Нортхајм
Нортхајм (германски: Northeim) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на германскиот пат на фахверк.
Нортхајм | |
Дел од традиционалната архитектура во фахверк низ градот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Нортхајм |
Градски единици | 16 |
Градоначалник | Ханс-Ерих Танхојзер (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 145,67 км2 |
Надм. височина | 120 м |
Население | 29.440 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 202 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NOM, EIN, GAN |
Пошт. бр. | 37154 |
Повик. бр. | 05551 05503 (Биле) 05553 (Имбсхаузен) 05554 (Шнедингхаузен) |
Портал | www.northeim.de |
Местоположба на градот Нортхајм во рамките на округот Нортхајм | |
Координати | 51°42′24″N 10°00′4″E / 51.70667° СГШ; 10.00111° ИГД |
Во минатото, градот бил дел од Ханзата. По површина, градот претставува втор најголем во Долна Саксонија.
Географија
уредиМестоположба
уредиНортхајм се наоѓа во јужниот дел на Долна Саксонија. Се наоѓа 20 километри северно од Гетинген. Низ средиштето на градот поминува 10. степен географска должина.
Низ Нортхајм тече реката Руме со нејзиниот канал.[2] Западно од градот поминува Лајне во насока југ-север. Во неа се влева Руме 4,5 километри северозападно од центарот на градот.
Нортхајм се наоѓа во Нортхајмската Езерска Област, која се простира на 360 хектари.
Градски единици
уреди
|
|
|
Соседни општини
уредиНортхајм на север се граничи со градот Ајнбек и општината Калефелд. На исток се граничи со општината Катленбург-Линдау. Јужно од Нортхајм се наоѓа Нертен-Харденберг, а западно е градот Моринген.
Историја
уредиРитигау или Грофовија Нортхајм Rittigau или Grafschaft Northeim
| |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
пред 982 – 1147 | |||||||||
Статус | вазал | ||||||||
Главен град | Нортхајм | ||||||||
Уредување | кнежевство | ||||||||
Историски период | среден век | ||||||||
• прво спомнување на градот | 800 | ||||||||
• прво спомнување на Ритигау | 982 | ||||||||
• прво спомнување на градот како седиште | 1002 | ||||||||
1061–70 | |||||||||
• исчезнување на династијата | 1147 | ||||||||
• Нортхајм добил градски права | 1252 | ||||||||
| |||||||||
Денес дел од | Германија |
Нортхајм првпат е споменат во 800 година во документ за пренос на имот од франконски благородник на манастирот во Фулда. Во X век, областа станала грофовија, управувана од грофовите на Нортхајм. Прв од нив, Зигфрид е споменат во 982 година. Од 1061 до 1070 година, грофот Отон II го држел племенското војводство на Баварија како царски феуд, но повторно го загубил поради неговата вклученост во саксонската завера против кралот Хајнрих IV.
Манастирот „Св. Блазиј“ бил основан околу 1100 година. Во 1252 година, Нортхајм ги добил градските права, а од 1384 до 1554 година бил член на Ханзата. Кога било воведено протестантството во 1532 година, сите цркви биле предадени на протестантите.
Дел од градот бил уништен од пожар во 1832 година, кога изгорело и претставителното Градско собрание од средниот век, како и 40 куќи. Поголема штета предизвика пожарот од 1892 година, кој уништил неколку значајни историски градби на плоштадот.
Откако железницата била изградена од Хановер до Гетинген, била изградена и делница до Нортхајм во 1854 година, со што градот добил на значење и станал железнички јазол. Железницата „Јужен Харц“ била отворена во 1868 година, а железницата „Золинг“ во 1878 година.
Во текот на Втората светска војна, Нортхајм бил бомбардиран во септември 1944 година, февруари 1945 година и во март 1945 година. Железничката станица, пет фабрики и 18 куќи биле целосно уништени, а 80 куќи биле оштетени.[3] За среќа, стариот дел на градот не претрпел штети.
Знаменитости
уредиПостојат многу зачувани куќи изградени во фахверк во стариот дел на градот. Најстарите фахверк-куќи биле изградени од дабово дрво во XV век.
Дел од стариот дел на градот е опкружен од средновековен бедем, кој бил изграден во периодот 1252-1305.
Најстара црква во Нортхајм е капелата „Св. Фабијан“ и „Св. Себастијан“, која била изградена во готски стил во средината на XIV век и обновена во 1985/86 година.[4] Црквата „Св. Сиксти“ била градена од 1464 до 1517 година. Поседува готски олтар од 1420 година и друг олтар од XVI век.[5] Откако црквата преминала на протестантите во 1539 година, повеќе не живееле католици во градот. Првата католичка црква која била изградена по реформацијата била Св. Богородица надвор од стариот дел на градот кон крајот на XIX век.
Меѓународни односи
уредиЗбратимени градови
уредиНортхајм е збратимен со следниве градови:
Сообраќај
уредиНортхајм има железнички врски со Гетинген и Хановер. Воедно, градот има мал аеродром источно од градот.
Познати луѓе
уреди- Ото Нортхајмски — војвода на Баварија
- Хајнрих Крајпе — генерал
- Ана Наклаб — пејачка
Галерија
уреди-
Замок Имбсхаузен
-
Васергасе (Wassergasse)
-
Капелите Св. Фабијан и Св. Себастијан
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Oberverwaltungsgericht Lüneburg: Beschluss vom 9. Februar 2009. 13 LA 155/07. dbovg.niedersachsen.de Архивирано на 19 јули 2011 г.
- ↑ Niedersächsisches Städtebuch. Braunschweig 1952
- ↑ G. Ulrich Großmann: Hannover und Südniedersachsen, p. 227. Cologne 1999
- ↑ G. Ulrich Großmann: Hannover und Südniedersachsen, p. 228. Cologne 1999
Надворешни врски
уреди- Нортхајм на Ризницата ?
- Матична страница (германски)
- . Encyclopædia Britannica (11. изд.). 1911.