Википедија:Огласна табла за администратори


Однесување на корисникот ВиолетоваУреди

Станува збор за статијата Филип Петровски. Корисникот Виолетова избриша реченици кои директно се цитирани од списанието „Фокус“ велејќи дека цитираната статија ја немало на интернет. Откако на нејзината разговорна страница и објаснив дека е најдобро да побара од корисникот ГП, кој ја напишал содржината, по мејл да ѝ испрати скенирани страници од „Фокус“, повторно ревертираше со истото објаснување дека статијата од Фокус ја нема на Интернет. Како шлаг на тортата, своерачно ја заклучи статијата иако е вмешана страна во спорот. Вакво несериозно однесување од администратор ретко имам видено. Молам за трето мислење.--Retrohead (разговор) 18:58, 2 мај 2017 (CEST)

  • Виолетова е една од постарите уредувачи на мк википедија... Работи согласно правилата на википедија... сметам дека делувањето на Retrohead е чисто троловско... --Еден Македонец (разговор) 19:03, 2 мај 2017 (CEST)
И стварно не знам како овој коментар има врска со поднесеното барање. Молам прво прочитај го спорот па дај мислење.--Retrohead (разговор) 19:04, 2 мај 2017 (CEST)
Навистина сум изненаден поради бришењето на моето уредување, поради две причини: прво, во него немаше ништо спорно, навредливо итн., туку станува збор за наведување факти; второ, уредувањето беше поткрепено со соодветен извор, а тоа е списанието „Фокус“. Не знаев дека единствениот критериум за вклучување на некој извор е него да го има на интернет. На пример, што ако цитирате некоја книга (да речеме, Историја на македонскииот народ), која е во печатена форма, т.е. ја нема на интернет? И во тој случај, уредувањето ќе биде избришано, зашто изворот го нема на интернет? Не сум некој искусен уредувач, ама ова навистина не го разбирам. Всушност, малку сум разочаран, зашто на овој начин ми се намалува мотивацијата да продолжам со уредување, зашто некои администратори си земаат преголема слобода. Поздрав. ГП (разговор) 19:15, 2 мај 2017 (CEST)
Се работи за измени наравени од мене. Линковите се непостоечки, и се избришани и/или заменети со други постоечки, а некаде беа користени како потврда линкови од блог. Спорната реченица избришана од статијата не само што е нерелевантна за статија за биографија, туку и нема соодветен линк, освен пишан текст во Фокус во кој е пренесено од анкетени лист доставен до Антикорупциската комисија. Го опоменав корисникот Retrohead да не ги враќа промените и да види што сè враќа, но откако двапати ги врати измените, ја заклучив статијата, за да нема уредувачки војни. Поздрав - Виолетова (разговор) 19:19, 2 мај 2017 (CEST)
Видете Виолетова, штом сте вмешана страна во спор, ќе побарате друг администратор да делува. Ова твоето е „кадија те тужи, кадија ти суди“. Второ, товарот е врз тебе да обезбедиш консензус за промените бидејќи ти ги иницираш. Вака да си направиш како ти чини па да заклучиш статија е детски и крајно несериозно.--Retrohead (разговор) 19:42, 2 мај 2017 (CEST)
Со смирени глави. И да згрешила Виолетова, човек е се случува. Вратете ја статијата на последната стабилна верзија и промените да се дискутираат на разговорната страница. Направи проблеми и недоразбирања и со други корисници. Колку што разбрав Виолетова бришела реченица која не може никако да се провери, а ГП си сфати него го ревертирала. Ве молам да не се расправате за глупости и избегнувајте теми кои може лесно да не исполитизираат. Веќе пишав еднаш за ова. --Никола Стоіаноски 19:47, 2 мај 2017 (CEST)

Заклучување страница се прави заради избегнување на уредувачка војна. Консензус за секои промени не треба да се обезбедува, инаку Википедија не би можела да се надградува, ниту текстовите ќе бидат веродостојни - Виолетова (разговор) 19:48, 2 мај 2017 (CEST)

