Слоним (белоруски: Сло́нім, руски: Сло́ним, полски: Słonim, јидиш: סלאָנים) — град во Гродненската област во западна Белорусија, административен центар на Слонимскиот реон. Градот се наоѓа на местото каде што се спојуваат реките Шчара и Иса, оддалечен 143 километри југоисточно од Гродно. Во 2015 година, во градот живееле 49739 лица.

Слоним
Слонім
Црква Св. Андреја
Црква Св. Андреја
Знаме на СлонимАмблем на Слоним
Амблем
Слоним is located in Белорусија
Слоним
Слоним
Местоположба во Белорусија
Координати: 53°05′N 25°19′E / 53.083° СГШ; 25.317° ИГД / 53.083; 25.317
Држава
Област
 Белорусија
Гродненска
Основан1252
Управа
 • ГрадоначалникОлег Таргонски
Надм. вис.&10000000000000156000000156 м
Население (2015)[1]
 • Вкупно49 739
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски код231800
Повик. бр.+375 1562
Регист. таблички4
Мреж. местоОфицијално мрежно место

Етимологија и историски имиња

уреди

Слоним е познат по неколкутте верзии на своето име: Сло́нім (белоруски), Słonim (полски), Сло́ним (руски). Слоним првпат бил спомнат во хроники во 1252 година како Услоним и во 1255 година како Вслоним. Според една верзија (која исто така се смета за официјална), името на градот потекнува од словенскиот збор ’заслона‘ (засолниште), значејќи дека градот бил бастион на јужната граница од Големото Кнежевство Литванија. Според друга верзија, Слоним е изведена форма од терминот Uzslenimas од литванскиот јазик што едноставно значи ’надвор од долината‘.

Некои европски историчари од 19. век се обиделе да го поврзат името 'Слоним' со зборот ’слон‘, кое го означува истоименото животно во полскиот, рускиот и белорускиот јазик. Сепак, оваа хипотеза никогаш не била сфатена сериозно.

Историја

уреди

Најраниот запис е постоењето на дрвена тврдина на левиот брег од реката Шчара во 11. век, иако можно е претходно на истото место да постоела населба.

Областа била оспорувана помеѓу Големото Кнежевство Литванија и Киевскиот Рус во раната историја и преминувала од едни на други раце неколкупати. Во 1040 година, Киевскиот Рус ја преземал контролата врз областа по една битка но го загубил градот од Литванците во 1103 година. Рутените повторно ја преземале областа во 13. век но биле протерани при татарската инвазија во 1241 година и градот бил ограбен. Кога, подоцна во година, Татарите се повлекле, Слоним повторно станал дел од Големото Кнежевство Литванија.

Во 1569 година, Литванија и Полска се обединиле и Слоним станал значаен регионален центар во рамките на новосоздадената Полско-литванска Државна Заедница. Од 1631 до 1685, градот просперирал како седиште на литванската дијета.

Полско-литванската Државна Заедница, подоцна позната како Полска Државна Заедница, била раздвоена од три наврати на поделби во втората половина од 18. век и поделена меѓу соседните држави, Прусија, Хабсбуршка Австрија и Руското Царство кое добило најголем дел од територијата. Слоним се наоѓал во областа припоена кон Русија. Војните го оштетиле Слоним, но во 18. век, локален полски земјопоседник, грофот Огински, охрабрил обновување на областа; бил ископан канал кој ја поврзал реката Шчара со реката Днепар, сега познат како Огински канал. Огински исто така изградил поголем комплекс, во кој се нашле опера, музичко училиште и училиште за балет и печатница.

 
Полски Слоним, уличен пазар на улицата Бернардинска пред втората светска војна

Слоним бил под руска контрола сè до 1915 година, кога германските сили го окупирале градот. По завршувањето на првата светска војна, Слонимската област била оспорена помеѓу Советскиот Сојуз и новата држава Полска. Градот настрадал лошо во текот на Полско-Советската војна во 1920 година. Слоним бил отстапен од Болшевиците на Полска во 1921 година со ришкиот договор и станал дел од Новогрудското војводство од Втората Полска Република.

Слоним бил еден од многутте градови во Полска кои имале значително еврејско население. Импозантната голема синагога, изградена во 1642 година, го преживеала уништувањето и бруталната нацистичка ликвидација на Слонимското гето со 10,000 масакрирани евреи само во 1942 година. Десетте мали синагоги околу големата синагога не преживеале.

Втора светска војна

уреди

Во 1939 година, пактот Рибентроп-Молотов помеѓу Нацистичка Германија и Советскиот Сојуз резултирал со инвазија на Полска од страна на двете сили и нејзина поделба меѓу нив. Слоним бил во областа која според пактот била утврдена да потпадне под советска сфера на влијание. Советите ја ставиле таа област во рамките на Белоруската ССР. Две години подоцна, Германија извршила инвазија на Советскиот Сојуз (Операција Барбароса) и Слоним бил окупиран. Евреите од Слоним биле одведени во Слонимското гето поставено во населба наспроти мостот на реката Шчара. Кратко потоа, 70% од евреите во градот биле убиени од Ајнзацгрупи,[2] вклучувајќи 9,000 евреи на 14 ноември 1941 година. Второто масовно убиство на 8,000 евреи се случило во 1942 година. Во 1944 година, на инсистирање на Јозеф Сталин на јалтската конференција, Советскиот Сојуз го задржал поседот на овој дел од поранешна Полска, како што било договорено меѓу сојузниците. Полското население било насилно раселено назад во новата Полска во 1946 година.[3]

По распадот на Советскиот Сојуз, Слоним станал дел од независна Белорусија.

Историско население

уреди

Населението на Слоним флуктуирало, под влијание на локалниот просперитет и војните {1883, 21,110; 1897 15,893}. Еврејското населување во Слоним се чини дека започнало во 1388 година, по охрабрувањето од литванските власти. Тие биле заслужни за развојот на локалната трговија во 15. век, сепак, тие повремено биле протерани од војводството во 1503 година. Кон крајот на 19. век, еврејското население во Слоним се искачило на повеќе од 10,000 жители.[2]

Најбогато семејство во Слоним пред втората светска војна биле браќата Рабинович, Вигдор и Јосел. Нивните родители биле Добвер и Ривка Рохел. По првата светска војна, тие влегле во шумарскиот бизнис заедно со Јаков Миликовски, и биле познати како Рабмилс. Тие ги избегнале нацистичките злосторства летајќи кон Израел (Палестина во тој период).

Наводи

уреди
  1. „World Gazetteer“. Архивирано од изворникот на 2013-01-11. Посетено на 2016-10-16.
  2. 2,0 2,1 Lichtenstein, Kalman (1998). „The Ledger of Slonim“. Joanne Saltman. Архивирано од изворникот на 2007-08-07. Посетено на 8 September 2007.
  3. Gilbert, Martin (1986). The Holocaust. London: Fontana Press. стр. 184, 403. ISBN 0-00-637194-9.

Надворешни врски

уреди

53°05′N 25°19′E / 53.083° СГШ; 25.317° ИГД / 53.083; 25.317