Ниоба
Ниоба (грчки: Νιόβη ) - лик во старогрчката митологија, ќерка на Тантал и сопруга на тебанскиот крал Амфион. Таа имала седум сина и седум ќерки и затоа ѝ се потсмевала на Латона, која ги родила само Аполон и Дијана. Тие пак, за да ја одмаздат својата мајка, ги убиле сите деца на Ниоба, која од жал се скаменила.[1]
По Ниоба е наречен хемискиот елемент ниобиум (Nb).
Наводи
уреди- ↑ „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 137.