Портал:Економија

уреди   

ЕКОНОМИЈА

Economic template.svg

Поимот економија (на грчки Οικονομικά) потекнува од грчките зборови „еко“ (οίκω=домаќинство) и „номос“ (νέμω=закон) и претставува општествена наука што се занимава со изучување на прераспределбата на недостатните ресурси со помош на мерливи менливи. Овие изучувања вклучуваат анализа на производство, дистрибуција, трговија и потрошувачка на добра и услуги. Економијата се смета за позитивна кога се обидува да ги објасни последиците на различните избори во даден сет претпоставки и набљудувања, и нормативна кога препорачува одредена постапка што треба да се преземе. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана статија

Микроекономија е дел од економијата кој се занимава со проучување како поединците, домаќинствата и компаниите донесуваат одлуки за алокација на ограничените ресурси, посебно на пазарите каде стоките или услугите се продаваат или купуваат.

Микроекономијата испитува каков ефект имаат овие одлуки и однесувања врз понудата и побарувачката на добра и услугите, кои ги одредуваат цените, и како цените, обратно, ја одредуваат понудата и побарувачката на стоките и услугите.

Од друга страна пак, Макроекономијата ја испитува збирната економска активност, одсликана преку економскиот раст, инфлацијата и невработеноста. Исто така ги проучува и политиките кои се обраќаат на овие проблеми. Посебно после Лукасовата Критка, голем дел од макроекономската теорија има микроекономски фундаменти. Прочитајте повеќе


уреди   

Категории

уреди   

Избрана слика

5000-denari.jpg
Аверс на банкнотата од 5000 денари. Бронзена фигура на Менада (VI пр.н.е), Тетово; на левата страна бронзена евхаристична гулабица (XIII век), Охридско.
уреди   

Избрана биографија

Адам Смит

Адам Смит (анг: Adam Smith, 1723-1790) бил британски политички економист и филозоф. Автор е на прочуената Богатството на народите: Иследување на неговата природа и причини (1776), која е еден од првите обиди за разгледување на историското развивање на индустријата и трговијата во Европа. Овој труд е особено важен за научната дисциплина економија и е една од најизвестните прегледи во поткрепа на слободната трговија, капитализмот и либералството. Адам Смит е еден од најзначајните претставници на англиската класична политичка економија.

На околу 14-годишна возраст се запишал во универзитет. Учил философија најпрвин во Глазгов, потоа на Оксфордскиот универзитет (1740-1746). Големо влијание врз кариерата на Адам Смит имаат Френсис Хатчесен (1694-1746) и Дејвид Хјум (1711-1776). Прочитајте повеќе

уреди   

Дали сте знаеле...


уреди   

Клучни статии

уреди   

Поврзани портали

Gnome-home.svg
Crystal kformula.png
Scale of justice 2.svg

Грешка: мора да се назначи слика во првиот ред

Општество Математика Право Политика
уреди   

Економија на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)