Пол Погба
Пол Лабил Погба (роден на 15 март 1993) — француски фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на француската репрезентација.
Пол Погба | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Пол Лабил Погба[1] | ||
Роден на | 15 март 1993[1] | ||
Роден во | Лањи на Марна, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Висина | м | 1,86||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Јувентус | ||
Број | 10 | ||
Младинска кариера | |||
Ле Авр | |||
Манчестер Јунајтед | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2011-2012 | Манчестер Јунајтед | 3 | (0) |
2012-2016 | Јувентус | 124 | (28) |
2016-2022 | Манчестер Јунајтед | 154 | (29) |
2022- | Јувентус | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2008-2009 | Франција 16 | 17 | (1) |
2010 | Франција 17 | 10 | (2) |
2010-2011 | Франција 18 | 6 | (1) |
2011-2012 | Франција 19 | 12 | (4) |
2012-2013 | Франција 20 | 13 | (3) |
2013- | Франција | 66 | (10) |
* Ажурирано на: 16 јануари 2012 ** Ажурирано на: 16 јануари 2012 |
Технички карактeристики
уредиКако играч од средниот ред подеднакво добро се снаоѓа и во одбраната и во нападот. Тој има одлична техника, дриблинг, солидни додавања и моќен удар од далечина кој го покажал во многу наврати постигнувајќи извонредни голови со шут надвор од шеснаесетникот. Многумина го споредуваат со сонародникот Патрик Виера, кој меѓудругото исто така имаше одлична кариера во Италија и Англија.
Погба има и одлични водачки способности што најдобро ги покажал на Светското првенство за играчи под 20 години во Турција 2013 година, кога неговата репрезентација станала шампион, а тој бил капитен и организатор на играта на тимот.[2]
Клупска кариера
уредиБиографија и почетоците на кариерата
уредиНеговото семејство емигрирало во Франција од Гвинеја.[3] Тој има два постари браќа, кој се близнаци: Флорентин и Матијас, кој исто така се фудбалери.
Погба ја започнал својата фудбалска кариера на возраст од шест години играјќи за Роизи-ен-Бри, неколку милји јужно од неговиот роден град. Тој поминал седум сезони во клубот, пред да дојде во Торси каде настапувал како капитен на тимот под 13 години[4] По една сезона со Торси, Погба му се приклучил на професионалниот клуб Ле Авр. Во неговата втора сезона во клубот, Погба бил капитен на категоријата под 16 години во финалната фаза од домашното првенство. Ле Авр завршил на второто место зад Ленс во последната групна фаза, но завршувајќи пред големи клубови како Лион и Нанси.[5] Погба, исто така, се етаблирал во младинските репрезентации на неговата земја. Неговите настапи на домашната и интернационалната сцена довеле до интерес за него од англискиот клуб Арсенал и италијанскиот Јувентус.[6]
Манчестер Јунајтед
уредиНа 7 октомври 2009 година, Погба го комплетирал својот трансфер во англискиот гигант Манчестер Јунајтед[7] и го направил своето деби во клубот за тимот под 18 години на 10 октомври против Кру Александра во пораз со 2-1.[8] Тој ја завршил кампањата 2009-10 со седум постигнати гола во 21 настап за тимот под 18 години.[9] Манчестер Јунајтед завршил на првото место во својата група, но беше поразен од Арсенал со 5-3 на пенали во плеј-оф полуфиналето.[10] Во април 2010 година, Погба бил дел од под 18 тимот што успешно ја одбранил својата титула на Торнео Калчо Меморијал Клаудио Саси-Сасуоло во Болоња, Италија.[11] Во сезоната 2010-11, Погба останал да игра во академијата на клубот и се натпреварувал во Академската Премиер лига во текот на првите три месеци од сезоната. Во ноември 2010 година, тој бил повикан во резервниот тим на Јунајтед и го направил своето деби на 2 ноември 2010 во победата со 3-1 над Болтон.[12] На 10 јануари 2011 година, во ФА купот за млади, Погба постигнал погодок со удар од голема далечина, што го опишал како "piledriver ", во победата со 3-2 над Портсмут. Победата му дозволува на тимот да мине во четвртиот круг од натпреварувањето.[13] Еден месец подоцна, Погба постигнал сличен гол во поразот со 3-2 од Вест Бромвич Албион во Академската лига.[14]
На 19 февруари 2011 година, Погба бил еден од четирите играчи од академијата промовирани во првиот тим од страна на менаџерот Алекс Фергусон пред натпреварот од петтата рунда на ФА Купот, во кој Манчестер Јунајтед го пречекал Кроули Таун на Олд Трафорд. Исто така му бил доделен дресот со број 42.[15] Во остатокот од сезоната тој продолжил да игра во тимот под 18 години, помагајќи им да остварат успех во ФА Купот за млади ; во полуфиналната средба против Челзи, Погба постигнал гол во првиот натпревар, што завршил со пораз од 3-2,[16] и асистирал за првиот гол во реваншот, за победа со 4-0 [17] Во финалето Манчестер Јунајтед го поразил Шефилд Јунајтед со 6-3 вкупен резултат за да го освојат својот 10-ти наслов во ова натпреварување (прв по 2003 година); Погба ги започнал и ги одиграл целосно двата натпревари.[18][19]
