Портал:Екологија
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
ЕКОЛОГИЈА
Поимот екологија ("oekologie") е составен во 1866 од страна на германскиот биолог, Ернст Хекел, од грчкиот oikos што значи „домаќинство“ и logos што значи „наука“, или наука за домот. Прочитајте повеќе
Избрана статија
Под кружење на водата се подразбира постојаната размена на вода помеѓу атмосферата, водените површини, надземните и подземните води и растенијата.
Водата во природата е во постојано движење преку процесот на размена:
- испарува од океаните, морињата и другите водени површини во атмосферата како водена пареа која потоа формира облаци;
- транспирира од растенијата во атмосферата;
- врне во форма на дожд, снег и други форми од атмосферата и паѓа назад во морињата и на копното; и
- тече по копнените површини како резултат од врнежи и топење на снег и мраз и обично стасува до морињата.
Категории
Избрана слика
Избрана биографија
Мјуреј Букчин (14 јануари 1921 – 30 јули 2006) бил американски либертаријански социјалист, основач на социјалната екологија, школа на либертаријанско-социјалистичката и екологистичката мисла. Автор е на многу книги од областа на политиката, екологијата, филозофијата, историјата и урбанистиката.
Букчин беше радикален антикапиталист и голем поборник на децентрализацијата. Неговите дела за либертаријанскиот муниципализам, теорија за непосредна, базична демократија, имаше свое влијание врз зеленото движење и врз антикапиталистичките групи ориентирани кон директна акција. Букчин беше познат и како решителен критичар на биоцентристичката ориентација на длабоката екологија. Прочитајте повеќе
Дали сте знаеле...
- ... дека стаклото не се троши и може да се рециклира до бесконечност?
- ... дека во селвасите покрај течението на реката Амазон се кријат голем број на неоткриени растителни видови?
- ... дека истоветноста на бојата на животната средина со бојата на животните се нарекува мимикрија?
- ... дека просторот на Земјата на кој има живот се нарекува екумена?