Народноослободителен младински сојуз на Македонија

(Пренасочено од НОМСМ)

Народноослободителниот младински сојуз на Македонија била антифашистичка организација на македонската младина во времето на Втората светска војна. Во услови на Окупација на Македонија , активноста на прогресивната младина на Македонија била насочувана преку месните комитети на КПЈ, подоцна КПМ, а потоа биле формирани Младински одбор за Македонија, ПК на СКОЈ за Македонија и Акционен одбор на НОМСМ за организирање на младината на слободната и на окупираната територија, како и во единиците на НОВ и ПОМ.

По пренесувањето на тежиштето на НОБ во Егејскиот дел на Македонија, во село Фуштани на 22 декември, 1943 година бил одржан Првиот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија со учество на 280 делегати од сите краишта на Македонија,[1] како и со присуство на претставници од албанската, бугарската и грчката младина. На Конгресот бил конституиран НОМСМ, било избрано раководство и биле усвоени Резолуција и Проглас до младината на Македонија [2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 388–389. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. Владо Иваноски, Активноста на СКОЈ и Народната младина на Македонија за време на НОВ, 1941–1945, посебно издание, Скопје, 1980