Томо Томоски (историчар)

македонски историчар и археолог

Томо Томоски (22 декември 1915 - 3 мај 2004) — македонски историчар и археолог, еден од водечките медиевисти во земјата.[1][2]

Томо Томоски
Роден 22 декември 1915(1915-12-22)
Скопје, Македонија
Починал 3 мај 2004(2004-05-03) (возр. 88), Македонија
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање историчар, археолог

Животопис

уреди

Роден е на 22 декември 1915 г. во Скопје, тогаш окупирано од Царството Бугарија за време на Првата светска војна.[2][1] Завршил основно и средно образование во Скопје,[2] Во 1948 г. дипломирал историја на Филозофскиот факултет при Љубљанскиот универзитет.[2][1]

Во 1949 г. станал асистент на Филозофскиот факултет при Скопскиот универзитет. Во 1958 г. ја одбранил докторската дисертација на тема „Средновековните градови во нашите клисури“. Истата година станал доцент, во 1963 вонреден професор, а во 1970 г. станал редовен професор на факултетот. Бил продекан на факултот и шеф на Катедрата по историја. Предавал општа историја на средниот век и раководел со многу археолошки ископувања.[1] Бил еден од авторите на капиталното дело „Историја народа Југославије“ (1953), тритомната „Историја на македонскиот народ“ (1969), „Историја на македонскиот народ“ на руски јазик во издание на МАНУ, а учествувал и во подготовка на „Енциклопедија на Југославија“.[2] Се пензионирал во 1983 г.

Починал во Скопје на 3 мај 2004 г.[2][1]

Награди

уреди

Трудови

уреди

Автор е на бројни монографии и научни трудови:[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1494. ISBN 978-608-203-024-1.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „д–р Томо Томоски“. Филозофски факултет - Скопје. Посетено на 10 декември 2022.
  3. „Томоски, Томо“. repository.ukim.mk. Репозиториум на трудови на УКИМ. Посетено на 14 февруари 2023.

Надворешни врски

уреди