Винчестер (англиски: Winchester) — град во Англија, административен центар на грофовијата Хемпшир, и е неметрополински округ (боро) со статус на град (сити). Градот се наоѓа на 97 км југозападно од Лондон и на 19 км од брегот на Ла Манш и пристанишниот град Саутемптон, кој е најблизок негов град. На пописот во 2011 година, Винчестер имал население од 45.184 жители. Пошироката област Сити оф Винчестер, која ги опфаќа и градовите Алресфорд и Бишопс Волтам, има население од 116.595 жители.[2]

Винчестер

Во насока на стрелките од горе: Винчестерска катедрала, Големата Минстерска улица, Винчестерскиот замок и Винчестерскиот наус во катедралата

Грб на Винчестер
Население 45,184 [1]
Мреж. реф. SU485295
    - Лондон  97 км 
Округ Винчестер
Ширска грофовија Хемпшир
Регион Југоисток
Земја Англија
Суверена држава Обединето Кралство
Поштенска област SO22, SO23
Повикувачки број 01962
Полиција  
Пожарна  
Итна помош  
ЕУ парламент
Список на места: ОК • Англија • Хемпшир

Историја уреди

Винчестер бил првиот главен град на Англија. Бил голем град во времето на Римското Царство познат под името Вента Белгарум, а пред тоа во железното време бил опидум. Кралот Алфред Велики во IX век го прогласил за главен град на кралството Весекс. Кнут Велики го прогласил Винчестер за главен град на цела Англија. Винчестер останал најважен град во Англија до освојувањето на Норманите во единаесеттиот век.

За време на владеењето на Алфред Велики започнала изградбата на Винчестерската катедрала а неа ја доизградиле Норманите.

По пожарот од 1141 година, Винчестер конечно го загубил политичкиот примат и Лондон станал главен град на Англија. Епископот од Винчестер Вилијам од Вајкем (1320-1404) одиграл значајна улога во обновата на градот. Тој го основал Винчестерскиот колеџ. Во средниот век градот бил важен трговски и занаетчиски град со развиено златарство и се истакнувал како центар на трговијата со волна. До 19 век панаѓурот во Винчестер бил еден од најголемите панаѓури во земјата.

Знаменитости уреди

Катедрала уреди

Винчестерската катедрала е изградена во 1079 година и е најдолгата готска катедрала во Европа. Во нејзиниот двор се погребани многу Епископи од Винчестер (меѓу кои и Вилијам од Вајкем), англосаксонски монарси (како Егберт од Весекс) и подоцнежни монарси како Кнут и Вилијам Руфус.[3] Во минатото бил важен центар за аџилак затоа што таму се наоѓале моштите на Свети Свитун.

Замокот и палатата Волвси уреди

Замокот Волвси е норманска бискупска палата, која датира од 1110 година, но на нејзино место претходно се наоѓала друга саксонска градба. Била зајакната од страна на Хенри де Блоа во времето на беззаконие додека на власт бил неговиот брат, кралот Стефан. Во 16 век, кралицата Марија Тјудор и шпанскиот крал Филип II го посетиле замокот непосредно пред нивната венчавка во катедралата. Замокот денес е руина.

Винчестерски замок уреди

 
„Винчестерската тркалезна маса“ во големата сала на Винчестерскиот замок

Винчестер е познат по големата сала во Винчестерскиот замок, кој е изграден во 12 век. Големата сала била изградена некаде помеѓу 1222 и 1235 година и сè уште ја зачивала својата форма. Позната е по тркалезната маса на кралот Артур, која се наоѓа во салата од 1463 година а можеби и пред тоа. Масата всушност датира од 13 век, што значи дека е направена многу подоцна од владеењето на Артур. И покрај тоа, таа е сè уште од значителен историски интерес и привлекува многу туристи. Масата првично била необоена, но била насликана за кралот Хенри VIII во 1522 година. Имињата на легендарните витези на тркалезната маса се напишани по работ на масата надмината од кралот Артур на неговиот престол. Наспроти масата се „Свадбените порти“ на принцот Чарлс.

Други градби уреди

 
Болницата на Светиот Крст

Болницата на Светиот Крст се наоѓа надвор од централното градско јадро, и е основана од Хенрик Блоа во 1130 година.

Градскиот музеј содржи многу податоци од историјата на Винчестер. Ова бил еден од првите наменски музеи изградени надвор од Лондон.Во музејот има галерија на римскиот град Вента Булгарум.

Винчестерскиот колеџ е јавно училиште, основано од епископот Вилијам од Вајкем. Служело за воспитување на сиромашни деца.

Наводи уреди

  1. „Winchester Key Facts“. Hampshire County Council. Архивирано од изворникот на 8 January 2015. Посетено на 19 November 2015.
  2. „2011 Census: KS101EW Usual resident population, local authorities in England and Wales“. National Statistics. Посетено на 5 January 2015.
  3. Dodson, Aidan (2004). The Royal Tombs of Great Britain. London: Gerald Duckworth & Co.