Во пресрет на почетокот на сезоната 2011-12, Фергусон потврдил дека Погба ќе биде во функција за сениорскиот тим во текот на сезоната, наведувајќи : "Мислам дека ако ние го држиме Погба назад (мислејќи на резервниот тим), што ќе се случи? Тој ќе замине. Јас знам, дека неговиот договор е близу да заврши. Значи ние треба да му дадеме можност за да се види што тој може да направи во првиот тим и кој се неговите најголеми способности".[20] Погба бил унапреден во постојан член на резервниот тим на клубот за сезоната 2011-12 и го направи своето прво појавување во кампањата на 15 август 2011 година во отворањето на сезоната против Арсенал[21] На 25 август, во вториот првенствен натпревар на тимот против резервите на Свонзи Сити, Погба го постигнал вториот гол во победата со 6-0.[22] На 19 септември, тој бил именуван да учествува во натпреварот на првиот тим од Лига купот против Лидс Јунајтед следниот ден, а истото било потврдено и од Фергусон: "Имам намера да му дадам можност нему [Погба] против Лидс Јунајтед"[23] Погба се појавил како замена на полувремето за да го направи своето професионало деби за Манчестер Јунајтед кој го добил натпреварот со 3-0.[24] Погба го имал својот втор настап против Олдершот во наредната (четврта) рунда од Лига купот на 25 октомври 2011.[25]
Своето деби во Премиер лигата, Погба конечно го направил против Стоук Сити на 31 јануари 2012 година, заменувајќи го Хавиер Ернандес во 72-рата минута.[26] Во текот вториот дел од сезоната (2011-2012) Погба уште двапати влегувал во игра од клупата за резерви. Прво влезе во игра во натпреварот со Вест Бромвич Албион на 11 март 2012, како и следниот викенд на гостувањето кај Вулверхемптон Вондерерс. Во натпреварот со Вондерерс добил солидна минутажа од преку 30-тина минути играјќи во пар со Пол Сколс на средината на теренот и имал убава шанса да го постигне својот прв гол за сениорскиот тим, но неговиот удар од петнаесетина метри завршил над голот. Јунајтед и без тоа го добил натпреварот со 5-0. Помеѓу овие два натпревари, тој го направил своето деби во европските турнири играќи во реваншот од 16-тина финалето на Лига Европа против шпанскиот клуб Атлетик Билбао ; тој се појавил како замена во поразот со 2-1 нагости, влегувајќи на местото на Мајкл Карик во 63-тата минута, но Манчестер Јунајтед го загубил двомечот со 5-3 вкупен резултат.[27]
Јувентус
уреди2012-2013; Првото скудето
уредиНа 3 јули 2012 година, менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон потврдил дека Погба го напуштил клубот откако одбил да потпише нов договор. Фергусон исто така изјавил: "Погба потпишал за Јувентус одамна, пред многу подолго време од колку што ние знаеме, што е многу разочарувачки".[28] На 27 јули Јувентус го потврдил доаѓањето на Погба во клубот преку нивното официјално мрежно место, откако тој успешно ги минал медицинските тестови и го комплетирал трансферот на 3 август, потпишувајќи четиригодишен договот. По официјализирањето на трансферот му бил одреден дресот со број 6., кој последен пат бил носен од страна на Фабио Гросо.[29] Тој го направил своето прво појавување во дресот на Јувентус во пред-сезонскиот натпревар против Бенфика во Женева на 1 август, влегувајќи како замена за Андреја Пирло во 78-мата минута.[30]
Првиот настап во официјален натпревар Погба го имал во четвртото коло на Серија А против Кјево на 22 септември 2012 година, каде што тој ги одиграл комплетните 90 минути.[31] На 20 октомври, Погба го постигнал својот прв гол за клубот во победата со 2-0 во дербито против Наполи.[32] Погба се појавил како замена во второто полувреме и го постигнал вториот гол за Јувентус со прекрасен волеј удар од дваесеттина метри погодувајќи во десниот долен агол.[33] На 31 октомври, тој го започнал натпреварот против Болоња и го постигнал победничкиот гол во победата од 2-1. Погба исто така беше асистент за првиот гол што го постигна Фабио Кваљарела.[34] Играчот од средниот ред последователно добил пофалби за неговиот настап во натпреварот од страна на неколку италијански медиуми како што се la Repubblica, Il Messaggero и La Gazzetta dello Sport.[35]
На 19 јануари 2013 година, тренерот на Јувентус Антонио Конте му дал шанса на Погба да го започне натпреварот против Удинезе, а овој му возвратил со два гола во победата со 4-0. И двата гола беа прекрасни со прецизен удар надвор од шеснаесетникот, но едниот од нив беше посебно спектакуларен - вистинска бомба од преку 35 метри во левиот горен агол.[36] На 5 мај 2013 година, во натпреварот против Палермо (1-0 за Јуве) со кој Јувентус го освоил скудетото, Погба добил црвен картон заради плукање кон противничкиот играч Салваторе Ароника, откако овој претходно го удрил во лице.[37] Сезоната ја завршил со 37 настапи и 5 постигнати гола во Серија А и со своето прво скудето во кариерата.
