2003.
- ↑ Age of Spirituality: Late Antique and Early Christian Art, Third to Seventh Century, (ed.K.Weitzmann), New York 1977.
- ↑ J.Elsner, Imperial Rome and Christian Triumph: The Art of the Roman Empire Ad 100-450, Oxford 1998.
- ↑ Donnan, Christopher B. Moche Portraits from Ancient Peru University of Texas Press,
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 185-187.
- ↑ Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 229.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 391-392.
Надворешни врскиУреди
„Портрет“ на Ризницата ? |
- How to Paint a Portrait[мртва врска][мртва врска] - A guide to painting oil portraits from a photograph or sketch.
- National Portrait Gallery of the Smithsonian Institution
- National Portrait Gallery London
- National Portrait Gallery Moscow
- Painting The Century 101 Portrait Masterpieces
- Jeanne Ivy's Self-Portrait Page - What Artists Find When They Search in the Mirror.
- Portrait Detectives - Fun interactive introduction to the analysis of portraiture.
- Reportret - A gallery of reconstructions of missing portraits from world history.
- Royal Society of Portrait Painters