Википедија:.Вести

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија која секој може да ја уредува
147.975 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Пума (научPuma concolor) — цицач од семејството на мачките кој живее во Америка. Оваа голема осамена мачка има поширок ареал од сите други животни на западната полутопка, распространета од Јукон во Канада, до јужниот дел на Андите во Јужна Америка. Пумата е многу прилагодлив вид и може да се најде во секое поголемо американско живеалиште. Пумата е втора најтешка мачка на американскиот континент по јагуарот, a четвртa во светот заедно со леопардот, по тигарот, лавот и јагуарот, иако е повеќе во сродство со помалите мачки.

Како вешт грабливец, пумата има широк спектар на пленови. Основен извор на храна му се копитарите како елен, лос, муфлон, како и домашно говедо, коњи, овци, пред се во северните делови на неговиот ареал, но лови и мали инсекти и глодачи. Пумата претпочита живеалишта со густи грмушки и камени површини за прикрадување, но може да живее и на отворен простор. Таа е територијално животно и преживува во мала бројност на популацијата. Големината на индивидуалната територија зависи од теренот, растителноста и изобилството на плен. Иако тоа е голем грабливец, не е секогаш доминантен вид во неговиот ареал кога се натпреварува за плен со други грабливци како што се јагуарот, сивиот волк, американската црна мечка и гризли мечката. Пумата е самотна мачка и обично ги избегнува луѓето. Нападите врз луѓето се ретки, и покрај скорешната зачестеност. (Дознајте повеќе...)

Дали сте знаеле дека…

Од најновите статии на Википедија:

Горчливото Езеро со трски
Горчливото Езеро со трски
Вести
На денешен ден…

Денес е 22 декември, 2024

Настани:

1514  Диего Веласкес де Куељар го основа градот Тринидад во Куба.
1808  Лудвиг ван Бетовен ја одржал премиерата на својата Петта симфонија во Виена.
1849  Во последен миг е откажано погубувањето на Фјодор Достоевски.
1943  Се одржа прв конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ). Одлуките на овој конгрес имаа за цел да ја засилат борбата против окупаторот, да се ангажира младината во создавањето на народната власт, да работи на културното-просветното поле и друго.
1999  Основана е Либералната партија на Македонија.
2008  Љубомир Фрчковски е осуден за клевета, навреда и омаловажување на Никола Груевски, изнесени во колумна во весникот „Дневник“.

Родени:

1639  Жан Расин — француски драмски писател.
1756  Јохан Фридрих Пфаф — германски математичар, професор на Карл Фридрих Гаус.
1858  Џакомо Пучини — италијански оперски композитор.
1876  Филипо Томазо Маринети — италијански поет и теоретичар, основач на футуризмот.
1908  Кочо Рацин — македонски поет и револуционер.
1915  Томо Томоски — македонски историчар и археолог, еден од водечките медиевисти во земјата.
1926  Хајрудин Крвавац — босански и југословенски филмски режисер.
1935  Семка Соколовиќ - Берток — југословенска глумица.
1940  Георги Ајановски — македонски писател.
1950  Зијах Соколовиќ - босански глумец.
1956  Соломон Паси — бугарски политичар.
1956  Галина Петрова — руска глумица.
1959  Џон Патитучи — американски џез-музичар.
1959  Бернд Шустер — германски фудбалер и тренер.
1960  Жан Мишел Баскија — француски сликар.
1963  Џузепе Бергоми — италијански фудбалер.
1967  Дан Петреску — романски фудбалер.
1981  Момир Илиќ — српски ракометар.
1990  Страхиња Милиќ — српски ракометар.
1990  Марко Ивовиќ — српски одбојкар.

Починале:

69  Вителиј — римски цар.
1603  Мехмед III — отомански султан.
1880  Мери Ен Еванс — англиска писателка позната под псевдонимот Џорџ Елиот.
1936  Николај Островски — советски писател.
1989  Семјуел Бекет — ирски писател, драматург и поет.
2002  Џо Страмер — англиски музичар.
2004  Јосип Генералиќ — хрватски сликар.
2006  Ефтим Таковски — македонски новинар, писател и првиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Слика на денот

Шимпанзо (Pan troglodytes) во шумскиот национален парк „Кибале“, Уганда.
Мултимедијална содржина
mini

„Оркестар“ од ксилофонисти и вибрафонисти (видео)
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е специјален тип на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Помош за нови соработници — Место за добивање на помош околу уредувањето и за снаоѓање по Википедија.
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Биро за консултации — Служејќи како виртуелни библиотекари, нашите волонтери даваат одговори на вашите прашања од многу области.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на над 250 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија, непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Заедничка ризница
Заедничка медиумска колекција
Викивести
Извор на вести со бесплатна содржина
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка цитати
Викикниги
Бесплатни учебници и прирачници
Викиизвор
Библиотека на слободни дела
Викивидови
Директориум на видови
Викиуниверзитет
Слободни материјали и активности за учење
Мета-Вики
Координација на проектот „Викимедија“