2013-2016; Доминација во лигата и финале во Лигата на шампионите
уредиНа почетокот на следната сезона Погба бил клучен протагонист во победата на Јувентус со 4-0 над Лацио, во натпреварот од Суперкупот на Италија одигран на 18 август 2013. Погба го заменил повредениот Клаудио Маркизио во 20-тата минута и три минути подоцна го постигнал првиот гол на натпреварот.[38] Својот прв гол во Серија А 2013-14 го постигнал на 29 септември, помагајќи му на Јувентус да дојде до победа во градското дерби против Торино со 1-0.[39] На 4 декември 2013 година, Погба бил избран за Златно момче 2013, награда за најдобар млад играч во Европа.[40] На 22 декември Погба бил еден од стрелците за Јувентус во победа со 4-1 на гостувањето кај Аталанта, носејќи му второ водство (2-1) на својот тим во 46-тата минуата. На 18 јануари 2014, тој имал одлучувачка улога во победата на Јувентус со 4-2 над Сампдорија откако асистирал за првиот гол во натпреварот на Артуро Видал и го постигнал четвртиот гол. Во текот на јануарскиот преоден рок се појавиле шпекулации дека Погба ќе го напушти тимот и ќе се врати назад во Франција, односно во Париз Сен Жермен. Конте и генералниот менаџер Бепе Марота веднаш ги отфрлиле таквите гласини тврдејќи дека французинот не е за продажба иако се спомнувала сума од 70.000.000 евра.[41] Погба продолжил да игра за Јувентус и понатаму, а на 20 февруари го постигнал својот прв гол во европските турнири, откако ја погодил мрежата на Трабзонспор во последните минути од мечот за да ги постави конечните 2-0 во првиот натпревар од шеснаестина-финалето на Лига Европа.[42] На 14 април, му асистирал на Фернандо Љоренте за вториот гол во победата со 2-0 победа против Удинезе. Подоцна истата таа недела, тој го постигнал единствениот гол за Јувентус во победата со 1-0 над Болоња и бил избран за играч на натпреварот.[43] На 4 мај 2014, Јувентус ја одбранил титулата во Серија А по киксот на нивниот најголем конкурент Рома и поразот од Катанија со 4-1.[44] После натпреварот токму против Рома на Олимпико (1-0 за Јувентус) следното коло, Погба дал изјава за Mediaset: "Денес, ние покажавме дека сме голем тим, задоволни сме од резултатот, ќе дадеме се од себе да освоиме 100 бода", алудирајќи на освојување на 100 бода во Серија А рекорд што ниту една екипа претходно го нема остварено.[45] Со победата над Каљари (3-0) на домашен терен во последното коло, Погба и неговите соиграчи влегле во историјата како тим со најмногу освоени бодови (102) во една сезона во Италија, а воедно и во петте најквалитетни лиги во Европа.[46] Погба го одиграл целиот тој натпревар и со тоа ја завршил сезоната со вкупно 52 настапи и 9 постигнати гола во сите натпреварувања.
Пред почетокот на сезоната 2014-15 во Јувентус дошло до промена на тренерското место откако Конте од непознати причини поднел оставка во текот на летото и бил заменет со Масимилијано Алегри.[47][48] Во врска со тренерската промена и својата иднина во клубот Погба изјавил: “Конте и Алегри се едни од најдобрите тренери и атмосферата е и натаму добра. Мотивирани сме и подготвени успешно да работиме со Алегри. Среќен сум што играм за Јувентус. Мојата цел е да продолжам со добрите игри на теренот.” Погба ги одиграл целосно првите четири официјални натпревари на Јувентус во оваа сезона, а на 20 септември на прекрасен начин свртен со грб кон голот, му асистирал на Карлос Тевез за решавачкиот гол при победата со 1-0 во дербито против Милан на Сан Сиро.[49] Својот прв погодок во сезоната го постигнал на 18 октомври на гостувањето кај Сасуоло (1-1), со прецизно пласиран удар од работ на шеснаесетникот во далечниот агол на голманот Консиљи.[50] На 24 октомври Погба го продолжил договорот со Јувентус до 2019 година.[51][52] На 4 ноември го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во кариерата и тој се покажал победнички за Јувентус во успехот со 3-2 над Олимпијакос во Торино.[53] Кон крајот на истиот месец, тој придонел со два гола во победата на гостувањето кај Лацио со 3-0.[54] На почетокот на новата година, Погба му помогнал на Јувентус да ја оствари првата победа над Наполи на Сан Паоло после 14 години, постигнувајќи го првиот гол во натпреварот со фантастичен волеј удар во 29-тата минута[55]; Јувентус победил со 3-1.[56] На 15 јануари го постигнал својот прв гол во Купот на Италија во својата кариера при победата со 6-1 на домашен терен против Верона,[57] а само три дена подоцна против истиот противник во натпревар од Серија А го отворил резултатот уште во 3-тата минута придонесувајќи за победата со 4-0.[58] Својот шести првенствен гол во сезоната го постигнал во победата над Кјево на домашен терен од 2-0, со удар со левата нога од работ на шеснаесетникот. На 9 март, Погба го постигнал својот следен гол за да му донесе победа на Јувентус на домашен терен против Сасуоло (1-0) на десеттина минути пред крајот со што го одвел својот тим на 11 бода предност на врвот во Серија А.[59] На 18 март, поради повреда бил заменет уште во првото полувреме на осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, а медицинските прегледи покажале дека се работи за истегнување на бутниот мускулот поради кој бил надвор од игра повеќе од 50 дена.[60] Погба се вратил на терен против Каљари (1-1) и го постигнал првиот гол на тој натпревар одигран на 9 мај,[61] само една недела подоцна откако Јувентус и математички го обезбедил скудетото, трето по ред за Погба во неговата кариера.[62] Четири дена подоцна му помогнал на својот клуб да се пласира во финалето на Лигата на шампионите, асистирајќи за голот на Алваро Мората со кој Јувентус со нерешени 1-1 на Сантјаго Бернабеу го елиминирал Реал Мадрид, благодарение на победата со 2-1 од првиот натпревар во Торино.[63][64] На 20-ти истиот месец го освоил својот прв трофеј во Купот на Италија, играјќи како стратер во финалето одиграно во Рим против Лацио, во кое Јувентус победил со 2-1 по продолженија.[65][66] Конечно, на 6 јуни, ја завршил сезоната играјќи го целиот натпревар во Финалето на Лигата на шампионите, во кое Јувентус загубил од Барселона со 3-1.[67]
Пред почетокот на сезоната 2015-2016 Погба го заменил бројот на дресот, земајќи ја "светата" 10-ка која ја носеле многу истакнати фудбалери на Јувентус како Алесандро Дел Пјеро, Роберто Баџо и Мишел Платини, а останала слободна по заминувањето на Карлос Тевес.[68] Сезоната ја отворил со нов трофеј, откако на 8 август во Суперкупот на Италија Јувентус го победил Лацио со 2-0 во Шангај, а тој бил асистент за вториот гол кој го постигнал Пауло Дибала. Почетокот на сезоната не бил добар за Погба и Јувентус и играчот од средниот ред се соочил со критики од страна на навивачите и медиумите, меѓутоа неговите игри се подобреле со враќањето на искусните играчи како Клаудио Маркизио и Сами Хедира во средниот ред. Својот прв гол за сезоната го постигнал на 31 октомври, во победата со 2-1 над Торино во Дерби дела Моле. На крајот на календарската година за првпат во неговата кариера бил избран во Тимот на годината на УЕФА и го заземал 15-тото место во изборот за Златната топка на ФИФА. Сезоната ја завршил со уште една домашна двојна круна освојувајќи ги скудетото (по четврти пат во кариерата) и Купот на Италија (по вторпат во кариерата). Тој бил најдобар асистент во Серија А за сезоната со 12 асистенции, колку што имал и Миралем Пјаниќ.
Манчестер Јунајтед
уредиНа 8 август 2016, Погба се вратил во својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед, потпишувајќи договор на пет години за сума од 105 милиони евра плус 5 милиони бонуси, со што бил реализиран најскапиот трансфер на сите времиња, надминувајќи го оној на Гарет Бејл во Реал Мадрид за 5 милиони.[69]
Репрезентативна кариера
уредиМлади репрезентации
уредиПогба бил репрезентативец на младите француски селекции и заработил настап во сите нивоа во кој имал право да игра. Пред неговото репрезентативно деби, Погба бил назначен за капитен на категоријата под 16 години од страна на тренерот Ги Ферие. Тој го направил своето деби на 23 септември 2008 во првиот натпревар од кампањата против Велс во Ланели. Франција го добила натпреварот со 4-2.[70] Под водство на Погба, екипата забележала импресивни победи над Уругвај и Италија на турнирот во Долината Марне, и ја поразиле селекцијата на Република Ирска со вкупен резултат 8-2, во текот на два натпревари.[71][72][73][74] На 31 јануари 2009 година, тој го постигнал својот прв погодок за младите репрезентации гол на Егејскиот куп 2009 против Норвешка. Голот на Погба му донесе предност на францускиот состав од 1-0 и тимот го добил натпреварот со резултат 2-1 за да го освои турнирот.[75] Погба го завршил својот циклус на настапи за репрезентацијата под 16 години со 17 настапи и еден гол.