Ако нешто е оспорено, да, ќе се бара консензус.--Retrohead (разговор) 19:50, 2 мај 2017 (CEST)
Апсолутно.--Никола Стоіаноски 20:00, 2 мај 2017 (CEST)
  • Како што можев да разберам од напишаното на сите вмешани страни и како што ја проверив историјата на страницата „Филип Петровски“, моето мислење е следно: 1. добро е што страницата е заклучена за уредување додека не го разрешиме тоа тука, иако можеби е добро да се користи и самата страница „Филип Петровски“, бидејќи се работи за внес на нова содржина во постоечката статија; 2. секоја врска поврзана со личноста треба да се внесе во релевантната страница, бидејќи ова не е автобиографија, па авторите си пишуваат сами статии, туку е енциклопедиска содржина, која се уредува од сите објавени извори, пишани или електронски; 3. Виолетова требало да го извести ГП за отстранувањето на уредувањата или требало да побара доказ во самиот момент на отстранување на содржината; 4. Далчо смири ги страстите и коментирај разумно и аргументирано. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 19:50, 2 мај 2017 (CEST)
    • Број 5: Далчо да смири страстите или дотичниот корисник? (види негов разговор) Број 6. Што има да се известо ГП кога ГП не ги внел тие информации?--Никола Стоіаноски 19:52, 2 мај 2017 (CEST)
Без разлика кој ги внел тие податоци, не се сеќавам дека сме известувале корисник дека неговите информации се ревертирани. - Виолетова (разговор) 19:57, 2 мај 2017 (CEST)
Неоправдано се отстранети, тоа е проблемот. Ако го нема списанието на интернет, купи го во продавница, побарај го од лице кое го има, но не бриши ако не можеш веднаш да го најдеш.--Retrohead (разговор) 20:02, 2 мај 2017 (CEST)

Јас не гледам дека се неоправдано отстранети. Прво, покажи ми во чија биографија на македонски политичар постојат такви податоци (јас не најдов, иако сите даваат изјави за сопственост и приватни фирми до Антикорупциската комисија)? Тој дел е значи нерелевантен. Второ, побарав он-лајн верзија за тие информации - такво нешто не постои. Поздрав - Виолетова (разговор) 20:16, 2 мај 2017 (CEST)

Штом е објавен во политичко списание нормално дека е релевантен. Ако најдеш за некој друг слободно дополни, никој не те спречува.--Retrohead (разговор) 20:20, 2 мај 2017 (CEST)
А тоа што тебе не ти се допаѓа и што не постои на друго место, еве ти вики литература за читање: en:Wikipedia:Other stuff exists и I don't like it--Retrohead (разговор) 20:22, 2 мај 2017 (CEST)
Жане, тоа што никој друг не напишал во статија за друг политичар вакво нешто не значи дека постојат. Пишувам биографии за велосипедисти каде што се користат сите можни извори. Воедно, при пишување на селата, често користам списанија, весници, книги, кои не се објавени на интернет, а дури и усни кажувања, при што се цитира човекот кој го кажал тоа, што се смета за извор. Така што, изворот е релевантен и е потребно да се внесе во статијата, но ве повикувам дискусијава за точниот извор да се префрли во разговорната страница. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 20:27, 2 мај 2017 (CEST)
Retrohead, не би било лошо и самиот да ги проучиш страниците што ги постираш.
Тони, никаде не реков дека извор од пишан медиум не е релевантен, туку дека тие податоци се нерелевантни за статијата. Поздрав - Виолетова (разговор) 20:33, 2 мај 2017 (CEST)
Како тоа имотна состојба е нерелевантна? И за Бил Гејтс ќе бришеме колку пари и имот има?--Retrohead (разговор) 20:34, 2 мај 2017 (CEST)

>Отворив тема за дискусија на соодветната разговорна страница на личноста, искажете ги аргументите таму, па ќе се одлучи. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 20:38, 2 мај 2017 (CEST)

Однесување на корисникот Рашо мкУреди

Дојдов на Википедија да придонесам со ажурирање на состојбите т.е да ги променам податоците во врска со Скопскиот аеродром. Се обидов да направам некои измени т.е да го сменам името од Александар Велики во Меѓународен аеродром Скопје но истите беа одбиени од Рашо мк. Забележав дека администраторот спречува да се промени името и на англиската Википедија. Како објективен македонец кој ја сфаќа сериозно науката и Википедија, сметам дека секој администратор треба да биде пред се ОБЈЕКТИВЕН а потоа слободоумен и да почитува факти и закони без да му се одземе правото да биде националист/ултра патриот. Сите сме повеќе или помалку патриоти но Википедија е место за точни информации а не за наши желби и приказни. Искрено, екстремниот национализам на македонската Википедија е една од главните причини поради која избегнувам да придонесувам на истата, значи добронамерно ви давам критика (не само кон Рашо туку и кон потенцијалните останати националисти), научете да бидете објективни дури и кога целото ваше битие вреска од субјективност. .Macedonicus (разговор) 15:06, 7 февруари 2018 (CET)

Извини да те прашам нешто, кај го виде ти екстремниот национализам? Ова да ги сфатам како навреда и личен напад кон целата македонска Вики-заедница? Стварно ми падна во очи овој „опис“ на нашата заедница, која ако не си доволно информиран, е мала и се труди во секој поглед да го следи развојот на останатите големи проекти и не заслужува вакви карактеризации во никој случај. Се најдобро--Никола Стоіаноски 10:30, 8 февруари 2018 (CET)
Одговорено е на мојата страна на разговор. А воедно и засегната страница има разговорна страница, па тоа таму се решава. --Рашо  15:17, 7 февруари 2018 (CET)
@Macedonicus: @Raso mk: Навистина не го гледам твоето мислење за национализам на нашата Википедија, особено погледнувајќи ги останатите балкански изданија на истата Википедија, но добро, секој си има право на свое мислење. Рашо веќе ти одговорил и на неговата страница, а мислам дека се работи за прва промена и работава можела да се реагира на самата страница на разговор на статијата. Нормално дека штом ја имаме одлуката во која е наведено преименувањето може и треба да се промени името на статијата. Употребувајќи медиумски написи за вакви работи лично не претпочитам и не треба да се користат. И на крај, коментирање за некого според неговата корисничка страница и употреба на големи букви при пишување се смета да некоректен однос кон личноста од која се жалиш. --Ehrlich91 (разговор) 21:10, 7 февруари 2018 (CET)
@Ehrlich91: @Raso mk: Директен линк од сајтот на Владата не е медиумски напис, поофицијално од тоа не може да биде. Медиумски напис би било да ставам линк од Курир или Фокус. Дали сум некоректен или коректен, не знам, само споделив како јас и многу други ја перципираат македонската Википедија и зошто не ја земаат за релевантен извор на податоци, вие (администраторите) сте десетина души, ние (читателите и крајните корисници) сме многу повеќе и мислам дека кога даваме критика за субјективизам и национализам тоа го даваме добронамерно. Одговорноста да креирате квалитетни и објективни содржини која ја имате вие е огромна, и тука не треба да има простор за субјективизам и лични ставови. Не ме интересира какви содржини имаат Балканските википедии, јас се интересирам за македонската, впрочем национализмот и филуваните приказни кај нашите содржини се директна последица на балканскиот национализам и потребата за реципроцитет. Јас не мислам дека треба да бидеме исти како останатите туку подобри, но тоа е сепак само мое мислење, ваше е да си одредувате политики на работа и да одлучувате што е дозволено а што не. Macedonicus (разговор) 09:32, 8 февруари 2018 (CET)
Незнам само зошто ја „тупите“ толку, кога сме имале слични случаи и во минатото, ако не се лажам со новите министри... Значи, како практика ни е додека не излезе некој податок во Службен весник, може да стои старото име, доколку некој го оспорува тоа... И доста со избрзани коментари околку тоа кој бил поголем националист (што не гледам ништо страшно во тоа)--Тиверополник (разговор) 09:49, 8 февруари 2018 (CET)
Момци, се обидував да не коментирам. Не се чувствувам навреден. Ултра патриот е сепак патриот, па макар и хардкор и подобро е од тој од спротивната страна на спектарот. Ама видете, така ме нарекува некој кој себеси се нарекува Мацедоникус. Позз--Рашо  10:17, 8 февруари 2018 (CET)
  • За да стапи еден законски акт во сила треба да биде објавен со Службен весник. Основен принцип на правото во Македонија. Чекајте, нека се објави во Службен весник и ќе го смениме насловот (којс поред мене е бљак).--Никола Стоіаноски 10:27, 8 февруари 2018 (CET)

