Сунг (династија)
Династијата Сунг (кин. 宋朝, Сонг Чао) е чест назив за владетелите на Кина од 960 до 1279 година. Првиот цар од оваа династија се викал Таика. За време на владеењето на Сунг династијата, Кина повторно се обединила. Главниот град на империјата бил Хангџоу.
За време на владеењето од околу 300 години, имало многу конфликти меѓу соперничките династии од тоа време, така што владеачкиот период бил поделен на Северен Сунг (960-1127) и Јужен Сунг (1127-1279).
За време на владеењето на династијата Сунг, уметноста цветала, а исто кака и филозофска мисла. Воената администрација на царските провинции била заменета со цивилна. Новите градови биле основани со цел да се развие трговијата, како и да се зајакне економијата. Технологијата на производство на барут била развиена, а печатењето било на високо ниво, исто така била развиена и писменоста. Поседувањето на земјиште и работата во државната служба веќе не биле мерка за успехот на поединецот. Развиен бил и приватен бизнис.
Во 1078 година, Кина произвела 125.000 тони железо и користела 1 кг по глава на жител, додека во Европа во исто време се користело ½ кг. Градот Хангџоу во 1200 имал 400.000 жители. Во тоа време, Западна Европа имала само два града со повеќе од 100.000 жители, Париз и Венеција.
Династијата Сунг ја наследила династијата Јуан.
Надворешни врски
уреди
|
- Династија Сунг Архивирано на 25 февруари 2021 г.
- Уметноста за време на династијата Сунг
- Уметноста за време на династијата Сунг со коментари Архивирано на 7 септември 2008 г.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |