Семјуел Бекет
Семјуел Бекет (анг. Samuel Beckett; 13 април 1906 — 22 декември 1989) — ирски писател, драматург, романописец и поет и претставник на т.н. „театар на апсурдот“. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1969 година за творештвото кое, во новите форми на романот и на драмата, мизеријата на човекот ја претвора во радост.[2].
Семјуел Бекет Samuel Beckett | |
---|---|
![]() Бекет во 1977 г. | |
Псевдоним | Ендрју Белис (Скорешна ирска поезија)[1] |
Занимање | романописец, раскажувач, драматург, поет, есеист |
Јазик | англиски, француски |
Националност | Ирец |
Жанр | драма, проза, поезија, филм |
Книжевно движење | Висок модернизам |
Значајни награди | Нобелова награда за литература (1969) |
Рани години Уреди
Се запишал во Тринити колеџот во Даблин, каде што изучувал современи јазици и го завршил во 1927 година. Во 1928 година станал лектор по англиски јазик во Еколнормал во Париз.[3]
Творештво Уреди
Творештвото на Бекет претставува поглед врз човековата култура на формален и филозофско минималистички начин. Како ученик, асистент и пријател на Џемс Џојс, Бекет се смета за еден од доцните модернисти; како вдахновение за многу подоцнежни писатели, тој понекогаш се смета и за еден од првите постмодернисти.
Започнал да ја пишува монографијата Пруст, објавена во 1931 година. по смртта на татко му,1933 година, живеел во Лондон. Започнал да го пишува романот Марфи, издаден во 1938 година, со кој се утврдува како писател.
Во 1953 година го објавил романот Вот, а потоа трилогијата Малоа во 1951 година, Малон умира1951 година и Безимениот1953 година.[3]
Негово најпознато дело е трагикомедијата во два чина „Чекајќи го Годо“ (1952) година. Со оваа драма, поставена првпат во Париз, 1953 година, Бекет станува светски познат.
Следните пиеси: Крај на играта, 1957, Последната нишка, 1959 и Среќни денови, 1961 го зацврстуваат како водечка фигура во театарот на апсурдот.
Во 1960 година Бекет продолжил да пишува за театарот, радиото и телевизијата. Во 70-те години Бекет пишувал главно едночинки, а некои од нив ги поставувал сам во Лондон и во Западна Германија.[3]
Поврзано Уреди
Наводи Уреди
- ↑ „Fathoms from Anywhere - изложба за Семјуел Бекет“. Архивирано од изворникот на 2007-10-13. Посетено на 2009-01-22.
- ↑ „Нобеловата награда за литература 1969“. Архивирано од изворникот на 2009-01-08. Посетено на 2009-01-22.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Проект- превод на книжевни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена, Битола, 2009
Оваа статија за писател, поет или драматург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа биографска статија за личност од Ирска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |