Портал:Математика
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
Портал Математика
Овде е јазолот на сите статии поврзани со математиката кои ги содржи Википедија на македонски јазик. Mоментално има ограничен број статии од полето на математиката, но напорно работиме на проширување на постоечките и изработка на нови! Доколку имате желба и сте квалификувани, тогаш можете да ѝ помогнете на мк.вики со тоа што ќе учествувате во уредувањето. Можете да почнете со проширување на постоечките статии, или пак да креирате нова статија од почеток.
Статиите се детални, разбирливи, но во себе носат математичка тежина која се трудиме да ја држиме во рамнотежа со нивото на изложеното. Ова е сѐ со цел, преку Википедија, да ја направиме математиката подостапна и поразбирлива за нематематичарите.
Како за почеток имајте ја на ум следнава мисла на Џон фон Нојман:
Како за крај, ако имате некое прашање или сугестија, тогаш тогаш изнесете ги вашите ставови на страната за разговор на порталот за математика или на соодветната страна за разговор на некоја од статиите.
Одбрана статија
Математичката константа π е ирационален реален број, кој го претставува односот на периметарот на една кружница со нејзиниот пречник во Евклидовата геометрија. Бројот π има широка примена во математиката, физиката и инженерството, но се среќава и во други науки. Бројот π исто така е познат и како Архимедова константа (што не е исто со Архимедов број) и како Лудолфов број (по германскиот математичар Лудолф ван Цојлен кој го пресметувал на многу децимали). Постојат различни начини за изразување на Архимедовата константа како дропка, еден од кои е дропката 22⁄7. Постојат брзи методи за генерирање на бројот π со произволна точност. Неговата приближна вредност на пет децимали изнесува 3,14159. прочитајте повеќе
Одбрана слика
Категории
Дали сте знаеле...
Каде да почнете
Препорачуваме да започнете од елементарните поими. Исто може да ги консултирате и поопштите статии, како: Математика, Алгебра, Геометрија, Тригонометрија, Број, Математичка анализа и сл. Меѓутоа, имајте на ум дека статиите не се изложени како во учебник, затоа што Википедија не е учебник, туку енциклопедија.
Некои од статиите бараат предзнаење. Ова значи дека без соодветна математичка основа, читателот нема да е во состојба целосно и точно да ја разбере содржината на статијата/статиите. Ви советуваме да се користите со истите статии на други јазици за да добиете поцелосна слика за темата обработена во статијата која ја консултирате.
Теми во математиката
Општа математика | Основи на математиката | Теорија на броевите | Дискретна математика |
---|---|---|---|
Математичка анализа | Алгебра | Геометрија и топологија | Применета математика |