Масовно создавање на статии за годиниУреди

Почитувани администратори, во текот на последните два дена забележав масовно создавање на празни статии за години од повеќе IP-адреси. Вчера блокирав една IP-адреса на 2 часа и започнав со бришење на статиите, но денес гледам дека повторно се создавани истите статии од друга IP-адреса и истата ја блокирав бесконечно. Ќе ве замолам да ги надгледувате скорешните промени и внимавате да не се појави истиот проблем повторно. Ви благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 08:53, 15 мај 2018 (CEST)

P.S. Успеав да ги избришам сите статии уредени од три различни IP-адреси со помош на алатката за групно бришење и го променив блокот на 2 часа.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:03, 15 мај 2018 (CEST)

I need help reviewing a Global RFCУреди

Dear admins, I am preparing a Global Request for Comments about financial support for admins that might be relevant for you .

Can you please review the draft and give me some feedback about how to improve it? Thank you.

MassMessage sent by Micru on 20:00, 7 јуни 2018 (CEST)

Прикачување на сликаУреди

Zdravo,

sakam da prikacam slika na Ротаракт Клуб Битола Широк Сокак, т.е логото на организацијата но тоа никак не можам да го направам...Помош?

Здраво. Пробајте на следната врска. Сè најдобро--Никола Стоіаноски 11:44, 12 октомври 2018 (CEST)

New Wikimedia password policy and requirementsУреди

CKoerner (WMF) (talk) 22:21, 6 декември 2018 (CET)

објавата за СеленУреди

почитувани, во подзаглавјето Индикаторни растителни видови кај објавата за елементот Селен има чудни реченици и називи како: Перо принцот??? итн.

Корекција на статијата за Игор КрајчевУреди

Почитувани ве молам за корекција на статијата за Игор Крајчев во делот каде се вели дека бил назначен за директор од редовите на СДСМ. Тоа е ноторна лага. Јас никогаш не сум бил член на СДСМ за да бидам избран од нивните редови. Ве молам најитно да се отстрани тој елемент Со почит, Игор Крајчев

Needing attentionУреди

https://en.wikipedia.org/wiki/Wikipedia:Administrators%27_noticeboard/Incidents#About_user_Jingiby

