Портал:Археологија

уреди  

А Р Х Е О Л О Г И Ј А

Археологија е наука којашто ги изучува материјалните остатоци, односно сите видливи траги на човечката дејност поради запознавање со нивната содржина во одредено време и простор, како и поради нивното значење во определена социјална, економска и историска опкруженост. Иако оваа наука вообичаено се поврзува со ,,старите работи", односно со дамнешното минато, со неа се опфаќа временски период од најстарите материјални остатоци па сè до нашево совремие.

Прочитајте повеќе


уреди  

Камено доба

Вилендорфска Венера — една од напознатите фигурини од палеолитот.

Палеолит, е термин со кој Л. Лубок во 1865 година ја означил најстарата и најдолга предисториска епоха. Материјалната култура на овој период ја оствариле мали човечки заедници (едно или неколку семејства), чиj опстанок се базирал на ловечко - собирачки начин на живеење. Подвижноста на ваквите заедници била ускладена со годишните времиња, користењето на природните ресурси, или помалку или повеќе широкиот спектар на растителни или животински видови на одредена територија. Поради тоа археолошката документација за палеолитските заедници се однесува на трагите кои тие ги оставиле зад себе во Пештерапештерите, поткарпите, или на отворен простор (огништа, орудија, коски од уловените животни). Прочитајте повеќе


уреди  

Бронзено доба

Разни орудија од бронзеното доба.
Разни орудија од бронзеното доба.
Бронзеното доба е период на пресвртница, кога човекот станува свесен за улогата и значењето на металот во неговиот живот. Особено тоа се однесува на користењето на бронзата, која е легура на бакар и калај, чиј квалитет од своја страна ќе овозможи и поинтензивен економски живот.

Се разбира, економскиот живот, го определил и правецот на општествениот, политичкиот и духовниот развој на популацијата која го има прифатено новиот тек на развиток во новооткриената технологија. Рапидниот економски прогрес резултирал со појава на првите европски градови, како што се Троја, Крит, Микена, кои се забележани во подоцнежните епохални литературни извори, како и градење на тврдини и владетелски палати. Во тие рамки се манифестирало и самото религиско сфаќање во склоп на архитектурата, сликарството и скулптурата. Веќе припитомениот коњ и користењето на колата, како во земјоделството, така и во воените походи, овозможиле ширење на сообраќајот, трговијата и комуникацијата дури и со географски најоддалечените области.

Бронзениот период е носител и на појавата на првото европско писмо, што се јавило на Крит. Временскиот распон од III и II милениум п.н.е. меѓу народите кои живеат во Егејската област, веќе го носи печатот на културно развиениот европски дух, додека северните земји сè уште живеат во претходниот стадиум од развојот на човештвото. Прочитајте повеќе


уреди  

Шанец

Велепоседничката куќа Бадезли Клинтон во Ворикшир, Англија

Шанец е вештачки канал околу некоја градба со значење и речиси секогаш служи за спречување на пристапот кон таа градба. Тие нашле широка примена кај замоците, но и кај разни други градби. Шанците се длабоки ровови наполнети со вода, конструирани со цел да спречат напад на замок, бедем или друго утврдување. Прочитајте повеќе


уреди  

Категории


уреди  

Значајно

Археолошки наоѓалишта:

Не е пронајдена категорија Значајни археолошки наоѓалишта (Република Македонија)

Тауресиум

Археолошки артефакти:

Не е пронајдена категорија Значајни археолошки артефакти (Република Македонија)


уреди  

Личности

Предлошка:ВикиПроект Археомак 2.0 хипер навигација Блага Алексова е родена на 20 јануари 1922 година во Тетово. Гимназија завршила во Скопје, а дипломирала на Групата за историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Скопје во 1950 година. Докторирала на тема од областа на средновековната археологија на Универзитетот во Љубљана во 1958 година. Работела како кустос во Градскиот музеј на Скопје од 1948 до 1950 година и во Археолошкиот музеј на Македонија (19501975), каде што го раководела Одделението за средновековна археологија. Од 1962 до 1975 година била директор на оваа национална институција. Специјализирала во Центарот за византиски студии на Харвардскиот универзитет во Вашингтон (1971 и 1983). Од 1975 година па сè до пензионирањето во 1983 работела во Институтот за историја на уметноста со археологија како професор по средновековна и ранохристијанска археологија.Прочитајте повеќе


уреди  

ВикиПроект Археомак 2.0

Проектот Археомак има за цел да помогне постоечките и новосоздадените статии од областа на археологијата и информациите содржани во нив подобро да се организираат, да се координира работата на википедијанците во поглед на категоризација, надополнување и презентација на археолошките информации. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата на википедијанците.

Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете придонес во уредувањето на статиите и информациите од оваа област.

уреди  

Стоби

Јужно од градот се наоѓаат траги од предградија, додека портата на градот што води кон Хераклеја, а по падините од Гробјанската црква до базиликата во Паликура, се наоѓаат повеќе некрополи. Тие некрополи се од хеленистички, римски, византиски и словенски период. Најстари пишани извори за Стоби наоѓаме кај Ливиј (Livij), кога споменува за победата на Филип V, крал на Македонија, над Дарданците во 197 г. п.н.е. Според археолошките податоци градот бил подигнат во хеленистичкиот период, но не многу пред владеењето на Филип V. Прочитајте повеќе

Теодосијанската палата Во Стоби
уреди  

галерија на слики