Портал:Право
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија уреди
ПРАВОПраво е збир на норми, правни правила со кои се уредуваат односите помеѓу поединците во една држава, чии што однесувања треба да бидат во согласност со истите и во чии рамки се предвидуваат казните за оние што ќе ги прекршат тие правила. Во поширока смисла, под поимот право се подразбира општествена применета наука. Прочитајте повеќе уреди
Избрана статијаХамурабиевиот законик (создаден ~ 1760 п.н.е.) е еден од првите збирки закони (законици или кодекси) и најдобро зачуваниот пример на овој вид на документ од Месопотамија. Создател на законикот е Хамураби. Претходни збирки на закони се Законикот на Ур-Наму, крал на Ур (~ 2050 п.н.е.), Законикот на Ешуна (~ 1930 п.н.е.) и Законикот на Липит-Иштар од Исин (~ 1870 п.н.е.). Законикот набројува кривични дела и ним соодветните казни, како и решенија за чести спорови и водич за поведение на граѓаните. Во законикот нема место за објаснувања и опрадвувања, но, се разбира, дава можност за изложување на докази. За опсежен преглед, видете Вавилонско право. Законикот стоел јавно, на очиглед на секој; така, никој не можел да се оправдува дека не го познавал законот. Меѓутоа стручњаците претпоставуваат дека во тоа време ретко кој обичен граѓанин знаел да чита. Прочитајте повеќе уреди
Дали сте знаеле...
уреди
УставУставот на Филипините (Saligang Batas ng Pilipinas на филипински) е најврвниот закон на филипините. За прв пат е употребен по прогласувањето на републиката во 1898. Потоа во 1987,е променет и сега популарно се нарекува "1987 Constitution". Променет беше од поранешната претседателка Корасон Акино во 1986. Прочитајте повеќе уреди
Клучни статииПраво | Јуриспруденција | Хамурабиев законик | Римско граѓанско право | Голема повелба | Судство | Устав | Амандман | Државјанство | Граѓанско право | Казнено право | Жалба | Закон | Суд | Меѓународно право
уреди
Работи кои може да ги направиш
уреди
Избрана биографијаМарко Тулиј Цицерон или само Цицерон (лат. Marcus Tullius Cicero, 3 јануари, 106 п.н.е. – 7 декември, 43 п.н.е.) бил оратор и државник во Стариот Рим и генерално се смета за најголемиот говорник на сите времиња. Цицерон се родил во Арпинум, а бил убиен во Формија додека се криел од своите политички непријатели. Тејлор напишал (како што е цитирано во „Освртти“) „Не е претерано да се каже дека најбрилијантната ера на Римскиот јавен живот беше отворена од Цицерон и затворена со неговата смрт—тој стоеше зад својот живот (потекло) и ја следеше својата судбина до гроб.“ Неговата фамилија, од родот Тулиј, биле едни од земјопоседниците и благородници во Арпинум и поседувале слава и богатство поголеми од другите фамилии во Арпинум, Марии. Прочитајте повеќе уреди
Избрана слика
уреди
Категории |