Пријава на кориснициУреди

Сакам да ги пријавам уредниците Sashko1999 (разговор · придонеси · избришани придон. · дневници · дневн. на филтр. · блокирај · дневн. на блок.) и Jingiby (разговор · придонеси · избришани придон. · дневници · дневн. на филтр. · блокирај · дневн. на блок.) за вандализирање на статијата Бугари. Покрај вандализирањето мислам дека имам основна причина за сомнеж за нивен Team Tagging на истата статија. Двајцата ги бришат моите уредувања кои се потврдени од Бугарски автор и двајцата се правдаат во отопивукавањата дека тоа го прават според разговорот со мене (со цел да ва намамат вас да не го гледате разговорот) - во разговорот нити се дошло до таков консензус нити сум прифатил такво еднострано уредување на статијата. А како што гледам не еднаш туку десетици пати се и двајцата опоменати да не бришат цитирани извори. Како дополнителен проблем ве молам разгледајте ја можноста да се стави забрана за цитирање и линкување на сајтот Крораина (кој е прекуцуван сајт а не оригинални книги и токму во оваа статија, уредникот Sashko1999 (разговор · придонеси · избришани придон. · дневници · дневн. на филтр. · блокирај · дневн. на блок.), првично го девалвираше мојот извор посочувајќи дека јас самоволно сум ја уредувал статијата со зборовите „текстот е отстранет пред се затоа што оваа констатација не постои во изворот кој е наведен, таа е донесена и напишана самоволно од Forbidden History, еве ја книгата која е посочена како извор па слободно проверете. http://macedonia.kroraina.com/da/index.html“ - на што му укажав дека неговиот извор (крораина е манипулативно прекуцан) е нерелевантен - книгата која ја цитирав ја има на Google Books на страна 106 и го пишува токму она што е цитирано од моја страна. Ве молам за санкции бидејќи веќе наликува на уредувачка војна. Ви благодарам, Forbidden History (разговор) 07:53, 17 мај 2021 (CEST)

Здраво на сите. Предметниот уредник се обидува да ја смени стабилната од години верзија на статијата „Бугари“, но без да има согласие за целта на страницата за разговор. За таа цел, тој води уредничка војна со двајцата споменати по-горе уредници. Промените што тој се обидува да ги наметне се пристрасни и се надвор од главната тема на статијата Бугари. Обидува се да прокара тенденција да се изедначат современите Бугари со протобугарите кои се исчезнти во средниот век, обидувајќи се да намете прека врска врз основа на јазичната сличност на имињата, што не е сериозно од научна гледна точка. Исто така ги меша протословените со современата бугарска нација, кои иако се преко етногенетски поврзани, не се идентични. Додава слики кои не се директно поврзани со темата на статијата. Мислам дека тој само се обидува просто да jа вандализира и да jа претвори во форум, а не во енциклопедиска статија. Мислам исто дека има одредена сума расизам и бугарофобија во неговите редакции, што е неприфатливо. Благодарам. Jingiby (разговор) 08:32, 17 мај 2021 (CEST)
Молам и овие напади кон мене на расизам и т.н. бугарофобија да се земат во предвид кон санкционирањето на овие уредници. Ви благодарам Forbidden History (разговор) 09:07, 17 мај 2021 (CEST)
Се извинувам ако ова се сфати како личен напад, но ваква е мојата проценка за додавката кон статиjата, а не за редакторот. Jingiby (разговор) 09:27, 17 мај 2021 (CEST)

@Forbidden History, Sashko1999, и Jingiby: Пријавата ја префрлив на оваа страница со наслов „Пријава на корисници“ затоа што отсекогаш тука сме ги разгледувале ваквите барања до администраторите.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:21, 17 мај 2021 (CEST)

Се извинувам, прв пат сум ставен во ситуација да пријавувам корисници. Ти благодарам за преместувањето. Forbidden History (разговор) 10:49, 17 мај 2021 (CEST)

Здраво, сакам да кажам дека оваа пријава е апсолутно безпредметна, ние во разговор веќе го решивме прашањето за тој дел од статијата, администраторот се согласи и ги прифати моите измени, но уредувачот Forbidden History повторно го вметна истиот текст кој претходно му беше избришан. Значи ако има некаков вандализам, тој сигурно не е од мене, туку од уредувачот Forbidden History. Еве гледам дека администраторот Ehrlich91 ги има прегледано најновите измени за тој дел од статијата и ги има прифатено, што значи дека тој не ги одобрува измените на уредувачот Forbidden History. Благодарам. --Sashko1999 (разговор) 15:21, 18 мај 2021 (CEST)

