Ашерслебен (германски: Aschersleben) — град во округот Залцланд, во Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на приближно 22 километри источно од Кведлинбург и 45 километри северозападно од Хале (Зале).

Ашерслебен
Поглед од Рондел на црквата Свети Стефан
Поглед од Рондел на црквата Свети Стефан
Поглед од Рондел на црквата Свети Стефан
Грб на Ашерслебен
Ашерслебен во рамките на Германија
Ашерслебен
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Залцланд
Градски единици 6
Градоначалник Андреас Михелман
Основни податоци
Површина 156 км2
Надм. височина 114 м
Население 26.604 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 171 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SLK
Пошт. бр. 06449
Повик. бр. 03473
Портал www.aschersleben.de
Местоположба на градот Ашерслебен во рамките на округот Залцланд
Карта
Карта
Координати 51°45′N 11°28′E / 51.750° СГШ; 11.467° ИГД / 51.750; 11.467

Историја

уреди

Пред 20 век

уреди

Ашерслебен бил првпат споменат во 753. Латинското име на градскиот замок, Ascharia, произлегува од името на династијата Асканија. Од 1252–1315 Ашерслебен бил главен град на Анхалт-Ашерслебен, по што влегло во Бискупијата Халберштат. По Вестфалскиот мир во 1648, станал дел од Кнежевство Халберштат. Ашерслебен станал дел од пруската Провинција Саксонија во 1815.

Нацистичка Германија

уреди

Објект за сериско производство на трупот на Junkers се наоѓале во Ашерслебен во текот на Нацистичка Германија. Во април 1935, алатите биле префрлени во Ашерслебен и од мај 1935 почнале да се прават првите трупови. Објектот се наоѓал на Вилслебенер Штрасе 9 близу т.н. Зевизен, каде бил изграден аеродромот. Фабриката во Ашерслебен достигнала 564.000 метри квадратни и околу 6.000 вработени.

Во текот на Втората светска војна, подкампот на Бухенвалд се наоѓал во градот. Бил основан за да обезбедува ропска работна сила за Junkers (воздухопловство) и Motorenwerk (автомобили).[2]

Од јули 1944 околу 950 затвореници од концентрационите логори биле присилени да работат за Junkers Flugzeugwerke во Ашерслебен. Во април 1945, производството било прекинато. На 17 април, американските сили го окупирале Ашерслебен, но на 23 мај градотр бил предаден на британските трупи и подоцна на 1 јули, конечно, на советските војници.

Ашерслебен бил бомбардиран на следниве датуми во текот на војната:

  • 1 април 1942 - првиот британски бомбашки напад
  • 20 февруари 1944 - американски напади, неуспешни поради облачното време
  • 31 март 1945
  • 14 април 1945

На крајот на Втората светска војна Junkers-Ашерслебен бил скоро непроменет и производството било само променето за Хајнкел Хе162. Повеќето инсталации биле размонтирани и транспортирани во Киев во Советскиот Сојуз од страна на Советите во 1946. Останатите згради во Ашерслебен подоцна биле користени од VEB Kombinat Fritz Heckert. Денес, областа е користена од Schiess AG.

По 1945

уреди

Ашерслебен бил дел од Источна Германија до 1990, кога станал дел од Саксонија-Анхалт во текот на германското повторно обединување. На 1 јануари 2008, општините Дрондорф, Фреклебен и Меринген се припоиле кон Ашерслебен.

Архитектура

уреди
 
Градската куќа

Неколку архитектонски стилови се претставени во Ашерслебен. Во историскиот центар доминираат романската (Grauer Hof), готската (Црква „Свети Стефан“), ренесансната (Градска куќа, Krukmannsches Haus) и барокната архитектура.

Постои прстен од згради во неокласичен стил и Југендстил околу историскио Стар град. Овие, пак, се опкружени и прошарани со згради од раниот модернизам како Хекнер-Баутен и згради од ерата на ГДР. Новите големи области, главно се северно и југоисточно од градот.

Има неколку Фахверк-згради во стариот град на Ашерслебен. Причината за ова е достапноста на добар камен материјал и отсуството на големи шуми во околината, како и бројните пожари пред XVI век. Сепак, постојат бројни објекти, кои се делумни во Фахверк, особено горните катови.

Друго

уреди

Вендел Луис Вилки (18 февруари 1892 - 8 октомври 1944) корпорациски адвокат во Соединетите Американски Држави и кандидат за претседателските избори во 1940 година од Републиканската партија (ГОП), и покрај тоа што никогаш претходно не бил избран на политичка функција. Луис Вендел Вилки е роден во Елвуд, Индијана, тој бил син на Херман Вилки, германски имигрант од Ашерслебен и Хенриета Тиш.

Луѓе

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
  2. Едвард Виктор. Азбучен список на логори, подлогори и други логори. wwww.edwardvictor.com/Holocaust/List %20 of %20 camps. htm

Надворешни врски

уреди