Шимпанза
Schimpanse zoo-leipig.jpg
Обично шимпанзо (Pan troglodytes)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Примати
Семејство: Големи човеколики мајмуни
Потсемејство: Homininae
Племе: Hominini
Потплеме: Panina
Род: Pan
Окен, 1816
Типски вид
Simia troglodytes
Блуменбах, 1775
Видови

Обично шимпанзо
Бонобо

Распространетост на Pan troglodytes (обичното шимпанзо) и Pan paniscus (бонобо, во црвено)

Шимпанзото (лат. Pan) ― цицач од редот примати и од натсемејството големи човеколики мајмуни. Тој е најинтелигентниот претставник на ова семејство и воедно тој е најблискиот човеков сродник од светот на животните. Постојат два вида шимпанза, обично и џуџесто шимпанзо наречен бонобо. Сите имаат темно крзно, додека лицето, дланките од рацете и стапалата им се без влакна. Немаат опашка, а ушите, усните и аркадите над очите им се испакнати. Се среќава само во екваторска Африка, каде што живее во шумите и во саваните. Се движи главно по дрвја, но може да мине големи растојанија, движејќи се исправено на задните нозе. Кога оди четириножно, се потпира врз првата фаланга. На рацете има пет прста, исто како и човекот. Висината му варира од 95 до 175 см, а живее 30 години, со распон на рацете и до 2 метри; тежи меѓу 40 и 80 килограми.

Распространетост и живеалиштеУреди

Постојат два вида од родот шимпанзо, и двата претходно биле нарекувани едноставно шимпанза:

1. Обичните шимпанза или Pan troglodytes се наоѓаат скоро исклучиво во силно пошумените региони на средна и западна Африка. Со најмалку четири општоприфатени подвидови, нивното население и распространетост е многу пообемна од бонобите, во минатото исто така наречено „пигмејско(џуџесто) шимпанзо“.

2. Бонобите, Pan paniscus, се наоѓаат само во средна Африка, јужно од реката Конго и северно од реката Касаи (притока на Конго),[1] во влажната шума на Демократска Република Конго во средна Африка.

ЗачувувањеУреди

Службата за рибји и животински свет на САД привршила правило на 12 јуни 2015 година, создавајќи многу строги регулативи, практично забранувајќи каква било активност со шимпанза освен за научни, зачувувачко ориентирани цели.[2]

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. Докинс, Ричард (2004). „Chimpanzees“. The Ancestor's Tale. Houghton Mifflin. ISBN 978-1-155-16265-2.
  2. „U.S. Fish and Wildlife Service Finalizes Rule Listing All Chimpanzees as Endangered Under the Endangered Species Act“. U.S. Fish and Wildlife Service. Посетено на 5 мај 2021. Certain activities involving chimpanzees will be prohibited without a permit, including import and export of the animals into and out of the United States, "take" (defined by the ESA as harm, harass, kill, injure, etc.) within the United States, and interstate and foreign commerce. Permits will be issued for these activities only for scientific purposes that benefit the species in the wild, or to enhance the propagation or survival of chimpanzees, including habitat restoration and research on chimpanzees in the wild that contributes to improved management and recovery.

Надворешни врскиУреди

Викицитат има збирка цитати поврзани со:
(англиски)