Фридрих II (изборен кнез на Саксонија)
Фридрих II (германски: Friedrich, der Sanftmütige, роден во 22 август 1412 во Дрезден - починал на 7 септември 1464 во Лајпциг) — владетел од династијата Ветинци како изборен кнез од Саксонија во периодот од 1428 до 1464 година и ландгроф од Тирингија во периодот од 1440 до 1445 година.
Фридрих II | |
---|---|
Фридрих II | |
Изборен кнез на Саксонија | |
На престол | 4 јануари 1428 – 7 септември 1464 |
Претходник | Фридрих I |
Наследник | Ернест |
Ландгроф од Тирингија | |
На престол | 7 мај 1440 - 1445 |
Претходник | Фридрих IV |
Наследник | Вилхем II |
Маркгроф од Мајсен и Војвода од Саксонија | |
На престол | 4 јануари 1428 – 7 септември 1464 |
Претходник | Фридрих IV/I |
Наследник | Албрехт IV/III |
Роден(а) | 22 август 1412 Дрезден |
Починал(а) | 7 септември 1464 Лајпциг | (возр. 52)
Сопружник | Маргарита Австриска |
Деца among others... | Амалија Ана Ернест Албрехт III |
Династија | Ветинци |
Татко | Фридрих I |
Мајка | Катарина |
Вероисповед | Римокатоличка црква |
Рани години
уредиФридрих бил првиот син и наследник на изборниот кнез Фридрих I (1370-1428) и на Катарина од Брауншвајг-Линебург (1395-1442).
Управување
уредиВо 1428 година тој го наследил својот татко и управувал заедно со своите браќа Вилхелм III, Хајнрих и Сигизмунд.
До 1432 година ги бранел своите територии од големата војна против Хуситите. Во 1431 година учествувл во крстоносна војна против хуситите, која војна завршила со пораз, за да во 1433 година потпише договор со нив.
По смртта на ландграфот на Тирингија Фридрих Мирољубиивиот (1440), Фридрих и неговиот брат, Вилхелм ги добиле неговите земји како наследство.
Тоа наследство сепак довело до војна помеѓу браќата. Вилхелм, чувствувајќи се навреден по поделбата на Алтенбургското наследство, стапил во тајни преговори со архиепископот на Магдебург. Воените дејствија ги започнал Фридрих. Тој ја нападнал во 1445 година Тирингија, и така започнала саксонските братска војна, која завршила во 1451 година. Фридрих стапил во сојуз со Хабсбурговците, додека Вилхелм добил помош од Бохемија. Веднаш по оваа војна се случило т.н. „Саксонско киднапирање на принцовите„ (Sächsischer Prinzenraub).
Семејство
уредиНа 3 јуни 1431 година тој се оженил во Лајпциг за Маргарита Австриска, ќерка на војводата Ернест Железниот.
Двајцата имале осум деца:
- Амалија
- Ана
- Фредерик
- Ернест
- Албрехт III
- Маргарете
- Хедвиг
- Александар
Литература
уреди- Johann Georg Kohl, Pilgerfahrt des Landgrafen Wilhelm des Tapferen von Thüringen zum heiligen Lande im Jahre 1461, Müller 1868, Seite 4
- Enno Bünz, Christoph Volkmar, Die albertinischen Herzöge bis zur Übernahme der Kurwürde, in: Frank-Lothar Kroll: Die Herrscher Sachsens. Markgrafen, Kurfürsten, Könige 1089 – 1918, München 2007
- Ewald Dietrich, Herzog Albrecht der Beherzte, Stammvater des sächsischen Königshauses als Fürst, Held und Familienvater, Goedsche Verlag, Leipzig/Riesa/Meissen 1851 (Digitalisat)
- Friedrich Albert von Langenn, Herzog Albrecht der Beherzte, Stammvater des königlichen Hauses Sachsen, Hinrichs Verlag, Leipzig, 1838 (Digitalisat)
- Hans von Mergenthal, Gründliche und wahrhafftige Beschreibung Der löblichen und Ritterlichen Reise und Meerfahrt in das heilige Land nach Jerusalem, Pilgramschafft ins gelobte Land/ Hertzog Wilhelms zu Sachsen, Jena 1611
- André Thieme, Herzog Albrecht der Beherzte. Ein sächsischer Fürst im Reich und in Europa, Quellen und Materialien zur Geschichte der Wettiner Bd. 2, Köln/Weimar/Wien 2002
Надворешни врски
уреди- H. Th. Flathe, Albrecht der Beherzte, Allgemeine Deutsche Biographie (ADB). 1. Duncker & Humblot, Leipzig 1875, S. 314 – 318.
- Albrecht der Beherzte, Herzog von Sachsen
- Tripota – Trierer Porträtdatenbank Архивирано на 2 септември 2016 г.
- (германски) Article in the ADB
- (германски) Die Wettiner Архивирано на 13 декември 2004 г.
Фридрих II (изборен кнез на Саксонија) Роден(а): 22 август 1412 Починал(а): 7 септември 1464
| ||
Претходник Фридрих I |
Изборен кнез на Саксонија 1428–1464 |
Наследник Ернест |
Војвода од Саксонија и Маркгроф од Мајсен 1428–1464 |
Наследник Албрехт | |
Претходник Фридрих IV |
Ландгроф од Тирингија 1440–1445 |
Наследник Вилхем II |