Немој да манипулираш. Нити сум се согласил со тебе во разговорт нити е донесен консензус. Се согласив да го употребиш терминот прабугари, се согласив да ги тргнеш веб страните кои ги користев како навод (иако се релевантни за тоа што беа цитирани). А Ehrlich91 ги прегледа твоите 15 промени а не мојата. И дадов коментар во разговорот дека ќе чекам да ги звршиш па да реагирам и поставам мои измени. Вандализирање е бришење на цитирани написи од книга. Тоа го направи два пати исто како и Jingiby. Така да Админите ќе одредат дали е беспредметна мојата пријава или не е. Forbidden History (разговор) 09:01, 19 мај 2021 (CEST)

Кој е статусот со оваа пријава за вандализам? Дали е донесена одлука за постапката на овие двајца уредници? Ви благодарамForbidden History (разговор) 12:07, 3 јуни 2021 (CEST) @Kiril Simeonovski, Дали може некое инфо до каде е статусот на мојава пријава? Ви благодарам, Forbidden History (разговор) 18:11, 22 јуни 2021 (CEST)

Мислењата на адмнистраторите во врска со пријавата и конечната одлука ќе бидат објавени на оваа страница.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:49, 22 јуни 2021 (CEST)
4 месеци се поминати од мојата пријава на овие двајца корисници. Дали е донесена некаква одлука за нивниот однос? Ви благодарам Forbidden History (разговор) 21:11, 12 септември 2021 (CEST)

Пријава на корисникот ПротогерУреди

Сакам да го пријавам корисникот Протогер за дрска навреда кон Македoнските борци за слобода, а со тоа и целиот македонски народ и историја, направено на оваа | разговорна страна, каде сите нас особено македонските борци за слобода после 1944 ги нарекува ШУМКАРИ и дека тој дава дозвола да се фалсификуваат статиите за нив, но не и за комитите. Ви благодарам, Forbidden History (разговор) 19:01, 4 ноември 2021 (CET)

Сите ние, фала Богу, не потекнуваме од комунистички герилци со нејасно минато. Барем повеќе е напишано за војводите и се со проверливи извори. Тоа е тоа. Поздрав! --Протогер (разговор) 07:48, 5 ноември 2021 (CET)
@Протогер: Јас сега го читам разговорот и така можеш да си разговараш со твои пријатели, а не на јавен простор. Така што, те опоменувам дека на следен ваков испад ќе бидеш блокиран. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 10:01, 5 ноември 2021 (CET)

СанкционирањеУреди

Здраво Ehrlich91, покрај навредите на национална основа, уредникот Протогер прекрши уште најмалку две правила на Википедија и затоа го актуелизирам повторно прашањетo за нeгово санкционирање и забрана да уредува на Википедија на македoнски јазик (кој патем не го ни знае доволно). Покрај навредите на национална основа и навредите кон македонската историја, го пријавувам и за вандализирање Википедија:Вандализам на страницата Велко Скочивирски, бидејќи повеќе пати брише цитирани извори, кои не дозволува да се вметнат и го пријавувам за прекршување на правилото за тројно враќање Википедија:Правило на тројно враќање, сето ова доведе до уредничко војување. Ве молам да ги разгледате неговите активности на страната Велко Скочивирски, Ви благодарам, Forbidden History (разговор) 10:02, 7 ноември 2021 (CET)

@Ehrlich91:, Конечно не се согласувам. Видете го Разговор:Велко Скочивирски, таму јасно сум изјавил аргументи за моето мислење и јас придонесов за подобрување на статијата, додека Корисник:Forbidden History тенденциозно го манипулира сето тоа. --Протогер (разговор) 10:25, 7 ноември 2021 (CET)
Статијата уште не сум ја проверил и стои со таков статус, бидејќи треба да се посветам на нејзе. Најпрвин ќе ја разгледам, па потоа ќе кажам мислење. --Ehrlich91 (разговор) 17:05, 7 ноември 2021 (CET)