За неговата вмешаност во наводното кршење на неговиот договор со Ле Авр, Погба бил суспендиран за репрезентативна должност од страна на Француската фудбалска федерација за шест месеци.[76] Како резултат на тоа, на Погба му била одземена капитенската лента и тој го направил своето деби во репрезентацијата под 17 години доцна во кампањата на 13 февруари 2010 против Англија на Алгарве купот.[77] Тој бил дел од тимот што играше на Европското фудбалско првенство за играчи под 17 години во 2010 година, постигнувајќи ги двата свои гола во оваа репрезентација токму на овој турнир. Тој го постигнал единствениот гол во победата со 1-0 над Португалија во фазата по групи, а неговиот втор погодок го постигнал во поразот со 2-1 од Англија во полуфиналето.[78][79] По заминувањето на Ферие селекторот на младинските репрезентации на Франција, Погба повторно бил назначен за капитен на неговата возрасна група од новиот тренер Пјер Манковски. Манковски претходно бил асистент тренер на сениорската репрезентација за време на периодот кога на функцијата селектор бил Рајмонд Доменех. Погба го направил своето деби во категоријата под 18 години на 27 октомври 2010 година на турнирот во Лимож против Грција во победата од 4-1.[80] На 24 март 2011 година, Погба го постигнал својот прв гол за тимот што се покажал како победнички во успехот со 2-1 над Германија. Голот бил постигнат од над 30 метри растојание.[81]
Погба го направил своето деби во тимот под 19 години во првиот натпревар од сезоната против Италија на 6 септември 2011 година. Во натпреварот, тој имал две асистенции за головите кој ги постигнале Жан-Кристоф Баебек и Антони Коура, во победата од 3-1.[82] На 29 февруари 2012 година, тој го постигнал својот прв гол за тимот во поразот со 2-1 од Шпанија.[83] Во квалификацииите за Европското превенство за играчи под 19 години, Погба го постигнал петтиот гол во убедливата победа со 6-0 против Холандија. Победата и овозможи на Франција да се квалификува за натпреварувањето.[84] На 11 јуни 2012 година, Погба бил селектиран во тимот кој ќе учествува на турнирот. Во првиот натпревар од групната фаза против Србија, тој реализирал пенал во победата со 3-0.[85] Франција стигна до полуфиналето, каде што тимот се соочил со Шпанија. Во натпреварот, Франција губеле со 3-2 во екстра времето, пред Погба да го постигне израмнувачкиот гол на три минути пред завршување на натпреварот и да го испрати во пенал-завршница. Сепак, и покрај тоа што Погба го реализирал првиот пенал за Франција, триколорите, биле поразени со 4-2.[86]
Поради пласманот во полуфиналето на селекцијата под 19 години на Европското првенство 2012, нацијата се квалификува директно за Светското првенство за играчи до 20 години 2013 во Турција, а токму репрезентацијата под 20 години е следното ниво во кое Погба заслужил повик да настапува. Слично на претходните две селекции, Погба бил назначен за капитен од страна на Манковски и го направи своето деби во селекцијата под 20 години во ремито 0-0 против Кина.[87] Во следниот натпревар на тимот против Северна Кореја, Погба го постигнал вториот гол на тимот во победата со 3-1.[88] Погба беше капитен на репрезентацијата на Франција која за првпат во историјата го освои Светското првенство за играчи под 20 години. Турнирот се одржа во Турција, а тој играше во секоја минута на сите натпревари на Франција, освен во последниот натпревар од групната фаза против Шпанија, во кој тој остана неискористена замена. Погба исто така беше прогласен за најдобар играч на турнирот.[89]
Сениорска репрезентација
уредиНа 22 март 2013 година, Погба го направил своето деби за сениорската репрезентација на Франција во квалификациите светското првенство 2014 против Грузија. Тој го одиграл целиот натпревар во победата со 3-1.[90] Четири дена подоцна Погба го имал својот втор настап во друг натпревар од истите квалификации против Шпанија. Погба го започнал натпреварот против светските шампиони, но заработил жолт картон во 76-тата минута за неспортско однесување, пред да биде исклучен од игра две минути подоцна добивајќи и втор жолт картон. Својот прв гол за сениорската репрезентација го постигнал против Белорусија на 10 септември 2013 година, за време на уште еден натпревар од квалификациите за светското првенство 2014.
На 13 мај 2014, Погба се нашол на списокот од 23 фудбалери кој селекторот Дидје Дешан ги одбрал за настап на Светското првенство 2014 во Бразил.[91] Во пријателски натпревар пред почетокот на првенството игран на 27 мај против Норвешка, Погба го постигнал својот втор погодок за сениорската репрезентација, првиот за Франција во натпреварот, што завршил со победа на триколорите од 4-0.
