Самоанскиот јазик (Gagana fa'a Sāmoa) е полинезиски јазик кој е официјален јазик во Самоа и Американска Самоа во Океанија. Тој е прв, мајчин, јазик на најголем број од жителите во двата ентитета или на околу 246,000 жители. Самоанскиот јазик е познат во лингвистиката по фонолошката разлика меѓу формален, неформален говор и церемонијален говор.Самоанскиот јазик е дел од самоанската група на австронезиски јазици. Јазикот е сроден со останатите полинезиски јазици, со кои споделува големи сличности во поглед на зборовниот фонд.

Јазичарите немаат целосна согласност при класификацијата на јазикот во однос на останатите полинезиски јазици.„Традиционалната класификација“ која се базира на граматиката и зборовниот фонд го сместува самоанскиот со токелајскиот и источнополинезиските јазици, кои ги вклучува рапануи, маорски, тахитски и хавајски јазик. Според оваа анализа, две главни групи на полинезиските јазици се јадрените полинезиски јазици и тонганските јазици. Анализата на Базата на основниот зборовен фонд на австронезиските јазици од 2008 е контрадикторна во тоа што вели дека тонганскиот и самоанскиот сочинуваат подгрупа, но старите подгрупи тонгански и јадрени полинезиски се повторно присутни. Сите полинезиски јазици споделуваат големи сличности, особено во зборовниот фонд. Кај скоро сите јазици самогласките се стабилни, односно се составени од a, e, i, o и u. (Дознајте повеќе...)


Глаголите во македонскиот јазик сочинуваат сложен систем. Според општата класификација, македонските глаголи ги имаат следните карактеристии: време, начин, лице, вид, преодност, залог, род и број. Според категоризацијата, македонските глаголи се поделени на три големи подгрупи: а-раздел, е-раздел и и-раздел. Понатака, е-разделот е поделен на а-подгрупа, е-подгрупа и и-подгрупа. Оваа поделба е според последниот глас на глаголот во трето лице сегашно време.

Според формите, глаголите се поделени на:

прости глаголски форми
  • сегашно време
  • минато определено несвршено време
  • минато определено свршено време
  • заповеден начин
  • глаголска л-форма
  • глаголска придавка
  • глаголска именка
  • глаголски прилог

сложени глаголски форми
  • минато неопределено несвршено време
  • минато неопределено свршено време
  • предминато време
  • идно време
  • минато-идно време
  • минато прекажано
  • можен начин
  • има-конструкција
  • сум-конструкција

Дознајте повеќе...


Кечуански јазици.
Кечуански јазици.
Географска распространетост на кечуанскиот јазик и неговите дијалекти.


уреди  

...

  • Доколку се одлучите да напишете некоја статија во врска со некој јазик, во случај да сметате дека истата не е потполна, ставете ја предлошката {{Јазик-никулец}} или соодветен на јазикот предлошка за никулец. Доколку постои предлошка поврзана со темата што ја пишувате, искористете ја неа.
  • Придружете се на тимот на вкипедијанци кои уредуваат статии на оваа тема.
  • Ставете инфокутија на својата корисничка страница, со која ќе кажете дека сте дел од проектниот тим.
  • Предложете идеи и нови проекти за развојот на Порталот:Јазици и на ВикиПроектот:Јазици.



Видови јазици


Лингвистика


Писма


уреди  

і і

Ацтечки јазик (21.1.2013 — 27.1.2013)
Арамејски јазик (27.8.2012 — 2.9.2012)
Латвиски јазик (22.11.2010 — 28.11.2010)
Шкотски јазик ( 22.03.2010 — 28.03.2010)
Англиски јазик (11.01.2009 — 18.01.2009)
Кинески јазик (3.03.2008 — 9.03.2008)
Монголски јазик (21.7.2008 — 27.7.2008)
Македонски јазик (22.12.2008 — 28.12.2008)