22 декември (настани)

шаблон на Викимедија
1514  Диего Веласкес де Куељар го основа градот Тринидад во Куба.
1808  Лудвиг ван Бетовен ја одржал премиерата на својата Петта симфонија во Виена.
1849  Во последен миг е откажано погубувањето на Фјодор Достоевски.
1943  Се одржа прв конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ). Одлуките на овој конгрес имаа за цел да ја засилат борбата против окупаторот, да се ангажира младината во создавањето на народната власт, да работи на културното-просветното поле и друго.
1999  Основана е Либералната партија на Македонија.
2008  Љубомир Фрчковски е осуден за клевета, навреда и омаловажување на Никола Груевски, изнесени во колумна во весникот „Дневник“.