Портал:Спорт
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
СПОРТ
Спорт е поим под кој се подразбира нормална физичка активност или вештина изведена под јавно прифатени правила и со цел да рекреира: за натпреварување, за сопствено уживање, за усовршување, за развивање на вештина, или за комбинација од наведените. Она што го карактеризира секој спорт е јасната цел, комбинирана со впечатокот за индивидуална (или тимска) вештина или способност.
Избрана статија
ФК Манчестер Јунајтед — професионален фудбалски клуб од Манчестер, Англија, кој се натпреварува во Премиер лигата, највисокото фудбалско натпреварување во англискиот фудбалски систем. Познат под прекарот "Црвени ѓаволи", клубот бил основан под името Њутн Хит во 1878 година, го променил своето име во Манчестер Јунајтед во 1902 година, и започнал да игра на сегашниот стадион Олд Трафорд во 1910 година.
Манчестер Јунајтед е најуспешен клуб во Англија, со освоени рекордни 20 национални титули, 12 титули во ФА Купот, 5 титули во Лига Купот и рекордна 21 титула во ФА Комјунити шилд. Клубот исто така трипати ја освоил УЕФА Лигата на шампионите, еднаш УЕФА Лигата на Европа, еднаш УЕФА Купот на победниците на куповите, еднаш Суперкупот на УЕФА, еднаш Интерконтинеталниот куп и еднаш Светското клупско првенство. Во сезоната 1998–99, клубот станал прв во историјата на англискиот фудбал кој во една сезона успеал да ги освои титулите во Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите. Во сезоната 2016–17, со освојувањето на Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед станал само петти клуб во историјата кој ги освоил сите три клупски натпреварувања на УЕФА.
Прочитајте повеќеДали знаете...
- ... дека првите Панамерикански игри се одржани во Буенос Аирес во 1951 година?
- ... дека фудбалската репрезентација на Бразил никогаш не го освоила златниот медал на Олимписките игри?
- ... дека спортовите ракомет, кошарка, ватерполо и шах се единствените тимски спортови во кои репрезентацијата на Македонија учествувала на некое големо натпреварување?
- ... дека женската кошаркарска репрезентација на Советскиот Сојуз на 22 учества на Европските првенства освоила 21 златен и 1 сребрен медал?
- ... дека Кошаркарскиот тим од НБА лигата Бостон Селтикс има освоено најголем број на титули (17)?