Тринидад (шпан. Trinidad), нас. 71.776 жители (1998), е град во покраината Санкти Спиритус во централна Куба. Заедно со блиската Долина на Шеќераните е прогласен за светско наследство на УНЕСКО во 1988 г.

Тринидад
Trinidad
Поглед на Тринидад
Поглед на Тринидад
Местоположба на Тринидад Trinidad
ПокраинаСанкти Спиритус
Основан23 декември 1514
Површина
 • Вкупна1.157,49 км2 (44,691 ми2)
Население
 • Вкупно73,287 (2.003)
 • Густина63,43/км2 (16,430/ми2)
Мреж. местоТринидад

Историја

уреди

Тринидад е основан во 1514 од Диего Веласкес де Куељар под името Вила Де ла Сантисима Тринидад. Ова е меѓу најдобро зачуваните градови на Карибите од времето кога шеќерната трска била главна стопанска гранка.

Стопанство

уреди

Денес најважната стопанска гранка е тутунарството. Најстарите маала се добро зачувани бидејќи заради добриот туризам. За разлика од ова, некои маала кои не се туристички се многу трошни и запоставени, особено во центарот.

Надвор од градот се протега полуостровот Анкон, со долга песоклива плажа (Плаја Анкон) и неколку одморалишта. Анкон е едно од првите одморалишта во Куба направени по револуцијата од 1959 г.

Атракции

уреди
  • Плаза Мајор
  • Музеј на општинска историја
  • Катедрала Сантисима Тринидад (Пресвета Троица)

Занимливости

уреди

Надворешни врски

уреди