На 15 јуни Погба го започнал првиот натпревар на Франција на Светското првенство - победа со 3-0 над Хондурас; во 43-тата минута по прекршокот на Вилсон Паласиос над него, бил покажан црвен картон за фудбалерот на Хондурас и пенал, од кој Карим Бензема ја донел Франција во водство со 1-0.[92] Тој се појавил како замена во вториот натпревар на тимот, и забележал асистенција за погодокот на Бензема во победата со 5-2 над Швајцарија.[93] Во осминафиналето, Погба го постигнал својот прв гол на светските првенства, носејќи и водство на својата репрезентација во 79-тата минута и бил избран за играч на натпреварот од страна на ФИФА,[94] во победата со 2-0 над Нигерија во Бразилија.[95] На 13 јули Погба бил избран за млад фудбалер на првенството.[96]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 26 мај 2014.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2011-2012 | Манчестер Јунајтед | ПЛ | 3 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+3 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 0+1 | 0 | КШ | 0 | 0 | 7 | 0 |
2012-2013 | Јувентус | A | 27 | 5 | КИ | 2 | 0 | ЛШ | 8 | 0 | СИ | 0 | 0 | 37 | 5 |
2013-2014 | A | 37 | 7 | КИ | 0 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 6+8 | 0+1 | СИ | 1 | 1 | 51 | 9 | |
2014-2015 | A | 26 | 8 | КИ | 4 | 1 | ЛШ | 8 | 1 | СИ | 1 | 0 | 41 | 10 | |
2015-2016 | А | 35 | 8 | КИ | 5 | 1 | ЛШ | 8 | 1 | СИ | 1 | 0 | 49 | 10 | |
Вкупно Јувентус | 124 | 28 | 11 | 2 | 40 | 3 | 3 | 1 | 178 | 34 | |||||
2016-2017 | Манчестер Јунајтед | ПЛ | 7 | 1 | ФАКуп+ЛК | 0 | 0 | ЛЕ | 3 | 2 | КШ | - | - | 10 | 3 |
Вкупно Манчестер Јуанјтед | 10 | 1 | 3 | 0 | 4 | 2 | 0 | 0 | 17 | 3 | |||||
Вкупно во кариерата | 134 | 29 | 14 | 2 | 44 | 5 | 3 | 1 | 195 | 37 |
Титули
уредиКлупски
уредиМанчестер Јунајтед
уреди- Y ФА куп за млади : 2010-11
- Лига куп (1) : 2016-2017
- Лига Европа (1) : 2016-2017[97]
Јувентус
уреди- Серија А (4) : 2012-13, 2013-14, 2014-15, 2015-16
- Суперкуп на Италија (2) : 2013, 2015
- Куп на Италија (2) : 2014-15, 2015-16
Репрезентација
уреди- Светско првенство за играчи под 20 години (1) : 2013
- Светско првенство (1) : 2018[98]
Поединечни
уреди- Браво награда : 2014
- Добитник е на Браво наградата за 2014 година. Со тоа станал вториот французин кој ја добил оваа награда по Карим Бензема во 2008 и третиот фудбалер на Јувентус по Масимо Бонони во 1983 и Алесандро Дел Пјеро во 1996 година.
- Златно момче : 2013[99]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 juventus.com (уред.). „Pogba Paul“. Архивирано од изворникот на 2015-06-26. Посетено на 11 септември 2013.
- ↑ Photos Paul Pogba at the FIFA U-20 World Cup Turkey 2013
- ↑ Stefano Chioffi (20 февруари 2012). „Pogba già prenota un posto nella Juve“. corrieredellosport.it. Архивирано од изворникот на 2013-04-13. Посетено на 10 април 2012.
- ↑ „Manchester United "vole Paul POGBA" au HAC“. US Torcy (француски). 31 јули 2009. Посетено на 2 август 2010.
- ↑ „Dernière journée des demi-finales“ (француски). French Football Federation. 29 May 2009. Посетено на 23 април 2011.
- ↑ „Arsenal, Liverpool chasing Le Havre kid Paul Pogba“. Tribal Football (француски). 3 декември 2008. Архивирано од изворникот на 2009-05-18. Посетено на 2 август 2010.
- ↑ Bartram, Steve (7 October 2009). „Pogba deal approved“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 6 March 2014.
- ↑ Hibbs, Ben (10 October 2009). „U18s: Crewe 2 United 1“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 6 March 2014.
- ↑ The Official Manchester United Yearbook 2010. Manchester United. 2010. стр. 195.
- ↑ Coppack, Nick (7 May 2010). „U18s lose semi shoot-out“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 6 March 2014.
- ↑ Hibbs, Ben (6 April 2010). „U18s complete Italian job“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 2 August 2010.
- ↑ Bartram, Steve (2 November 2010). „Reserves: Bolton 1 United 3“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 6 September 2011.
- ↑ Bostock, Adam (10 January 2011). „FAYC: United 3 Portsmouth 2“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 6 March 2014.
- ↑ Thompson, Gemma (5 February 2011). „U18s: WBA 3 United 2“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 6 March 2014.
- ↑ Bostock, A; Shaw, M (18 February 2011). „Video: Squad-list new boys“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 6 March 2014.
- ↑ Marshall, Adam (10 April 2011). „FAYC: Chelsea 3 Man Utd 2“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 23 April 2011.
- ↑ Marshall, Adam (20 April 2011). „FAYC: United 4 Chelsea 0“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 23 April 2011.
- ↑ „Blades 2–2 Man Utd – match report“. Sheffield United FC. 20 May 2011. Посетено на 19 July 2011.
- ↑ „Man Utd beat Sheffield Utd to FA Youth Cup final trophy“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 23 May 2011. Посетено на 19 July 2011.
- ↑ Marshall, A; Sharrock, D (12 August 2011). „Boss set to promote Pogba“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 12 August 2011.
- ↑ Marshall, Adam (15 August 2011). „Res: Arsenal 2 United 1“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 6 September 2011.
- ↑ Marshall, Adam (25 August 2011). „Res: Utd 6 Swansea 0“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 6 September 2011.
- ↑ Marshall, Adam (19 September 2011). „Pogba primed for Leeds chance“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 19 September 2011.
- ↑ Lyon, Sam (20 September 2011). „Leeds 0–3 Man Utd“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 20 September 2011.
- ↑ Magowan, Alistair (25 October 2011). „Aldershot 0-3 Man Utd“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 6 March 2014.
- ↑ Johnston, Neil (31 January 2012). „Man Utd 2-0 Stoke“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 6 March 2014.
- ↑ Magowan, Alistair (15 March 2012). „Athletic Bilbao 2-1 Man Utd (agg 5-3)“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 6 March 2014.
