Портал:Физика
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
ФИЗИКА
Физика (од грчки: φυσικός (physikos)= природно) е наука што се занимава со енергијата и нејзиниот однос со материјата. Заради значењето на енергијата во историјата на вселената, енергијата е клучот во процесот на разлагање на материјата во нејзините најосновни делови, по што и физиката често се смета за фундаментална наука. Прочитајте повеќе
Избрана статија
Ласер (англиски: Light Amplification by Stimulated Emission of Radiation или засилување на светлината со стимулирана емисија на зрачење) е оптички извор кој емитира фотони во кохерентен зрак. Зборот исто така потекнува од глаголот ласира кој што значи „да се создава кохерентна светлина“ или пак „ да се сече со кохерентна светлина“, и претставува корен на зборот ласер. Ласерската светлина е скоро монохроматска, т.е. се состои од единечна бранова должина односно боја емитирана во тесен сноп. Ова е спротивно на вообичаените извори на светлина, како обичната светилка која емитира некохерентни фотони во скоро сите правци, и вообичаено во широк спектар на бранови должини.
Во 1916, Алберт Ајнштајн ги постави темелите за пронаоѓањето на ласерот и неговиот предок, масерот, со револуционерна редеривација на Планковиот закон за зрачење заснован на концептите на спонтана и индуцирана емисија. Теоријата остана заборавена сè до Втората Светска војна. Прочитајте повеќе
Категории
Избрана слика
Избрана биографија
Алберт Ајнштајн (14 март, 1879 – 18 април, 1955) бил германски теориски физичар, најпознат по неговата теорија за релативноста и теоријата за масено-енергетска еквиваленција, . Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година „за неговата работа во полето на теориската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект. Прочитајте повеќе
Дали сте знаеле...
- ... дека секоја година, Месечината се оддалечува 3.82 cm од Земјата?
- ... декачетврта димензија е времето, а кога се вели четиреидимензионален простор се мисли на време-просторот?
- ... дека златото е погусто од оловото?
- ... декабојата на третиот прстен околу отпорникот претставува мултипликатор и зависно од бојата го одредува бројот на нулите?
- ... дека процесот на претворање на телата од цврста во гасовита агрегатна состојба без притоа да се претворат во течна агрегатна состојба се нарекува сублимација?