Хузум
Хузум (германски: Husum; севернофризиски: Hüsem) — град и административно седиште на округот Северна Фризија, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот е родното место на романописецот Теодор Шторм, кој ја создал фразата „сивиот град крај морето“. Исто така во него се одржува годишниот меѓународен фестивал на пијаното „Раритети на музиката за клавир“ (Raritäten der Klaviermusik), воспоставен во 1986 година.[2]
Хузум | ||
Пристаништето во Хузум | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн | |
Округ | Северна Фризија | |
Градоначалник | Уве Шмиц | |
Основни податоци | ||
Површина | 25,82 км2 | |
Надм. височина | 14 м | |
Население | 23.735 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 919 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | NF | |
Пошт. бр. | 25801–25813 | |
Повик. бр. | 04841 | |
Портал | husum.org | |
Местоположба на градот Хузум во рамките на округот Северна Фризија | ||
Координати | 54°28′0″N 9°3′0″E / 54.46667° СГШ; 9.05000° ИГД |
Историја
уредиХузум бил првпат споменат како Хузембро (Husembro) во 1252 година, кога данскиот крал Абел бил убиен.
Како повеќето градови на Северното Море, Хузум бил отсекогаш под влијание на силни бури. Во 1362 година ужасна бура наречена „Големата поплава“ го поплавила градот и го овозможила природното пристаниште. Пред тоа, Хузум не се наоѓал директно на брегот. Луѓето од градот ја искористиле оваа можност и изградиле пазар, кој довел до голем економски пресврт.
Помеѓу 1372 и 1398 година, населението во Хузум постојано се зголемувало и биле основани две села: Остер-Хузум (Oster-Husum) и Вестер-Хузум (Wester-Husum).
Името Хузум било првпат споменато во 1409 година. Прикажано е на Карта Марина во фризискиот облик од Хузем (Husem).
Географија
уредиХузум се наоѓа на Хузумскиот Залив на Северното Море. Лежи 82 километри западно од Кил, 139 километри северозападно од Хамбург и 43 километри југозападно од Фленсбург.
Градски единици
уредиГрадот е поделен на следниве градски единици:
- Центар (Zentrum)
- Нордхузум (Nordhusum)
- Поренког (Porrenkoog)
- Остерхузум и Остерхузумфелд (Osterhusum, Osterhusumfeld)
- Алтштат (Altstadt)
- Нордершлаг (Norderschlag)
- Драјмилен (Dreimühlen)
- Редемис (Rödemis)
- Фишерзидлунг (Fischersiedlung)
- Нојштат (Neustadt)
- Гевербегебит (Gewerbegebiet)
- Килсбург (Kielsburg)
- Розенбург (Rosenburg)
- Шобил (Schobüll)
- Халебил (Halebüll)
- Хокенсбил (Hockensbüll)
- Лунд (Lund)
Култура
уредиКако туристичко одредиште и порта кон Севернофризиските Острови, Хузум нуди многу културни настани.
Фестивал „Раритети на музиката за клавир“
уредиОвој меѓународен фестивал на раритетната музика за клавир, насочен кон непознатата класична пијано музика, бил основан во 1986 година од Петер Фроундјијан и се одржува во градскиот замок.[2]
Музеи
уреди- Куќа „Теодор Шторм“ (Theodor-Storm-Haus) претставува родната куќа на писателот Теодор Шторм. Во нејзе се наоѓа изложба посветена на романописецот и неговите дела.
- Бродскиот музеј Северна Фризија (Schifffahrtsmuseum Nordfriesland) прикажува бродови од средниот век до денес. Прикажаните модели даваат добар приказ на животот на брегот и на морето.
- Остенфелдска фармерска куќа (Ostenfelder Bauernhaus) стара фарма и најстар отворен музеј во Германија.
Знаменитости
уреди- Црква Св. Богородица, паднала во 1807 година и повторно изградена во 1833 година.
- Замокот пред Хузум, изградена во 1582 година, резиденција на војводите на Холштајн-Готорп.
- Старото Градско собрание, изградено во 1601 година
- Новото Градско собрание, изградено во 1988/1989 година
Клубови
уредиГрупата „Редемис“ (Spielmannszug Rödemis) е познат бенд за маршови од градската единица Редемис. Хузум е исто така дом на два фудбалски клубови, ФК Хузумер (Husumer SV) и ФК Редемис (Rödemisser SV).
Крикет клубов е основан во рамките на центарот Микелберг, кој порано бил домаќин на меѓународни натпревари во крикет за жени. Теренот се наоѓа во близина на Хатштет.[3]
Збратимени градови
уредиИнфраструктура
уредиЖелезничката станица во Хузум се наоѓа на линијата Вестерланд–Хамбург (наречена и „мочуришна железница“), линијата Хузум-Санкт Петер-Ординг до полуостровот Ајдерштет и линијата Хузум-Јибек, која го поврзува со линијата Нојминстер-Фленсбург и Кил.
Познати жители
уреди- Херман Таст (1490−1551) — протестантски реформист
- Јоханес Мејер (1606–1674) — картограф
- Петер Аксен (1635–1707) — правник, филолог, хуманист и дипломат
- Николаус Брунс (1665–1697) — оргулар
- Теодор Шторм (1817−1888) — германски романописец
- Маргарет Беме (1867–1939) — писателка
- Фани цу Рефентлов (1871–1918) — писателка и преведучка
- Јан Вејн (р. 1974) — диџеј, пејач и продуцент
Наводи
уреди- ↑ „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)
- ↑ 2,0 2,1 „Официјална страница на фестивалот“. Архивирано од изворникот на 2009-11-19. Посетено на 2015-04-11.
- ↑ „Ground profile: Mikkelberg-Kunst-und-Cricket Center“. CricketArchive. Посетено на 18 октомври 2011.
- ↑ Нашата приказна на збратимување Архивирано на 2 јули 2014 г. (англиски)
- ↑ Збратимени градови на Хузум (германски)
Надворешни врски
уреди- Хузум на Ризницата ?
- Официјална страница
- Хузум на стари поштенски марки Архивирано на 15 февруари 2009 г.