- ↑ „Ferguson: "Pogba me razočarao"“. sportske.net. 15 март 2012. Архивирано од изворникот на 2014-08-27. Посетено на 6 март 2014.
- ↑ No. 10 left empty by Juve; Paul Pogba wears no. 6
- ↑ „Fighting spirit shines through in Geneva“. juventus.com. Juventus FC. 1 August 2012. Посетено на 4 August 2012.
- ↑ „Juventus 2–0 Chievo Verona“. ESPN. 22 September 2012. Посетено на 1 November 2012.[мртва врска]
- ↑ „Juventus 2–0 Napoli“. ESPN. 20 October 2012. Посетено на 1 November 2012.[мртва врска]
- ↑ Супер резерви Касерес и Погба
- ↑ „Juventus 2–1 Bologna“. ESPN. 31 October 2012. Архивирано од изворникот на 2012-11-12. Посетено на 1 November 2012.
- ↑ „Paul Pogba gives Bologna a fright night to spark the superlatives in Italy“. Guardian Media Group. 1 November 2012. Посетено на 1 November 2012.
- ↑ Прекрасниот гол на Погба против Удинезе
- ↑ Riccardo Pratesi (5 мај 2013). „Juventus, scudetto bis: 1-0 sul Palermo. Conte sale ancora sul tetto della Serie A“. gazzetta.it.
- ↑ Maurizio Nicita (18 август 2013). „Supercoppa, Juventus super: 4-0 alla Lazio con gol di Pogba, Chiellini, Lichtsteiner e Tevez“. gazzetta.it.
- ↑ Торино 0-1 Јувентус
- ↑ „Pogba: 2013 was a golden year!“. Football Italia. 4 December 2013.
- ↑ PSŽ nudi 70 miliona evra za Pogbu
- ↑ Riccardo Pratesi (20 февруари 2014). „Europa League, Juventus-Trabzonspor 2-0, Osvaldo e Pogba a segno“. gazzetta.it.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-04-06. Посетено на 2014-05-16.
- ↑ „Јувентус го освои третото скудето по ред откако Рома загуби во Катанија“. Архивирано од изворникот на 2014-05-07. Посетено на 2014-05-16.
- ↑ Roma-Juventus, Pogba: “Siamo forti, ma anche la Roma è una grande squadra”
- ↑ Juventus set European record of 102 points
- ↑ „Шок во Јувентус: Антонио Конте си поднесе оставка!“. sportmedia.mk. 15 јули 2014.
- ↑ „Алегри нов тренер на Јувентус“. http://a1on.mk. 16 јули 2014. Надворешна врска во
|publisher=
(help)[мртва врска] - ↑ Mathieu Corrado (20 септември 2014). „MILAN 0 – 1 JUVENTUS“. juventus-fr.com. Архивирано од изворникот на 2014-09-24. Посетено на 2014-10-20.
- ↑ „Викенд ремек делото на Погба“. idividi.com.mk. 20 октомври 2014.
- ↑ „SLUŽBENO: Pogba potpisao novi ugovor sa Juventusom“. Juvebalkan.com. 24 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2014-10-24.
- ↑ „Pogba rinnova fino al 2019“. raisport. 24 октомври 2014.
- ↑ Valerio Clari (4 November 2014). „Champions, Juventus-Olympiacos 3-2: Pirlo, autorete di Roberto e gol di Pogba“. gazzetta.it.
- ↑ Stefano Cieri (22 ноември 2014). „Lazio-Juventus 0-3: super Pogba e Tevez espugnano Roma“. gazzetta.it.
- ↑ „Paul Pogba Volleys In Sensational Goal vs Napoli“. Архивирано од изворникот на 2015-03-30. Посетено на 2015-01-25.
- ↑ „Juventus pobedio Napoli“. jelenfootbal. 11 јануари 2014.
- ↑ Fabiana Della Valle (15 јануари 2015). gazzetta.it (уред.). „Coppa Italia, Juventus-Verona 6-1. Giovinco si riprende i bianconeri“.
- ↑ B2.mk, уред. (19 јануари 2015). „Серија А, Јувентус повторно ја наполни мрежата на Верона“.[мртва врска]
- ↑ idividi, уред. (10 март 2015). „Погба за +11“. Посетено на 10 март 2015.
- ↑ JuveBalkan, уред. (19 март 2015). „Pogba odsutan 50 dana“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 21 март 2015.
- ↑ todaysport.it, уред. (9 мај 2015). „Pogba torna e fa gol. Il francese in rete col Cagliari“. Посетено на 18 мај 2015.[мртва врска]
- ↑ Stefano Cantalupi (2 мај 2015). gazzetta.it (уред.). „Sampdoria-Juventus 0-1: Vidal, è festa scudetto. La Signora cala il poker“.
- ↑ vecer.mk, уред. (13 мај 2015). „Кралот е "мртов, Јувентус е вториот финалист“. Архивирано од изворникот на 2015-05-17. Посетено на 18 мај 2015.
- ↑ Valerio Albensi (13 мај 2015). corriere dello sport (уред.). „Real Madrid-Juventus 1-1: bianconeri in finale di Champions League“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 29 мај 2015. Укажано повеќе од еден
|accessdate=
и|access-date=
(help) - ↑ Jacopo Gerna (20 мај 2015). gazzetta.it (уред.). „Juve infinita, vince la 10ª Coppa Italia: Matri piega la Lazio ai supplementari“.
