Добредојдовте на Портал театар

уреди   

Избрана статија

Жаби (грчки: Βάτραχοι (Вáтрахи)) е комедија на античкиот комедиограф Аристофан која за прв пат е изведена на Дионисискиот фестивал во Ленеа во 405 година п.н.е.

Според толкувањето на Радмила Шалабалиќ идејата која е содржана во комедијата се однесува на напорите на поетот да им укаже на жителите на Атина на можниот излез, некаков спас од потполната пропаст во војната со Спарта. Аритсофан ја излага идејата дека за атињаните спасот веќе не е ни во мирот, ни во војната, туку во враќање на идеалите на минатото, идеалите од времето на победата во Маратон и Саламина кои во литературата се симболизирани од јунаците на Есхил. Спасот е во она што е пропуштено: доколку се држеле до принципите на умереност и правичност не би ни дошло до атинскиот империјализам и бескрајното војување.

Во другото значење комедијата на Аристофан претставува прва детална и образложена книжевна критика во современо значење. Неговите проценки за целите на поезијата, препораките и критиките имаат вредност на озбилна теорија. Таа е прв придонес кон книжевната естетика во светската книжевност (Дројзен). Самиот наслов на комедијата е пародија на софистичко надзборување (кое исто така е критикувано од Аристофан), односно аристократско-олигархиското интелектуално брборење и демократско-демагошкото гласно крекање. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана слика

Мозаик на театрални маски: трагедија и комедија.


уреди   

Категории

уреди   

Избрана биографија

Ристо Крле (Струга, 3 септември 1900 - Скопје, 29 октомври 1975) e драмски писател и еден од првите членови на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Добитник e на наградата „11 Октомври“ за животно дело.

Ристо Крле е роден во 1900 година во Струга, како син на кондураџија. Неговото школување било краткотрајно со чести прекини. До Првата Светска Војна, тој го завршил основното училиште и една година од средното училиште. Потоа, до 1916 година паузирал со образованието. Кога Македонија била под бугарска окупација тој решил да го продолжи своето образование и успешно завршил уште една година од средното образование. Но, за жал, образованието на Ристо Крле било уште еднаш прекинато поради смртта на неговиот татко. После тоа тој немал можност да го продолжи своето образование. Како тинејџер тој се вработил, и по завршувањето на Војната, ја наследил професијата на својот татко – станал кондураџија. Прочитајте повеќе

уреди   

Дали сте знаеле...

  • ... дека драмата Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински за прв пат е изведена на 7 ноември 1900 во театарот „Славјанска беседа““ во Софија?
  • ... дека кабуки е традиционална форма на јапонски театар која прикажува историски, романтични и љубовни драми со придружба на музика во кои женските улоги обично ги играат мажи?
  • ... дека Елизабет Тејлор своето деби пред лондонската публика го направила во театарот Викторија Палас, обновувајќи ја улогата во драмата Малите лисици од Лилијан Хелман?
уреди   

Поврзани портали

уреди   

Театар на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)