Портал:Геологија
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
ГЕОЛОГИЈА
Геологијата е наука за настанувањето, градбата и составот на Земјата, наука за процесите и пројавите што настанувале и настануваат на површината од Земјата и во нејзините длабочини.
Избрана статија
Езерата се поголеми вдлабнатини на Земјината површина исполнети со вода, која не е во непосредна врска со морските површини. За разлика од подземните басени врз кои и речиси не влијаат климатските фактори и кои немаат флора и фауна, езерата се облици на пејзаж кои зависат од областа во која се наоѓаат и често имаат многу богата флора и фауна. Се создаваат во природни котлини и обично добиваат вода од дождовите и од реките, а дел од оваа вода се испушта во друга река или со понирање. Но, постојат и езера од кои не истекува водата, а можат да имаат реки кои им носат вода. Вакви езера се чести во пустинските области. Во други случаи, езерото исполнува затворена вдлабнатина и собира вода само од дождовите, како што е случај со езерата што ги исполниле поранешните вулкански котлини или шуплини, ископани од некој ледник. Прочитајте повеќе
Дали сте знаеле...
- ... дека основните типови на карпи се магматски, метаморфни и седиментни?
- ... дека епохата во којашто живееме се вика холоцен?
- ... дека пред околу 250 милиони години, сите континенти биле споени сочинувајќи џиновски континент наречен Пангеја?