- ↑ Jacopo Manfredi (20 мај 2015). repubblica.it (уред.). „Coppa Italia, Lazio-Juventus 1-2: Matri regala il decimo trofeo ai bianconeri“.
- ↑ Paolo Menicucci (6 јуни 2015). uefa.com (уред.). „Tris Barcellona, la Juve deve inchinarsi“.
- ↑ Ben Gladwell (7 August 2015). „Juventus hand Paul Pogba No. 10 shirt after Carlos Tevez exit“. ESPN FC. Посетено на 8 August 2015.
- ↑ „Official: Pogba signs for Man Utd for €105m“. Football Italia. 8 August 2016. Архивирано од изворникот на 2019-09-12. Посетено на 8 August 2016.
- ↑ „Début de parcours victorieux (4–2)“ (француски). Фудбалска федерација на Франција. 23 September 2008. Посетено на August 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Première victoire contre l'Uruguay (2–0)“ (француски). Фудбалска федерација на Франција. 28 October 2008. Посетено на August 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Victoire face à l'Italie (4–0)“ (француски). Фудбалска федерација на Франција. 1 November 2008. Посетено на August 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Premier succès face à l'Irlande (3–0)“ (француски). Фудбалска федерација на Франција. 10 March 2009. Посетено на August 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Deuxième victoire tricolore (5–2)“ (француски). French Football Federation. 12 March 2009. Посетено на August 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „La France remporte le tournoi !“ (француски). Фудбалска федерација на Франција. 31 January 2009. Посетено на August 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „La France remporte le tournoi!“ (француски). Laleu-La Rochelle FC. 26 March 2010. Посетено на 2 August 2010.[мртва врска]
- ↑ „Le joyau de Manchester“ (француски). Laleu-La Rochelle. 26 March 2010. Посетено на August 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)[мртва врска] - ↑ „Pogba proves decisive for France“. Union of European Football Associations. 21 May 2010. Посетено на August 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Wickham shoots England into final“. Union of European Football Associations. 27 May 2010. Посетено на August 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Festival offensif pour débuter (4–1)“ (француски). French Football Federation. 27 October 2010. Посетено на 3 March 2011.
- ↑ „Victoire tricolore pour conclure (2–1)“ (француски). French Football Federation. 24 March 2011. Посетено на 24 March 2011.
- ↑ „Premier succès face aux Italiens (3–1)“ (француски). Фудбалска федерација на Франција. 6 September 2011. Посетено на 6 September 2011.
- ↑ „L'Espagne s'impose à Meaux (2–1)“ (француски). Фудбалска федерација на Франција. 29 February 2012. Посетено на March 2012. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Netherlands 0–6 France“. Union of European Football Associations. 30 May 2012. Посетено на 3 July 2012.
- ↑ „France in cruise control against Serbia“. Union of European Football Associations. 3 July 2012. Посетено на 3 July 2012.
- ↑ „Spain finally see off France in semi-final shoot-out“. Union of European Football Associations. 12 July 2012. Посетено на 12 July 2012.
- ↑ „Match nul face à la Chine (0–0)“ (француски). Фудбалска федерација на Франција. 7 September 2012. Посетено на 2 October 2012.
- ↑ „La France domine la Corée du Nord“ (француски). French Football Federation. 9 September 2012. Посетено на 2 October 2012.
- ↑ „Paul Pogba désigné meilleur joueur“ (француски). L'Équipe. 13 July 2013. Посетено на 14 July 2013.
- ↑ „France rise to Group I summit with Georgia win“. UEFA. 22 March 2013.
- ↑ „France World Cup 2014 squad: Samir Nasri and Gaël Clichy left out“ (англиски). The Guardian. 13 May 2014. Посетено на 13 May 2014.
- ↑ „France 3-0 Honduras“. BBC. 15 June 2014. Посетено на 16 June 2014.
- ↑ „Switzerland 2-5 France“. BBC. 20 June 2014. Посетено на 28 June 2014.
- ↑ „FRANCE 2-0 NIGERIA“. FIFA. Архивирано од изворникот на 2014-06-29. Посетено на July 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „France 2-0 Nigeria“. BBC. 30 June 2014. Посетено на July 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Pogba wins Hyundai Young Player Award“. FIFA. 13 July 2014. Архивирано од изворникот на 2018-05-03. Посетено на 13 July 2014.
- ↑ Burt, Jason; Bull, J. J. (2017-05-24). „Ajax 0 Manchester United 2: Jose Mourinho's team make Manchester proud as they win the Europa League“. The Telegraph. Посетено на 4 August 2017.
- ↑ McNulty, Phil (15 July 2018). „France 4–2 Croatia“. BBC. Посетено на 15 July 2018.
- ↑ Vaciago, Guido (4 December 2013). „Pogba vince il Golden Boy: "Darò tutto per la Juve"“ [Pogba wins the 2013 Golden Boy award: "I will give everything for Juve"]. Tuttosport (италијански). Turin. Архивирано од изворникот на 7 December 2013. Посетено на 4 December 2013.